Author: НОВА ТВ Balaban

Кинтеро беше еден од тројцата основачи на моќниот картел Гвадалахара. Тој беше 28 години во затвор за убиството на поранешниот агент на американската Агенција за борба против дрогата (ДЕА) Енрике Камарена. Мексиканскиот нарко бос Рафаел Каро Кинтеро, кој се наоѓа на листата на најбарани во САД, е уапсен во северозападната држава Синалоа, соопшти мексиканската морнарица. Кинтеро, за кој се претпоставува дека има 69 години, е обвинет за киднапирање, мачење и убиство на американски агент во 1985 година, а притворен е во градот Шоис. Морнарицата соопшти дека Кинтерo бил пронајден во грмушки од специјално тренирано куче по име Макс. САД соопштија…

Read More

Екипата пристигнала во областа Триглав со полициски хеликоптер при нормално време. Во меѓувреме ситуацијата многу се влошила, па хеликоптерот морал да слета пониско. Спасувачкиот тим потоа започнал со класично спасување. Од удар на гром во Мал Триглав вчера биле повредени 18 планинари, од кои двајца потешко, информираат од полициската управа во Крањ. Како што пренесува Глас Истре, во 20 часот и 30 минути полициски хеликоптер и спасувачи префрлиле двајца тешко повредени планинари од Кредарица до КБЦ Љубљана. Според првичните информации, нивните животи не се во опасност. Останатите планинари се полесно повредени и тие остануваат во Кредарица под лекарски надзор. Според…

Read More

Конечно по 17 години чекање и 13 позитивни препораки, државата има шанса да ги започне преговорите за пристапување во ЕУ, да се реализира втората стратешка цел, со целосно заштитен македонски јазик, идентитет и посебност. Пред Собранието денеска е важна одлука за иднината на државата и нашата евроинтеграција, откако е потврдено дека со последниот европски предлог се отвора патот во Европската унија да влеземе како Македонци со чист македонски јазик и обезбеден македонски идентитет, соопштија деенска од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.  Во соопштението се додава: „Сите пратеници да ги поддржат заклучоците, предложени од пратеничката група на СДСМ, со…

Read More

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Како што соопштија од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени. Утре во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер што…

Read More

Забеганоста, стравот и примитивизмот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ги минува сите можни граници. Денеска, од собраниска говорница ВМРО-ДПМНЕ ја нарече претседателката на Европската комисија Урсула фор дер Лајен нацист, соопштија денеска од СДСМ. Во реакцијата од СДСМ се нагласува: „Скандалозно, за ВМРО-ДПМНЕ Фон дер Лајен е Нацист! Ова е скандалозно, срамно и за секаква осуда, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по налог на Христијан Мицкоски освен што го резилат Собранието директно ги навредуваат нашите пријатели во Европската унија, го нарушуваат угледот на државата, на Собранието. ВМРО-ДПМНЕ се против целата ЕУ“. Линк до видео: https://youtu.be/v8M_w45WgXQ

Read More

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.385 тестови, а регистрирани се нови 504 случаи на КОВИД-19: Скопје – 264, Битола – 38, Велес – 30, Куманово – 26, Прилеп – 25, Кавадарци – 19, Тетово и Струмица – по 15, Струга – 11, Кичево – 10, Штип – 6, Гостивар, Кочани, Гевгелија и Свети Николе – по 5, Неготино – 4, Охрид, Ресен, Крива Паланка, Валандово и Демир Хисар – по 3, Радовиш – 2, Делчево, Берово, Кратово и Македонски Брод – по 1. Од вкупниот број на…

Read More

Утврдено е дека РСМ се наоѓа во зелена зона со доволни капацитети за згрижување на пациентите со Ковид-19, Инаку, зголемувањето на бројот на нови случаи изнесува 79.9 отсто. Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ја разгледа актуелната епидемиолошка состојба во земјата и констатирано е дека има зголемување на бројот на нови случаи со ковид. Согласно методологијата за одредување на ризикот од Ковид-19 се зема предвид и процентот на хоспитализирани случаи, процентот на слободни болнички кревети, како и бројот на тешко болни и смртни случаи од Ковид-19, утврдено е дека РСМ се наоѓа во зелена зона со доволни капацитети за…

Read More

Македонските граѓани преку социјалните мрежи се организираат да се вклучат во потрагата по 31-годишниот Мартин Јовановски, кој во неделата исчезна во водите на Егејското Море од плажата Мити на Халкидики. – Потребно е едно доброволно лице, односно една кола, кој ќе се нафати да отиде до Халкидики утре. Покриено е патен трошок, смештај и јадење, целта е да се однесе опрема и лица, стручни спасувачи, кои ќе помогнат во барањето. Најверојатно ќе се остане цел викенд. Битно е да е поголема кола, караван или џип со цел да собере повеќе опрема, пишува во објавата на Фејсбук групата „Сите за Мартин“.…

Read More

На 15.07.2022 во 00.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Јане Сандански“, Т.Д. (23) од Скопје, превезувајќи се како сопатник на мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.Р.(24) од Скопје, паднала од мотоциклот. Во несреќата, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Read More

По преземени мерки и активности и координација на СВР Велес, СВР Струмица и Основното јавно обвинителство Велес, на 14.07.2022 во 22.45 часот на место викано „Стара Мрдаја“ во Стар Дојран, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Г.Ш.(43) од Велес. Тој се сомничи дека на 09.07.2022 во казино во Велес го нападнал и му нанел повреди на Д.В.(46) од Велес, кој на 13.07.2022 од здобиените повреди починал во Општата болница во Велес. По преземени мерки било констатирано дека на 09.07.2022, Д.В. со повреди бил пренесен во болницата во Велес и во службен разговор со полициските службеници изјавил дека…

Read More

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 3,00 денaри за литар. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13% во однос на одлуката од 11.07.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 6,272%, кај дизелот за 2,286%, кај екстра лесното масло за 1,722% и кај мазутот за 3,656%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 3,00…

Read More

Вчера (14 јули) околу 17 часот во СВР Тетово пријавено е дека на локален пат во тетовско Слатино се случила сообраќајна несреќа во која учествувале мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 19-годишниот Л.Ш. од тетовско Теарце и трактор со приколка, исто така, без регистарски ознаки, што го управувал 60-годишниот А.С. од Слатино. Во несреќата, мотоциклистот Л.Ш. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, од кои подоцна починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. На местото на несреќата увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

Read More