Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
На Косово се регистрирани двајца заболени со делта сојот на коронавирусот, објави денеска косовското Министерство за здравство. „Од вкупно 22 позитивни примероци испратени до Институтот за вирусологија на Универзитетската клиника „Шарит“ во Берлин, варијантата делта на САРС-КоВ-2 беше идентификувана во два примерока“, соопштија од Министерството. Двајцата заболени кои пројавиле симптоми на болеста, веќе оздравеле.
Во Загреб во тек e нова голема операција на УСКОК и полицијата, во која досега се уапсени пет лица, меѓу кои се и неколку познати имиња на јавноста. Според хрватските медиуми, уапсен е и генералниот директор на јавниот сервис на ХРТ, Казимир Бачиќ. Апсењата се поврзани со сомневања за кривични дела извршени за време на поранешната градска администрација во Загреб, на крајот на минатата и во првата половина од оваа година. Приведени се, наводно, и други познати личности: Здравко Краина, Денис Мохенски, Андреја Шулентиќ, Јелена Чеклиќ и Владимир Џаја. Со соопштение се огласија и од Град Загреб. „Утрово во 6:00…
Сертификатот за прележан Ковид-19, којшто од денеска може да се издава преку Националниот систем Мој Термин, ќе може да го добијат сите лица кои во последните 9 месеци биле позитивни на Sars-Cov-2 и се регистрирани како позитивни случаи. Тоа значи дека и граѓаните кои досега не примиле вакцина против Ковид-19, а ја прележале болеста најмногу пред 9 месеци, ќе може со овој документ, на кој сега е ставен и QR-кодот, да влезат во Грција или во друга земја којашто го признава овој услов за влез. На пример, лице од земјава кај коешто на 1. октомври минатата година бил дијагностициран Ковид-19,…
Ќе се забрза темпото на имунизација на населението против Ковид-19, па се планира да се вакцинираат и по 15.000-20.000 граѓани на ден, откако во земјата пристигнаа половина милион вакцини на „Синовак“ и 108.000 дози на „Фајзер“. Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека за две недели, до 15 јули, се очекува да бидат вакцинирани околу половина милион граѓани, кои изразиле заинтересираност за вакцинација на Мој Термин. Надлежните во Управата за електронско здравство Мој Термин велат дека деновиве се зголемува интересот за вакцини кај граѓаните. – Иако нема драстично зголемен интерес, константно расте бројот на заинтересирани граѓани за вакцина, па се…
Со минимални 1:0 Белгија го елиминираше актуелниот европски првак Португалија во осминафиналето на ЕУРО 2020. Голот од голема далечина го постигна Торган Азар во 42.минута. Иако Португалците беа подобри од Белгија, не ја затресоа мрежата на Куртоа, а Белгија со единствениот конкретен удар на натпреваротм стаса до победа. Во четвртфиналето Белгија ќе игра со Италија, која вчера со 2:1 ја елиминираше Австрија по продолженијата.
Чешкиот претседател, Милош Земан, изјави дека трансродовите луѓе му биле „одвратни“, коментирајќи го унгарскиот закон со кој се забранува ЛГБТ-материјалот во училиштата. – Ако се подложите на операција за промена на полот, во основа вршите кривично дело „самоповредување“, изјавил Земан, пренесуваат европските медиуми. „Секоја операција е ризик и овие трансродови луѓе ми се одвратни“, нагласил тој. „Виктор Орбан рече дека не е против хомосексуалците, но дека е против манипулацијата со родителите и децата во врска со сексуалното образование, затоа, не гледам причина да не се согласувам со него, затоа што ме нервираат феминистките, движењето „И јас“ и „Прашката парада на…
Костадин Костадинов, пратеникот од СДСМ од Струмица, преку својот Фејсбук профил обелодени дека за време на неговиот мандат како пратеник, не потрошил народни пари – ниту за патни трошоци, ниту за службен телефон, ниту за закуп на стан. „Искрениот пристап кон вас што ме плаќате продолжува и никогаш нема да се смени дури ја имам честа од вас, граѓаните на Струмица, да бидам во политиката. Во овој мандат Коста Костадинов има потрошено од парите на граѓаните. Нула денари за патни трошоци! Нула денари за службен телефон! Нула денари закуп за стан! Ако се сака се може“, напиша на Фејсбук Костадинов.
Имаме инвестиции, насекаде, но имаме и една во последните неколку месеци и една инвестиција која се случува близу Собранието, тоа е инвестиција во гуртни, во блокови, во кочници, на нив стои амблемот на ВМРО-ДПМНЕ и ликот на Христијан Мицкоски , а на амбалажата пишува „Најголеми кочници на светот“ порача претседателот Зоран Заев на трибината во Дебар. Тој се надоврза на обраќањето на пратеничката на СДСМ, Белкиса Зеќири ,која ги наведе блокадите што ВМРО-ДПМНЕ се обидува да и ги направи на државата. „Но и тие кочници ќе ги разбиеме, затоа што сме паметни и искрени во намерите. Не може да ги…
Решивме, бидејќи сакаме, знаеме и можеме да не инвестираме во споменици, туку во патиштата за да ги задржиме луѓето овде, за да го направиме животот полесен и подобар, за да донесеме нови инвестиции, порача членот на Извршниот одбор на СДСМ, Благој Бочварски. на трибината на СДСМ која, под мотото “Најдоброто за нашата општина” се одржа во Дебар. Тој рече дека во Дебар е изграден новиот булевар, а во тек е рехабилитација на клучниот патен правец од Маврови Анови до Жировница, кој досега не бил допрен, рехабилитиран е патот од Лазарополе до Гарски мост, а во план е рехабилитација на правецот…
Исланд ги укинува сите епидемиолошки мерки откако 87% од населението постаро од 16 години прими барем една доза од вакцината против Ковид-19. На Исланд, каде живеат околу 369.000 луѓе, досега се пријавени 6.637 случаи на инфекција, а од почетокот на пандемијата починаа вкупно 30 лица. Околу 48% од лицата над 16 години се вакцинирани со две дози, што ја изедначува земјата со Велика Британија, а има малку поуспешна кампања за вакцинација од САД. Сите анти-епидемиски мерки беа официјално укинати вчера, со што Исланд стана првата европска земја што ги укина целосно. „Одлично е што вакцинацијата се случува толку брзо и…
Во „Пушкаш Арена“ во Будимпешта селекцијата на Чешка денеска ја елиминираше селекцијата на Холандија со 2:0, која беше еден од фаворитите за освојување на првото место на првенството. Со оваа победа Чешка влезе во најдобрите осум европски репрезентации и ќе игра со Данска во следната фаза. Вечерашниот натпревар Белгија – Португалија ќе го донесе четвртиот учесник во четвртфиналето.
„Супертрејд“ остро реагира и ги отфрла невистините и манипулативните тези, пласирани во прилогот, со наслов „КОД: Мазутот од Супертрејд за РЕК Битола со повеќе вода и суплементи, откри инспекторатот“ емитуван денеска во вестите и во емисијата КОД, на телевизија Телма во сопствeност на нашиот конкурент „Макпетрол“. Непочитувајќи ги основните новинарски начела да се слушне и втората страна, прилогот изобилува со лаги, смислени тези се со цел да се наруши угледот на „Супертрејд“. Неточна е информацијата дека во анализите извршени на мазутот што го увезува „Супертерјд“ е пронајдено пепел и вода. Maзутот увезен од „Супертрејд“ и дистрибуиран, до крајниот потрошувач во…