Author: Менче Атанасова Точи

Жените Ромки кои се социјален ризик неможат да направат абортус поради високите суми за интервенцијата.  Иако е право на избор, поради цената која се движи од 6000 до 9000 денари, абортусот е недостапен за оваа категорија на жени. Законот за прекин на бременоста ги донесе бараните промени, но не го регулира правото на абортус за жените кои се социјално загрозени и не се во можност да ја платат оваа здравствена услуга. Лошите услови за живот во кои се наоѓале 26 годишната Имирзат и нејзиниот сопруг кои  и двајцата биле невработени, ја натерале оваа млада жена да се одлучи за прекин…

Read More

Нема термини за вакцини против сезонски грип. Револтирани и гневни матичните лекари велат дека на крајот од неделата, во петокот кога се пуштиле термини преку „Мој термин“ наместо да прегледуваат пациенти, цел ден ги „ловеле“ за да можат да им закажат на  своите пациенти. Но, никој не успеал да закаже на повеќе од двајца пациенти, а некои дури ниту на еден. „Цел ден„ ловевме“термини за вакцинација. За три минути беа зафатени сите. Успевме да закажеме само за двајца пациенти, а на списокот имам 60 пациенти. Се пуштаат мал број на термини и пацинетите реагираат, со право. Кога ќе се вакцинираат,…

Read More

Навистина, Македонија не е Бергамо и не може да биде, ниту на културен, ниту на економски план. Ама ураганот „Бергамо“ е веќе тука, со нас. И неговиот удар, веќе го чувствуваме. Капацитетите се исцрпуваат, оди се потешко

Read More

Градската општа болница„8 Септември“ може да стане Ковид центар само доколку бидат исцрпени сите можности и ако се влоши состојбата до тој степен да нема каде се примаат пациенти во останатите болнички капацитети, изјави за НОВА, директорот доц.д-р. Христијан Костов. Засега, вели Костов нема можност за такво нешто. “Болницата е во сопственост на државата и Владата ќе биде таа што ќе одлучи дали дали болницата ќе биде Ковид центар, се со цел ниту еден пациент да не остане непрегледан или хоспитализиран. Тоа може да се случи само во ситуација ако с е влоши состојбата и се исцрпат сите можности. Засега…

Read More

Медицинскиот персонал во ГОБ“8 Септември“ е на нозе, подготвен да протестира доколку болницата стане повторно Ковид центар. До овој моментот таму се одвиваа преговори бидејќи медицинскиот персонал се против решението болницата потворно да стане Ковид центар, неофицијално дознава НОВА. Како што информираат извори од болницата таму бил министерот за здравство Венко Филипче кој разговарал со директорот за да се најде решение. „Медицинскиот персонал се спрема на протест, одлучно спротиставувајќи се на оваа наредба на министерот Филипче. се противат анестезиолозите, хирурзите и сите останати,  како и медицинските сестри кои „изгинаа“ во изминатите шест месеци “, велат извори од болницата. Болницата одвои…

Read More

Во услови кога болничките капацитети се подготвуваат за новиот бран на коронавирусот оваа есен, Институтот за ТБЦ, ниту е подготвен ниту има можност да одговори на потребите поради лошата сосотојба во која се наоѓа. Зградата е голема со простран двор, но и внатре и надвор, се се распаѓа

Read More

Шеесет и деветгодишниот Благоја Боцевски од Скопје пред 11 години заболел од рак на дојка, малигна болест која не ги одминува и мажите. Со навремена реакција успеал да се излекува и сега одлучи да ја сподели својата приказна со јавноста. „Пред 11 години ми се појави грутка на левата града, која кога се јавив на преглед се покажа дека е малигна. Следуваше операција, па зрачење, пет години примав цитостатици. Имав среќа што се јавив на време и болеста не беше во одминат стадиум. На почеток имав страв да зборувам за мојата болест, но сфатив дека подобро се чувствувам ако зборувам…

Read More

Хронично болните од утре, 23 септември треба да започнат да одат на работа, заедно со мајките кои што користеа породилно отсуство. Нивното барање испратено електронски до Владата за да бидат примени и сослушани од премиерот Заев не успеа, а реагираат и затоа што тешко се доаѓа до специјалист бидејќи, како што велат, најчесто нема термини за закажување. Но, велат суштината е во тоа што специјалистите наместо потврди кои ги најави министерот Филипче, даваат боледување. Пациентите лутаат низ системот заради нејасните насоки кои ги даде министерот Филипче, вели Б.Р, која боледува од астма и тромбоза заради што е на редовна терапија.…

Read More

Семејството на 40 годишната Кадрие Јашар од Скопје, која почина од искрварување тврди дека родилката немала никакви проблеми во бременоста, ниту пак крварење до моментот кога дошла на Клиниката за гинекологија заради породилни болки. Тие бараат објаснување зошто,како што велат, гинекологот кој ја примил и и направил Це-Те –Ге и рекол да си оди дома и да се врати за два часа бидејќи за породување било се уште рано. „Бевме тројца со неа. Си тргнавме откога и рекол гинекологот да си оди и да се врати за два часа бидејќи била отворена само два прста. Таа немаше никакви проблеми, а…

Read More

Дефект со коагулацијата на крвта, како резултат на што најверојатно дошло до одвојување на постелката, На Клиниката за гинекологија сметаат дека ова довело до смрт кај 40 годишата родилка од Скопје која синоќа почина на клиниката

Read More

Филипче викендов најавува анализа за зголемената смртност, а Државниот саниратен и здравствен инспекторат веќе работи на неколку случаи и тоа кај помладите пациенти чија смрт ја вознемири јавноста

Read More

Зголемениот број на починати пациенти од Ковид речиси секојдневно ја вознемируваат јавноста во последните десеттина денови. Во дневните извештаи од Министерството за здравство нема детали на што се должи тоа, која е причината за зголемената смртност, ниту детали за секој од нив, што допринело да завршат фатално. Особено што многу често станува збор за млади луѓе. Вчера починаа седум заболени, еден од нив е на возраст од 44 години. Ден преходно беа регистрирани девет смртни слуачаи меѓу кои две девојки на возраст од 23 и 29 години, еден на 44 годишна возраст, друг на 52, останатите околу 60 години. И…

Read More