Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Ако камион со лубеници од Албанија треба да патува кон Србија ќе биде проверен еднаш или ниеднаш. Ако на тој камион му требале 30 часа да ги мине сите процедури и контроли и гранични точки, сега тоа се прави далеку побрзо и поефикасно, за само неколку часа”, изјави Марјан Забрчанец „Отворен Балкан“ е регионална иницијатива за соработка за да си го направиме подобар животот, пред се преку слободен проток на луѓе, стоки и услуги. Станува збор за подобри односи помеѓу самите држави. Да илустрирам со пример, камионите кои транспортираат одредена стока не чекаат долго по граници и на контролни пункови,…
На 27.05.2022 во 10.00 часот било пријавено дека во двор од фабрика во с.Враништа, струшко, во близина на електричeн ормар, е пронајден починат вработениот Д.Р. (59) од с.Враништа, најверојатно од струен удар. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга, Трудов инспектор, вештак по електротехника и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.
Најмалку 31 лице загина денеска во Нигерија при стампедо пред црква во јужната држава Риверс, изјави портпаролката на полицијата, Грејс Ајринџ-Коко. Стотици луѓе кои рано утринава дојдоа во црквата за да добијат храна ја скршија капијата, што предизвика стампедо, рече Иринге-Коко, пренесе Ројтерс. „Луѓето доаѓаа порано, а некои станаа нетрпеливи… што доведе до газење. Полицијата е на терен и ја следи ситуацијата додека трае истрагата“, рече таа.
Со 69 гласа, за претседател на Собранието на ДПМ е избрана Кристина Николовска, а за Претседателството на ДПМ се избрани: Весна Мојсова-Чепишевска, Васил Тоциновски, Зоран Анчевски, Јулијана Величковска, Славчо Ковилоски, Лилјана Пандева, Владимир Мартиновски, Александра Јуруковска и Марина Мијаковска. Писателот Христо Петрески е нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија. На денешното Изборно собрание на ДПМ тој доби 56 гласови – осум повеќе од неговиот противкандидат Живко Грозданоски и ќе ја води писателската асоцијација во наредните четири години. Со 69 гласа, за претседател на Собранието на ДПМ е избрана Кристина Николовска, а за Претседателството на ДПМ се избрани: Весна…
Македонската машка одбојкарска репрезентација го претрпе првиот пораз во второто коло во рамки на групата А од Европската сребрена лига, откако попладнево во неизвесен натпревар загуби на гостински терен од Романија со 3-2. Романците ги решија во своја корист првите два сета (25-22, 25-17), но македонските ракометари возвратија со иста мера (25-23, 25-19) и водеа во решавачки петти сет со 9-8, но противникот врза три поени во серија и го доби сетот со 15-13. Следен противник на македонските одбојкари ќе биде Албанија в среда во Скопје, по што следува реваншот на гостински терен идната сабота.
Во панел дискусијата тој потенцираше дека во нашата земја жената како човечки капитал не е ставена во функција на економски раст и развој бидејќи половина од работоспособното женско население воопшто не се наоѓа на пазарот на труд. Ситуацијата во која се наоѓаат бизнисите е исклучително тешка и неизвесна, економските оператори немаат резерви со кои би можеле да ја одржуваат нарушената ликвидност, бидејќи кризата со која се соочуваме трае многу долго, а предизвиците се надоврзуваат еден на друг. За да се постигне баланс и надминување на предизвиците деловните субјекти мора да реагираат претприемачки, односно да бараат нова шанса во секој проблем,…
Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц побараа денеска од рускиот претседател Владимир Путин да ослободи 2.500 украински борци заробени во фабриката за челик Азовстал во Мариупол. „Претседателот на Републиката и германскиот канцелар побараа ослободување на околу 2.500 бранители на Азовстал, воени заробеници од страна на руските сили“, соопшти француското претседателство по телефонскиот разговор меѓу тројцата лидери.
На 56- годишна возраст почина поранешниот албански претседател Бујар Нишани, кој поради постковид компликации беше префрлен на лекување во Германија. Според извори на весникот Тема, лекарите сугерирале еутаназија, како крајно решение по што бил исклучен од апарати. Семејството на Нишани отпатувало за Германија за да даде согласност за тоа. По инфекцијата со Ковид-19 тој беше хоспитализиран во Инфективната клиника во Тирана, но по влошената состојба на 23 април беше префрлен во Германија за поспецијализиран третман. Роден е на 29 септември 1966 а претседател на Албанија беше во периодот 24 јули 2012 до 24 јули 2017. Во владите на демократите, чиј…
Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно информацијата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), превентивно апелира и препорачува на граѓаните во земјава од попладнево викендов да избегнуваат локално движење во и покрај суводолици и други стари корита – водотеци, како и во долови по коишто се слевале порано порои од обилни дождови, информираа од ЦУК. Концентрацијата на врнежи на одреден простор е со голема веројатност можна во делови на земјава, проследено со силно локално невреме. Постои голема можност да биде голема и опасна поројната вода по околината таму каде што ќе зафати поројниот дожд што се предвидува да падне во…
Не знаеме дали само го гледаме врвот на ледениот брег, односно дали има уште многу случаи кои не се откриени, истакна Брајан на вчерашниот брифинг. Шефот на одделот за пандемија при Светската здравствена организација (СЗО), Силви Брајан, вели дека „невообичаеното“ ширење на вирусот на мајмунските сипаници може лесно да се спречи со правилни мерки. СЗО предупредува дека 200 случаи на мајмунски сипаници регистрирани во изминатите недели во светот, надвор од земјите каде што често циркулира вирусот, би можеле да бидат само почеток, пишува лондонскиот дневен весник „Гардијан“. – Не знаеме дали само го гледаме врвот на ледениот брег, односно дали…
На новинарско прашање за тоа како тој гледа на она што вчера го објави првиот регулатор во врска со општините кои формирале јавни претпријатија и преку нив наместо на слободниот на слободниот пазар стигнале до користењето на електрична енергија по поевтина цена за улично осветлување и дали тоа според него има основа тоа да го прави локалната самоуправа, дали може да се толкува дека на некој начин го злоупотребиле, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, рече дека тука нема ништо спорно туку јавните претпријатија на општините ќе се грижат за јавното осветлување, тие се тие кои што ќе стопанисуваат а парите ќе ги вложуваат…
Голем број граѓани, меѓу кои и вработени во градската администрација, вчера ја покажаа својата хуманост и солидарност, и даруваа крв во крводарителската акција што се одржа во просториите на Град Скопје, информираа од Град Скопје. Крвта е секојдневно потребна за да се спасат и да се продолжат многу животи, а во тоа помагаат хуманите граѓани – крводарители кои се вклучуваат во овие акции и несебично даруваат крв. Оваа акција се реализираше во соработка со Црвениот крст.