Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Менче Атанасова Точи
Лекарот за кој во болницата тврдат дека бил без симптоми, последно дежурство имал на 25 март, а два дена подоцна е ставен во изолација.Засега нема да бидат тестирани ниту вработените ниту пацинетите. Околу 30 вработени остануваат во изолација до 10 април, а од Центарот за јавно здравје ќе бидат контактирани на дневна основа
Негативен е тестот на новороденчето на родилката од Куманово која е заболена со коронавирус и се лекува на Инфективната клиника, потврдија за НОВА од Клиниката за гинекологија. Психијатриската болница во Демир Хисар остана без медициски персонал откако лекар- психијатар се заразил со КОВИД -19, сите се во изолациј, се ангажираат лекари од други болници
Родилката од Охрид која синоќа беше донесена на ГАК, немала коронавирус-негативен е резултатот од тестот кој и бил направен посмртно. Резултатот од тестот за новороденчето на родилката од Куманово која е заболена од КОВИД-19 ќе биде готов во текот на утрешниот ден
Инспекциски надзор ќе биде спроведен во болницата во Охрид бидејќи возилото за брза помош ја оставило родилката која што почина пред вратата на ГАК, а била донесена без крвна група. Од Министерството за здравство потврдија дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат веќе го почнал вонредниот инспекциски надзор во Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, уште во текот на вчерашниот ден. „Истиот ќе биде комплетиран откога ќе бидат завршени воредниот инспекциски надзор кај матичниот гинеколог во Охрид и на гинеколошкото одделение во охридската болница. Овие два надзора се во тек, одговорија на прашање на НОВА, од Министерството за здравство.…
Заразена е медициска сестра од Куманово која патувала и била вработена на Клиниката за пулмологија, а која била во резервниот тим на Инфективна, вчера добила симптоми со висока температура. Четири медицински сестри од инфективното одделение во Штип се во самоизолација откако кај 80-годишна пациентка второто тестирање покажало дека е позитивна на коронавирус
Резултатите од тестот за починатата родилка од Охрид се очекуваат во нередните неколку часа, но на ГАК се сметаат дека се работи за сепса, тестот ќе покажае дали имала и Ковид-19. Втората родилка од Куманово која е заразена со коронависрус со влошена здравствена состојба е префрлена на Инфективна клиника
Родилка од Куманово која вчера се породила на Клиниката за гинекологија е заразена со коронавирус. Тестови се прават за уште една родилка која била испратена од Охрид со мртво бебе во утробата, потврди за НОВА, министерот за здравство Венко Филипче. На ГАК се сомневаат дека кај родилката од Охрид се работи за сепса и во моментот врз неа се врши хируршка интервенција (хистероктомија) од страна на три лекарски екипи. Жената била гојазна и со гној во утробата, а на ГАК била донесена со висока температура. Бебето веќе било мртво во утробата. Кумановчанката, била донесена вчера со претходна најава од кумановската…
Станува збор за мајки на кои им завршува породилното отсуство, а немаат каде да ги згрижат своите деца бидејќи не се запишани во градинка и немаат потврди од таму, особено вработените во МВР и во здравство кои пак, не можат да користат ниту платен ниту неплатен одмор
Двајца пациенти починаа, а четворица се во критична состојба на Инфективната клиника, двајца заболени од Заводот за рехабилитација се хоспитализирани на Инфективната клиника каде во моментов се лекуваат 54 пацинети
Во Заводот за рехабилитација заболени со Ковид -19 се 8 медицински лица и 2 пациенти и затоа се затвора. На пат кон државата се 20 000 тестови за испитување на Ковид -19 и уште 5000 тестови се донација од приватна лабораторија каде што ќе се вршат тестирањата
Два нови смртни стручаи од коронавирусот. На инфективната клиника утрово почина момче на 31 годишна возрат од Скопје на кое вчера наеднаш му се влошила состојбата и тој влегол во најтешката форма на болеста позната во литературата, со внатрешно крварење и распад на белите дробови. Вториот починат пациент е возраст од 91 година. Со тоа во државата има шест починати од Ковид-19, информира министерот за здравство Венко Филипче. „Тој беше хоспитализитан на 23 март, имал прекумерна тежина. Неговата клиничка слика беше тешка, со уште подрастичен тек на влошување на состојбата, интубиран, поставен на респираторна машина, во текот на вчерашниот ден,…
Најголем број на заболени во Сkопје има во населбата Карпош-27 лица, Гази Баба- 20, Кисела Вода -20, Центар- 20. Има 11 лица кои се од друг град но, живеат во Скопје, 11 од нив има во Ѓорче Петров, 8 во Аеродром, 7 во Сопиште, 4 во Бутел, 3 во Чаир, двајца во Илинден и еден е странец