Author: НОВА ТВ

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ денеска имаа средби со свои колеги од ДУИ и од Алијансата на Албанците за поддршка на нивната резолуција за евроинтеграцискиот пат на земјата. Координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбр Адеми изјави дека е потребно усогласување на текстот на резолуцијата помеѓу сите парламентарни партии за да се осигураат дека тоа не му наштетува на нашето чекорење кон ЕУ. -Не треба да правиме ништо што ќе биде спротивно на ЕУ интеграцијата. ДУИ смета дека јазичниот, историскиот и културниот идентитет не е прашање за дискусија и не е прашање за политичко договарање. Следствено цениме дека е потребно усогласување на…

Read More

Дефанзивецот на италијанската репрезентација Леонардо Бонучи проговори за „глумата“ на неговиот соиграч Чиро Имобиле во четвртфиналниот натпревар на ЕВРО 2020 против Белгија (2:1). – Понекогаш тоа се случува на теренот. Чиро беше удрен и падна. Радоста на голот на вакви натпревари е таква што го натера да заборави на болката. Се смеевме за тоа на теренот, направивме мала шега со Чиро, но на тоа се заврши, изјави Бонучи. Во 31. минута од натпреварот Белгија – Италија, Имобиле како „покосен“ падна во белгискиот шеснаесетник за време на нападот на неговиот тим и почна да се превиткува. По постигнувањето на голот, напаѓачот…

Read More

Вицепремиерот за борба против корупцијата, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска во Берово изјави дека ќе дадат поддршка на секоја резолуција или декларација со која се штити македонскиот јазик и идентитет. Станува јасно дека сите ние го штитиме и јазикот и идентитетот и сето она што е македонско. Не е воопшто прашање и нема воопшто потреба да се стави под прашање било каква резолуција. Ние ќе дадеме поддршка на резолуцијата. Веруваме дека сите постапки ќе завршат во Парламентот и со тоа потврдуваме дека ниту јазикот, ниту посебностите, ниту идентитетот некој ги ставил на маса или преговарал во целиот…

Read More

Бугарскиот премиер Стефан Јанев остварил средба со амбасадорот на Словенија во Бугарија Анджеј Франгес, а во фокусот на нивниот разговор било словенечкото претседателство со Советот на ЕУ, пренесуваат бугарските медиуми. Јанев ја потврдил позицијата на Бугарија и принципиелната поддршка на Софија за европската перспектива на РС Македонија и Албанија, истакнувајќи ја потребата за поефикасен дијалог и реална волја за заштита на човековите права, како и ставање крај на говорот на омраза. Од негова страна била изразена забелeшката дека европските партнери заземаат страна, толерирајќи го Скопје, соодветно – обвинувајќи ја Бугарија, без вистински и основани причини. Бугарскиот премиер истакнал дека во…

Read More

Словенечкиот премиер Јанез Јанша беше предмет на жестоки критики во Европскиот парламент во Стразбур при презентирањето на приоритетите на неговата земја како ротирачки претседател на ЕУ. Претседателот на групата на Европската народна партија, Манфред Вебер, истакна дека владеењето на правото никогаш не е проблем на една држава, туку на целата Унија. Тој повика на итно назначување на словенечки претставник во Европското јавно обвинителство. За истото апелира и лидерот на групата на Прогресивниот сојуз на социјалисти и демократи, Ираче Гарсија. Најкритичен беше претставникот на „Обнова на Европа“, Малик Азмани. „Дури и кога ги претставивте вашите приоритети пред Комисијата минатата недела, не…

Read More

Министерството за здравство (МЗ) денеска информира дека во изминатото деноноќие се потврдени 16 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 4 случаи во Тетово, по 3 во Скопје и Струмица, 2 во Куманово и по 1 во Прилеп, Гостивар, Охрид и Струга. Регистрирани се 4 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 2 и по 1 од Куманово и Кратово. Од МЗ информираат дека во последните 24 часа не се регистрирани починати лица. „Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.732, бројката на оздравени пациенти е 150.104, на починати е 5.486, а бројот на активни…

Read More

Остатоците од авионот АН-26, кој претходно исчезна крај брегот на Камчатка, беа пронајдени на 3,8 километри од аеродромот, соопшти прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации. „Остатоците од авионот беа пронајдени на растојание од 3,8 км од аеродромот. Спасувачките екипи кои трагаат по 28-те лица со теренски возила веднаш одат на местото“, се вели во соопштението. Потрагата е отежната поради мрачното време и почетокот на морската плима. Рос-Авијација за „Ведомости“ потврди дека засега нема пријавено преживеани. Претходно, РИА Новости, повикувајќи се на претставник на службите за итни случаи, објави дека авионот паднал во океанот, а Интерфакс извести дека е снимен…

Read More

Илјадници Индијци станаа жртва на голема измама поврзана со лажна вакцина, а меѓу уапсените има и лекари и други медицински работници, пренесува Си-Ен-Ен. На најмалку 12 локации во Мумбаи, медицинските работници аплицирале физиолошки раствор, изјавија локални полициски службеници. „Се проценува дека 2.500 луѓе примиле лажна вакцина. Организаторите заработиле вкупно 28.000 американски долари од лажните вакцини”, рече Такур. Досега се уапсени 14 лица, меѓу кои и лекари, а се очекуваат уште апсења. Индија беше силно погодена од вториот бран на коронавирусот, помеѓу април и почетокот на јуни, кога се заразија милиони, а починаа десетици илјади низ целата земја. По пикот од…

Read More

Поранешниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос пристигна во Париз, каде денеска треба да ги изврши медицинските проверки пред официјално да биде објавен неговиот трансфер во ПСЖ. Весникот „АС“ објави дека 35-годишниот дефанзивец бил придружуван од неговиот брат и неговиот агент Рене Рамос. Уште минатата недела тој постигна согласност со Парижаните, со кои се очекува да потпише договор на 2 години, откако со Кралскиот клуб неговиот договор не беше обновен. Дефанзивецот беше честа мета на повреди минатата сезона и ги пропушти повеќето натпревари на Реал Мадрид, што веројатно го чинеше место во составот на Шпанија за Евро 2020. Сепак, тој…

Read More

Судот го одби барањето на одбраната за враќање на судењето за организаторите на 27 април во главна расправа. Ваквото барање следува откако во завршните зборови на обвинителката Вилма Русковска беше изменет диспозитивот на обвинението. Според судијата Илија Трпков, кој претседава со Кривичниот совет, обвинетите и нивните бранители досега имале можност да ги оспорат доказите, воедно обвинението ниту е проширено, ниту пак е променета квалификацијата на делото. По ваквата одлука на Советот, судењето продолжи со завршните зборови на одбраната, а адвокатот Еленко Миланов, кој е застапник на повеќето обвинети, истакна дека ниту еден од нив, односно Трајко Велјановски, Спиро Ристовски, Миле…

Read More

Жителите на Москва ќе треба да го остават својот телефонски број, како и осигурителниот број при вакцинирање против коронавирусот, по втората доза, за да можат да добиваат QR-код преку порака за посета на кафулиња и ресторани, соопштија градските власти. „На московјаните им се препорачува да го остават својот телефонски број и осигурителниот број при вакцинирање против КОВИД-19. Оние кои го оставија својот телефонски број, по аплицирањето на втората доза, во случај на двокомпонентна вакцина или по завршувањето на еднокомпонентна вакцина, на пример, од Спутник лајт, ќе добијат QR-код преку СМС-порака“, се вели во соопштението. Од Град Москва советуваат да се…

Read More

Гарантниот фонд ќе гарантира кредити до 500 илјади евра за микро, мали и средни претпријатија, како и големи трговци чии приходи по основ на извоз учествуваат најмалку со 30% во вкупните остварени приходи. Договор помеѓу Владата и Развојната банка за издавање на гаранции преку Гарантниот фонд веќе е потпишан, а наскоро се очекува и потпишување на договорите помеѓу Развојната банка и комерцијалните банки и штедилници, пишува во новото издание на билтенот на Македонската банкарска асоцијација (МБА), министерот за финансии Фатмир Бесими. -Еден од инструментите во Планот за финансирање на заздравување и забрзан раст е Гарантниот фонд, преку кој ќе се…

Read More