Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Предлог-измените на Законот за минимална плата поминаа на собраниската Комисија за труд и социјална политика. Не беа прифатени амандманите од опозицијата за усогласување на останатите плати со минималната. Со предлог законското решение, според министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, се реализира даденото ветување и се подобрува животниот стандард на работниците. – Сите овие решенија се во интерес на заштита на семејниот буџет на секое семејство и подобрување на економскиот статус на работникот. Обезбедуваме соодветен модел на усогласување на висината на минималната плата, како и зголемување на истата, од март оваа година. Зголемувањето на минималната плата ја наметна потребата…
Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, кој се носи по скратена постапка, ja помина процедурата на денешната собраниска Комисија за труд и социјална политика. Членовите на Комисијата и од власта и од опозицијата го поддржаа законското решение со кое минималната плата ќе изнесува 18.000 денари нето износ, односно 26,422 денари во бруто износ. Според министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, Владата и Министерството го реализираа даденото ветување со што директно се придонесува за повисок животниот стандард на работниците. Таа посочи дека потребата од зголемување на минималната плата е резултат на појавата…
Шефот на набљудувачката мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска во Советот за безбедност на ОН изјави дека тензиите во источна Украина веројатно почнуваат да се намалуваат. Јашар Халит Чевик, шефот на специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ во Украина, истакна дека од синоќа до утринава имало околу 500 експлозии – По 11.20 часот (денеска претпладне) забележавме околу 30 експлозии, па се чини дека тензиите стивнуваат, нагласи Чевик на седницата на СБ на ОН посветена на ситуацијата во и околу Украина. Украинското Министерство за одбрана денеска соопшти дека проруски сили во источниот дел на Украина го прекинале…
Онаму каде што тестирањето за скратување на карантин не е можно, изолацијата може да се прекине по 10-от ден без тестирање доколку контактот не покажува симптоми, наведува СЗО во своите нови привремени упатства. Светската здравствена организација (СЗО) денеска го скрати препорачаното времетраење на карантинот за лицата изложени на коронавирусот. СЗО соопшти дека оние кои имаат негативен тест сега можат да го прекинат карантинот по седум дена наместо претходно препорачаните 14 денови. Онаму каде што тестирањето за скратување на карантин не е можно, изолацијата може да се прекине по 10-от ден без тестирање доколку контактот не покажува симптоми, наведува СЗО во…
Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, заедно со претседателот на СДММ, Марко Михаилоски, денеска се сретна со заменик шефот на Мисијата на ОБСЕ, во Скопје, Џеф Голдстајн, на која се разговараше за повеќе актуелни теми, соопштија од СДСМ. Осврнувајќи се на актуелната општествено политичка ситуација, Лукаревска истакна дека СДСМ преку Владата што ја предводи останува посветена на процесот на реформи, но и на политиките што го унапредуваат животниот стандард на граѓаните и обезбедуваат помош во време на економска и енергетска криза. „Во изминатиот период реализираме нов сет на мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните. Сите надлежни институции се…
Ќе помагаме во се, каде што можеме, имајќи го предвид нашето поголемо искуство во контактите со ЕК. Јас сум убеден дека, исто така, ќе научиме и многу од вас, изјави Денков. Во пријателската атмосфера и со акцент на продлабочување и интензивирање на веќе воспоставената соработка во изминатите години поминал Вториот состанок на четвртата работна група за продлабочување на билатералната соработка меѓу Владите на Северна Македонија и на Бугарија во делот на културата, образованието и науката, туризмот и младите и спортот. Ова беше посочено на заедничката прес-конференција по средбата, од министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и министерот за образование и…
Ситуацијата во и околу Украина и подготовката за Самитот на Алијансата што ќе се одржи во Мадрид во јуни годинава, беа главни теми на дискусија на дводневниот состанок на министрите за одбрана во рамки на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел на кој учествуваше и министерката за одбрана Славјанка Петровска. Како што соопштија од Министерството за одбрана, во рамки на состаноците, министрите за одбрана на земјите–членки на НАТО го потврдиле со заедничка изјава единството во заштитата на безбедноста на земјите–членки и колективната одбрана, силната определба за мирно решавање на ситуацијата во и околу Украина и за изнаоѓање на политичко решение…
Специјалниот пратеник за трговија на британскиот премиер Борис Џонсон за Западен Балкан, Мартин Викерс го посети рудникот за олово и цинк САСА, каде имаше можност да се запознае со новите инвестициски и развојни проекти во САСА, како и со континуираните вложувања на рудникот во реализацијата на голем број општествено одговорни активности и проекти за поддршка на локалната заедница. „За САСА, како дел од компанијата Центар Азија Металс, чие седиште се наоѓа во Лондон и која котира на AIM пазарот на Лондонска берза, оваа посета на висок претставник на британската влада е многу значајна. Ние сме среќни со широката поддршка што…
Грчкиот министер за туризам, Василис Кикилијас, денеска најави дека туристичката сезона официјално ќе почне на 1 март, многу порано од лани. Грчкиот туризам ја претрпе најлошата година во историјата со само седум милиони посетители, кои донесоа приход од четири милијарди евра, откако пандемијата на коронавирусот го запре глобалното патување во 2020 година, пишува „Ројтерс“. Индустријата, која сочинува една петтина од економијата, почна да закрепнува минатата година кога сезоната, која официјално почна во мај, донесе околу 10,5 милијарди евра приход, многу помалку од рекордот на сите времиња поставен во 2019 година. „Има голема побарувачка и голема динамика за грчкиот туризам во…
Ги пренесуваме во живо изјавите за медиумите на владините претставници по вториот состанок на четвртата работна група за продлабочување на билатералната соработка меѓу Владите на Северна Македонија и на Бугарија во делот на културата, образованието и науката, туризмот и младите и спортот.
Пред неколку моменти, мајка со своето дете се лизнала и паднала во реката Вардар, во близина на Музејот, пренесува Алсат. Мајката и детето биле спасени од неколку млади момчиња кои влегле во реката и успеале да ги извлечат. Количката останала во реката.
Шматов објави и дека на 19 февруари во 12 часот во Подгорица ќе се организира „Марш на единството“ и ги повика граѓаните на Црна Гора во што поголем број да ја поддржат Украина. Руската амбасада во Подгорица испрати нота до Министерството за надворешни работи на Црна Гора со молба да го интензивира обезбедувањето на зградата на Амбасадата, при евентуални провокации на 19 февруари, кога е планирана манифестација во знак на поддршка на Украина. Додека Радио телевизија Црна Гора објави дека Амбасадата на Русија побарала да се разгледа можноста за забрана на собирот на 19 февруари. Претходно, руската новинска агенција ТАСС…