Author: НОВА ТВ Balaban

Aктуелниот договор за гориво сеуште не е исцрпен, односно има важност до 05.06.2022 година. Градот Скопје навреме ја почна процедурата за нов договор, кој е потпишан, со што се обезбедува континуирано и редовно снабдување со гориво на градските служби и Противпожарната бригада, велат од Град Скопје.  Градот Скопје ги демантира лажните информациите пласирани во јавноста дека Противпожарната бригада е без гориво. – За точно информирање на јавноста, сакаме да истакнеме дека актуелниот договор за гориво, сеуште не е исцрпен, односно има важност до 05.06.2022 година. Градот Скопје навреме ја почна процедурата за нов договор кој е потпишан, со што се…

Read More

На пожарот се интервенира и од воздух со хеликоптер на МВР, а од страна на TAV Maкедонија пуштена е цистерна со пена. Интервенираат и пожарникари од Тетово, Гостивар, Кичево и Скопје, како и екипи со ПП возила за хемиско гаснење од ТАВ Македонија и лица од ДЗС Тетово и ДЗС Гостивар. Поради големиот пожар кој избувна претпладнево во фабриката на влезот во градот Тетово, квалитетот на воздухот е значително влошен. Од општина Тетово и СВР Тетово апелираат до граѓаните да не излегуваат без потреба од своите домови. Најпогодени се оние со белодробни васкулари и срцеви заболувања, кои денеска треба да…

Read More

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа дека заштитното стакло под кое се наоѓа ремек-делото се претпоставува дека е премачкано со шлаг. Во Лувр маж во инвалидска количка фрлил парче торта на „Мона Лиза“ на Леонардо да Винчи, објави „БФМТВ“, пренесува „Раша тудеј“. Инцидентот се случил вчера, пренесува „Марка“. Маж со перика, којшто пристигнал во инвалидска количка, се обидел да ја оштети работата на Леонардо да Винчи. Сликата е зачувана со заштитно стакло. На социјалните мрежи се појави видео на кое се забележува дека заштитното стакло под кое се наоѓа ремек-делото, се претпоставува дека е премачкано со…

Read More

Тие имаа лесни симптоми на труење со чад и поради тоа проблеми со дишењето и веднаш ги ставивме на кислородна поддршка, а добија и терапија со аминофилин. Сите тројца се во стабилна здравствена состојба и вон животна опасност, изјави за НоваТВ, д-р Насер Ќафјани, кардиолог и началник на интерното одделение. Тој апелира тетовци да не излегуваат од дома, бидејќи фабриката којашто гори произведувала средства за изолација, колку што е познато, а тие материи се канцерогени кога горат.  Три лица со симптоми на труење со чад се примени денеска во тетовската Клиничка болница и се ставени на кислородна поддршка, по големиот…

Read More

Секоја година се дијагностицираат нови 80-120 пациенти.  Имено, повеќе од 50 пациенти се на листата на чекање за примање на високоефикасна терапија. Овие лица се млади, работоспособни кои се уште можат да го дадат својот придонес во општетсвото, но ако и понатаму останат без терапија согласно природата на самата болест постои ризик за прогресија и појава на неповратен инвалидитет, предупредија од Националното здружение за мултиплекс склероза.  Со марш во центарот на Скопје, Националното здружение за МС денеска го одбележа Светскиот ден на мултиплекс склероза (МС) под мотото „Заедно поврзани„. Претседателката на здружението, Ана Карајанова Димитрушева, изјави: – Континуираното ажурирање на…

Read More

Авионот бил пронајден денеска во 10:50 часот на брдовитото подрачје на Брочанц, кое е само 10 минути оддалечено од последните куќи. Потрагата по авионот којшто исчезна кај Слуњ, како што се чини, завршила денеска околу 11 часот. Како што објавува Јутарњи лист, едниот летачки тим којшто со дрон го пребаруваа пошироко подрачје на Брочанц јавил: “Го пронајдовме” Тоа во базата било јавено преку радио врска, на што биле сведоци новинарите кои се на истиот терен, но со друга летечка екипа. Авионот бил пронајден на брдовито подрачје, а во базата било јавено и за точните координати на локацијата. „Гледам делови на…

Read More

Возачот на Ред Бул, Серхио Перез победи на седмата трка од шампионатот во Формула 1, возена попладнево за Големата награда на Монако. Шпанецот од Ферари, Карлос Саинц го освои второто место, додека Холанѓанецот Макс Верстапен од Ред Бул, кој е актуелен светски шампион од Ред Бул, заврши на третото место. Бодови освоија уште и: Шарл Леклер (Ферари), Џорџ Расел (Мерцедес), Ландо Норис (Мекларен), Фернандо Алонсо (Алпин), Луис Хамилтон (Мерцедес), Валтери Ботас  (Алпин) и Себастијан Фетел (Астон Мартин). Трката во Монако во повеќе наврати беше прекинувана поради излетувања на болиди како последица на лизгавата патека од дождот. Во Генералниот пласман лидер…

Read More

ХГС С на Твитер објави дека во моментов во потрагата по спортскиот авион учествуваат 35 припадници на полицијата и 83 припадници на ХГС С, меѓу кои и седум тимови за пребарување кои користат кучиња. Пилотот на спортскиот авион „Цесна“, кој денеска исчезна од радарот по полетувањето од Сплит кон Германија, е швајцарски државјанин, додека двајца патници се германски државјани, а едно лице е хрватски државјанин, покажуваат податоците на полицијата. Шефот на полициската управа во Карловац, Дарко Братиќ, изјави дека оваа информација полицијата ја добила во најавата за летот од регионалната контрола на летот во Сплит. Началникот на Хрватската планинска спасувачка…

Read More

Министерот за финансии Фатмир Бесими, попладнево прими делегација од Светска банка предводена од потпретседателката на Групацијата на Светска банка за регионот Ана Бјерде. Средбата, на која присуствуваа и регионалната директорка за Западен Балкан Линда Ван Гелдер, новиот регионален директор за Западен Балкан Шиаочин Ју и претставникот на СБ во земјава Масимилијано Паолучи, се одржа во пресрет на Втората годишна конференција на Министерството за финансии која почнува утре во Скопје. На средбата соговорниците се осврнаа на влијанието на актуелната енергетска и ценовна криза и војната во Украина, при што од страна на министерот беа напоменати мерките и политиките што ги презема…

Read More

Во периодот што следи ќе биде извршена детална проверка на сите градби кои се направени во минатото, за да се утврди дали можат да одговорат на временските неприлики, најави градоначалникот Ѓорѓиевски.  Екипи од ЈП Улици и патишта интервенират во расчистување на разрушениот потпорен ѕид на бул. „Борис Трајковски“ во населба Пинтија Денеска екипите на ЈП Улици и патишта – Скопје со брза интервенција веднаш по настанатото оштетување на паднатиот потпорен ѕид на булеварот „Борис Трајковски“ на семафорите во населба Пинтија, вршат негово расчистување. Се работи за разрушен потпорен ѕид во должина од над 30-тина метри, а причина за негово оштетување…

Read More

Владејачката ДУИ купила нов партискиот недвижен имот – веќе изградена деловно-административна зграда лоцирана во центарот на Тетово, во кругот на „Телеком“, пишува неделникот Фокус     во најновиот број. Објектот располага со приземје и 3 ката, со габарит од 452 квадратни метри, а внатрешната површина 1.423 квадратни метри, а земјиштето се уште се води дека е во сопственост на државата. Бејтула Адеми, прв човек на финансискиот оддел на ДУИ, изјавил дека партијата подигнала банкарски кредит од околу 900.000 евра, со рок на враќање од 7 години. Еден од претходните сопственици на зградата била една од најуспешните градежни компании во Македонија, АК-Инвест.

Read More

По обилните врнежи од дожд коишто денеска попладне го зафатија и главниот град, во скопската населба Пинтија, на булеварот Борис Трајковски, се урна потпорен ѕид. Притоа беше  урнато и дел од уличното осветлување на булеварот, па за сообраќај привремено беа затворени трите коловозни ленти. На терен се екипи на полицијата кои го регулираат сообраќајот. Се препорачува внимателно возење.

Read More