Author: НОВА ТВ Balaban

Времето денеска ќе биде сончево, во источните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната од 29 до 36 степени целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 33 степени. Од утре до недела подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на топол бран и во поголем дел ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.…

Read More

Буџетскиот дефицит е планиран на ниво од 42,7 милијарди денари, односно 5,3% од БДП, што е пониско во однос на минатата година. Собранието, со 61 глас „за“ го усвои предлог-ребалансот на буџетот за 2022 година. Вкупните приходи во Буџетот за 2022 година се утврдени на ниво од 245,8 милијарди денари, додека вкупните расходи на 288,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е планиран на ниво од 42,7 милијарди денари, односно 5,3% од БДП, што е пониско во однос на минатата година. Со ребалансот се обезбедуваат средства за раст на пензиите, ранливите категории на граѓани, раст на платите во одделни дејности во јавниот…

Read More

Сопругата на поранешниот премиер, Никола Груевски, Боркица Груевска, пред Основниот граѓански суд во Скопје поднела барање за развод, објави Фокус. Судскиот оглас е објавен јавно во Службен весник, бидејќи Груевски не е достапен, па се информира на овој начин. „Пред Основниот граѓански суд во Скопје е поднесена тужбата од тужителката Боркица Груевска од Скопје, против тужениот Никола Груевски од Скопје, со непозната адреса, за развод на брак, со вредност на спорот 20.000 денари“, се вели во огласот. За привремен застапник на Груевски е назначена Габрилеа Јакшевски, адвокат од Скопје. Фотографијата од огласот осамна попладнево на социјалните мрежи.  Барањето за развод…

Read More

Огромен дел од Англија, од Лондон на југ до Манчестер и Лидс на север, е под првото предупредување за „екстремна“ топлина во земјата, што значи дека дури и здравите луѓе се во опасност од смрт. Во Чарлсвуд, Велика Британија, денеска е регистрирана досега највисоката температура од 39,1 Целзиусови степени и се очекува дополнително да се зголеми, соопшти локалната метеоролошка служба. Највисоката температура претходно забележана во Британија беше 38,7 степени Целзиусови, рекорд поставен во 2019 година. Највисоката температура некогаш забележана доаѓа во време кога земјата е зафатена од горештини што минатата недела ја зафатија и континентална Европа. Огромен дел од Англија, од Лондон на…

Read More

Пожар избувнал во приватен хеликоптер на атинскиот аеродром кусо пред полетувањето, а пилотот успеал навреме да го напушти хеликоптерот и да се спаси, според првичните неофицијални информации, јави дописничката на МИА од Атина. Причината за пожарот засега не е позната, очевидци за грчките медиуми велат дека хеликоптерот почнал да полетува, но на само неколку метри паднал и се одвоил задниот дел. Пилотот, со возило на брза помош бил пренесен во болница.

Read More

Денот низ фотографии во Брисел Огромно е задоволството што после 17 години чекање, денес конечно ги отпочнуваме преговорите. Отвораме нови перспективи за државата и за граѓаните и полека но сигурно се приклучуваме кон големото европско семејство, што е наша приоритетна стратешка цел децении наназад, изјави Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, кој заедно со премиерот на Албанија, Еди Рама, утрово во Брисел имаа заеднички состанок со Претседателката на европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, и со премиерот на Чешка, Петр Фиала, како претставник од чешкото претседателство. Ковачевски упати искрена благодарност, како што рече, до сите наши пријатели…

Read More

Општинскиот суд во Добој го осуди директорот на тамошната болница, Младен Гајиќ на десет месеци затвор, со процена дека тоа е соодветна санкција со оглед на тоа што претходно не бил казнет Директор на болница во Босна и Херцеговина е осуден на 10 месеци затвор бидејќи за време на пандемијата на коронавирус набавил несоодветна заштитна опрема за медицинскиот персонал, купувајќи им очила за заштита од заварување, наместо наменети за контакт со заразени пациенти. Општинскиот суд во Добој го осуди директорот на тамошната болница, Младен Гајиќ на десет месеци затвор, со процена дека тоа е соодветна санкција со оглед на тоа…

Read More

Започнале меѓусебно да се борат и паднале на земја, по што првоосомничениот се обидел да испука со пиштолот во оштетените, додека второосомничениот за цело време го охрабрувал да пука. Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, на возраст од 32 и 31 година, од кои првиот е осомничен за кривично дело – Убиство од  член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, додека вториот е осомничен за поттикнување да го изврши делото. На 17 јули, во раните утрински часови, во магацински простории на дискотека во Струмица, првоосомничениот со…

Read More

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 15.07 до 17.07.2022): Направени се 2.466 тестови, а регистрирани се 899 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 470, Битола – 75, Кавадарци – 50, Прилеп – 40, Куманово – 39, Охрид – 31, Гостивар – 27, Тетово – 25, Велес – 23, Струмица – 22, Кичево – 16, Штип – 13, Струга – 10, Неготино – 9, Ресен и Кратово – по 8, Гевгелија – 6, Кочани и Валандово – по 5, Македонски Брод – 4, Крива Паланка и Демир Хисар – 3,…

Read More

По објавата на документарната емисија „Нечиста крв„  од Јавното обвинителство за НоваТВ потврдуваат дека веќе оформиле предмет по допрен глас, предвиден во Законот за кривична постапка. Јавен обвинител ќе ги проверува наводите од кои произлегуваат индиции за кривични дела против здравјето на луѓето. – Веднаш по објавата на наведената документарна емисија, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет врз основа на инструментот на допрен глас, предвиден во Законот за кривична постапка. Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител кој ќе преземе дејствија за проверка на наводите од кои произлегуваат индиции за кривични дела против здравјето на луѓето, ни одговорија од ОЈО.…

Read More

 Министерството за надворешни работи вечерва го достави Протоколот што денеска е потпишан во Бугарија од страна на министерот Бујар Османи и бугарската колешка Теодора Генчовска. Протоколот го објавуваме интегрално, а може да го отворите и на следниот линк ПРОТОКОЛ од Вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија, формирана врз основа на членот 12 од Договорот на пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, кој се одржа на 17 јули 2022 во Софија. Во согласност со Договорот од 2017 и заедничкиот интерес за зацврстување на добрососедските и партнерски односи, двете држави се ангажираат да работат за исполнување на…

Read More

Во 22:45 часот, авионот имаше разговор со контролната кула во Кавала и информираше дека се упатува за принудно слетување. Веднаш беше дадена дозвола за слетување на аеродромот во Хрисуполи во Кавала. Во 22:47 часот авионот се изгуби од радарите на воздушниот сообраќај, соопштија од Службата за цивилно воздухопловство на Грција. Пет минути откако ги информирал контролорите на летање дека има проблем со еден од четирите мотори и две минути по разговорот со контролната кула во Кавала и барањето за принудно слетување, украинскиот авион Антонов-12 се загубил од радарите, според податоците објавени од Службата за цивилно воздухопловство на Грција (ИПА),  јави…

Read More