Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Обуките на попишувачите одлично се спроведуваат и завршуваат утре. Во одредени општини недостигаат попишувачи – во Центар, но таму најлесно ќе оди надополнувањето, потоа фалат реонски попишувачи и во Тетово, Струмица, Охрид Кичево, вели Симовски Тридневната обука на теренските попишувачи завршува утре, кога, пак, ќе почне вакцинацијата на оние кои изразиле интерес да се заштитат од ковид-19. Инаку, недоволен број на попишувачи има во општините Центар, Тетово, Струмица, Охрид, Кичево, но кусокот, како што беше најавено и од владата, ќе се надомести со ангажирање на вработените од јавната администрација и тоа со оние кои се вработени со договор за дело.…
Починати од новиот бран се четири лица, од кои три се невакцинирани, а еден пациент кој бил вакциниран со две дози, бил на возраст над 70 години и со коморбидитети Петмина пациенти од источниот регион на земјата ја загубија битката со коронавирусот во изминатите 24 часа во штипската Клиничка болница. Станува збор за пациенти од Радовиш, кочанското село Спанчево, Делчево, а две починати лица се од Штип. Во штипскиот ковид-центар денеска се хоспитализирани вкупно 53 лица, од кои 45 се во модуларната болница, а осум лица се на Кожното одделение, кои се стабилизирани по третманот во модуларната болница. Според податоците…
Вчера во 12.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат од с.Љуботен кон населба Бутел се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Е.(25) од Скопје, патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(25) од Скопје и товарно моторно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Х.М.(26) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.А., а со телесни повреди се здобиле Б.Е. и двајца сопатници од возилото „мерцедес“, Н.А.(61) и едно малолетно лице, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот…
Виетнамското здружение на производители на кафе и други организации ја повикаа Владата да ги ублажи ограничувањата за да се избегне понатамошно одложување на испораката и придружните трошоци. Долготрајниот карантин во најголемиот виетнамски град Хо Шо Мин може да нанесе нов удар врз веќе намалената глобална понуда на кафе, пренесува „Индекс“. Хо Ши Мин е централната точка на извозот на Виетнам, а градот е под строги ограничувања за патувања по зголемувањето на бројот на новозаразени со делта сојот на коронавирусот. Виетнам е голем извозник на робуста, сорта кафе кое се користи за производство на инстант кафе и некои мешавини на еспресо. Цените…
Научниците додаваат дека се потребни дополнителни анализи за да се разбере точното влијание на мутациите и да се утврди дали новиот сој има „конкурентска предност“ во однос на видот делта. Во Јужна Африка е идентификуван нов вид на коронавирус C.1.2 , а научниците велат дека истиот мутирал и тоа повеќе од сите досега познати варијанти. Освен во Јужна Африка, новиот вид на коронавирус, е пронајден и во неколку други земји, а е загрижувачки бидејќи може да биде позаразен од другите и отпорен на вакцини, пренесува новата студија на Јужноафриканскиот институт за инфективни болести. Истражувањето сѐ уште чека целосен преглед. Научниците…
Трагедијата се случила вчера попладне за време на контролниот натпревар помеѓу екипите од Лесичово и Ботево Несреќа се случи за време на фудбалски натпревар во бугарското село Лесичово, кога удрил гром и го усмртил фудбалскиот тренер Иван Ранчев (41). Итната помош можела само да констатира смрт, пренесуваат бугарските медиуми. Трагедијата се случила вчера попладне за време на контролниот натпревар помеѓу екипите од Лесичово и Ботево, кога прво почнал да врне силен дожд, а потоа удрил и гром, пренесува порталот „Новините“. И во еден играч удрил гром, но тој, за среќа, преживеал.
Драстичен пад бележат Црн Дрим кај Ложани, Струмица кај Ново Село, Лепенец кај Скопје и Треска кај Македонски Брод. Нивоата на повеќето реки во земјава се под просекот за август, покажуваат денешните хидролошки мерења. Драстичен пад бележат Црн Дрим кај Ложани, Струмица кај Ново Село, Лепенец кај Скопје и Треска кај Македонски Брод. Според УХМР, водостојот на Преспанско Езеро два сантиметра под апсолутниот минимум.
Според Претседателот на БДС, ова ќе претставува и своевиден референдум на Бошњаците во Република Северна Македонија. Централниот одбор на Бошњачкиот Демократски Сојуз донесе одлука дека партијата со сиот свој капацитет ќе делува и настапува самостојно на претстојните локални избори. Според Претседателот на БДС, господинот Мунир Колашинац, овој настап на локалните избори ќе претставува своевиден референдум на Бошњаците во Република Северна Македонија. “Чест и задоволство ми е да ја известам јавноста и нашите гласачи дека донесовме одлука да настапиме самостојно на претстојните локални избори. Централниот одбор на БДС силно ја поддржа одлуката и сме навистина горди што за прв пат во…
Оттука, целосно е лажна информацијата дека ќе се гради објект за домување од 32 метри. Општина Карпош избриша четири маркици за згради на државно земјиште во Деталниот урбанистички план за Градска четврт З 06, Блок З 06.09 (делот околу гимназијата „Здравко Цветковски“), кој денеска е на Дневен ред на седницата на Совет, соопштија денеска од општината. Имено, со новиот ДУП се бришат две згради предвидени за градба на државно земјиште и истите добиваат намена – парковско зеленило. Односно, ако претходниот ДУП планираше две маркица за објекти за домување – А2 (П+5+ПК и П+6+ПК) денеска парцелите добиваат намена Д1 – парковско…
Вечерашниот настан е од отворен карактер, влезот е бесплатен, меѓутоа ќе се одвива според пропишаните мерки и протоколи за време на пандемија Триесетина поети од земјава и од странство вечера ќе имаат поетско читање во Музејот на современа уметност во 21:30 часот. Со тоа и официјално ќе заврши 60-то издание на меѓународниот поетски фестивал. Годинешната добитничка на „Златниот венец“, британската поетеса Керол Ен Дафи, поради пандемијата не присуствуваше на фестивалот, меѓутоа го најави своето присуство за следната година. Наградата „Браќа Миладиновци“ ја доби поетесата Лидија Димковска за збирката „Гранична состојба“, додека наградата „Мостови на Струга“ му беше врачена на српскиот…
Со помош на кучиња душкачи и припадници на грчката Независна служба за јавни приходи, на граничниот премин Евзони, во камион што во Грција влегол од Северна Македонија, биле откриени 90,5 килограми канабис, јави дописничката на МИА од Атина. Суровиот канабис, според грчките медиуми, бил спакуван во 88 пакувања скриени во петте резервните гуми под камионот.
Селекција на кандидатите за попишувачи е во тек и очекуваме да заврши до крајот на денот. Списоците ги проверуваме, податоците се внесуваат во базата и тоа ќе потрае – вели Симовски. Во тек е селекција на кандидатите за попишувачи за претстојниот Попис 2021, кој треба да почне на 5 септември. Од пријавените 7.532 кандидати, треба да бидат одбрани околу 5.050 лица за реонски попишувачи. Директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски вели: – Селекција на кандидатите за попишувачи е во тек и очекуваме да заврши до крајот на денот. Списоците ги проверуваме, податоците се внесуваат во базата и…