Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
На свадбената церемонија ќе можат да присуствуваат само четворица гости и кумови, кои веднаш по потпишувањето на документите од младенците ќе мора да го напуштат затворот. Коосновачот на Викиликс, Џулијан Асанж, и неговата свршеница, Стела Морис, која е и негова адвокатка, денеска ќе се венчаат во затворот Белмарш во Лондон. Поддржувачите на Асанж ќе се соберат пред затворот за да ја прослават венчавката. Потсетуваме дека тој беше уапсен во 2019 година во Амбасадата на Еквадор. Тој се бори за екстрадиција во САД. Го бараат бидејќи Викиликс објави стотици илјади документи за војните во Авганистан и Ирак. На свадбената церемонија ќе…
Националната опера и балет, ви ја најавува изведбата на безвременскиот балет „Лебедово езеро“ на 25 март 2022, со почеток во 20.00 ч. Под диригентската палка на Бисера Чадловска, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина, во улогата на Одета / Одилија ќе настапи гостинката од Бугарија, примабалерината Марта Петкова, во улогота на принцот Зигфрид ќе настапи Васил Чичиашвили (Грузија), а Ротбарт е Балаж Лашеи (Унгарија), Па де труа: Христина Наќевска, Ангела Велевска, Ендру Кук (Англија). Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Сценографијата и костимите се на Украинците Андреј Злобин и Гана Ипатиева, информираа денеска од…
Дневната потрошувачка на кокаин во Загреб е 548,62 mg на 1.000 жители, што го позиционира на 11-то место во Европа. Загреб е на четврто место во Европа според дневната потрошувачка на канабис, 11-ти по потрошувачка на кокаин, 12-ти по потрошувачка на амфетамин и 14-ти град по дневна потрошувачка на МДМА, покажаа резултатите од европскиот научен проект за анализа на отпадни води. Резултатите од најголемото европско истражување за отпадни води од 2021 година, спроведено од страна на епидемиолошката организација за отпадни води SCORE и Агенцијата за лекови на ЕУ, беа објавени на Фејсбук профилот на психијатарот во Психијатриската клиника Врапче, Иван…
Познати се главните претенденти за добивање на трката во Формула 1 која требаше да се вози во Сочи, Русија. Според новинарот Серхио Родригез, патеката „Портимао“ во Португалија, како и патеката „Истанбул Парк“ во Турција, се најверојатните места за замена на откажаната етапа. Да потсетиме, Формула 1 објави раскин на договорот за „Гран при на Русија“ на почетокот на март. Така, руската сцена, исклучена од календарот на сезоната 2022, нема да се врати на Светското првенство во 2023 година и понатаму. Во 2022 година, Големата награда на Русија требаше да се одржи за последен пат во „Сочи Автодром“ пред да се…
Пренасочувањето на сообраќајот почнува од денеска, 23 март од 14:00 часот и ќе трае во следните три дена Поради изведување работи на експресниот пат од Градско до Дреново кај клучката Градско, сообраќајот на автопатот Е-75 од правец на Граничниот премин Богородица кон Табановце ќе биде пренасочен на другата сообраќајна лента. Како што информираат од АМСМ, пренасочувањето на сообраќајот почнува од денеска, 23 март од 14:00 часот и ќе трае во следните три дена.
Следењето, оценувањето и класифицирањето на квалитетот на водата е од витално значење за човештвото, вели професорката Рената Ќуштеревска, раководителка на Институтот за биологија при Природно – математичкиот факултет од Скопје Граѓаните добиваат увид кои компании и претпријатија имаат дозволи да ги користат и да испуштаат во водите или да ископуваат песок, чакал и камен од реките и езерата. Надлежните органи, пак, ќе можат полесно да ги следат и санкционираат оние кои не постапуваат според дозволите, и да ја спречат деградацијата на водите. За пореална слика на состојбите со водните ресурси, се стандардизира и мониторингот врз квалитетот и квантитетот на површинските…
Портпаролот на Стејт департментот додаде дека САД се посветени „да му помогнат на Косово да го обезбеди местото што го заслужува покрај соседите во европските и евроатлантските институции“. Соединетите Држави ги „поздравуваат аспирациите на Приштина за членство на Косово во НАТО, но процедурата за членство е сложена и бара долгорочен и внимателен пристап“, изјави за Радио Слободна Европа на албански неименуван портпарол на Стејт департментот. – Косово најдобро може да ја покаже својата подготвеност за одговорностите на членството во НАТО, продолжувајќи со активното спроведување на десетгодишниот транзициски план на Косовските безбедносни сили и не отстапувајќи од него, рече портпаролот. „Изложени…
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и сопатникот од мотоциклот Б.А.(19) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот А.И. Во СВР Скопје вчера во 13:25 часот било пријавено дека на крстосница од бул.„Србија“, бул.„Трета Македонска Бригада“ и ул.„12-та Македонска бригада“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „сузуки“, управуван од Л.Т.(19) од Скопје и патничко возило „фиат уно“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(38) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и сопатникот од мотоциклот Б.А.(19) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот А.И., констатирани во Комплексот клиники „Мајка…
Моментално се наоѓаме во зелена фаза и според тоа се имплементираат соодветни епидемиолошки мерки, кои се во корелација со зелената фаза, вели д-р Рендевски Податоците од анализата од ковид тестирањето односно скринингот што го спроведе Министерството за здравство покажуваат дека кај испитаниците кои не се вакцинирани, степенот на присуство на антитела се движи од 75 до 76 проценти. А кај испитаниците кои се вакцинирани, присуството на антитела кај нив е 85-86 проценти, што укажува дека голем број од тие кои не се вакцинирани против ковид-19, или прележале или дошле во контакт со вирусот, меѓутоа тоа не значи дека е постигнат…
На 21.03.2022 во 23.50 часот на ул.„Вангел Тодоровски“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ј.(25) од Гевгелија. Тој бил баран со централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување на мерка притвор по пресуда за казна затвор од 4 години за сторено кривично дело по член 418 од Кривичниот законик. Д.Ј. ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната, информираа од полицијата. На 21.03.2022 во 23.50 часот на ул.„Вангел Тодоровски“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Б.(21) од Гевгелија.…
Пријавени се 15 смртни случаи во 9 градови во текот на изминатата недела, што е за 55,9 отсто помалку во однос на претходната Регистрирани се 1.834 нови позитивни случаи од 32 градови во државата, со зголемување од 0,9 отсто во однос на минатата недела (n=1.818). Процентот на позитивност се движи од 6,6 отсто до 14,2 отсто, просечно 11,4 отсто, се вели во најновиот неделен извештај на Институтот за јавно здравје. Oд 14 до 20 март тестирани се вкупно 15.577 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 2,1 отсто…
Јас се вакцинирав против ковид-19 затоа што вакцините се безбедни и ефикасни. Научните факти јасно докажуваат. Како што кажа министерот, пандемијата не е завршена и мора да продолжиме да го комунираме ова, рече амбасадорката на САД, Кејт Брнз Министерот за здравство Беким Сали, амбасадорката на САД Кејт Брнз, претставници од СЗО и претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани ја посетија првата од 14-те локални заедници каде што ќе помине караванот за вакцинација против КОВИД-19 во следните две недели. Караванот ќе патува низ целата држава за да им ги приближи информациите за вакцините и самите вакцини на граѓаните од избраните локални заедници. – Уште…