Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Менче Атанасова Точи
Од понеделник до Инфективната клиника ќе биде поставена мобилна болница од Армијата, со капацитет од 110 кревети, а лекарите од клиниката ќе ротираат со своите тимови Еден од членовите на резервниот тим на Клиниката за кардиологија пројавил симптоми на работното место. Случајот е забележан во делот на ангиографската сала каде што нема лежечки пациенти, туку се прават интервенции на срце кај пациенти и во тој дел, лекарите во однос на контактот кон пациентите се целосно заштитени, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција во Владата. „Детално ќе се испита што точно се случувало на Кардиологија. Доколку се установи…
Уште еден пациент е заразен со коронавирус од Кожната клиника. Прв случај е регистриран и во Тетово, тоа е пациент кој престојувал во Заводот за рехабилитација во Козле Пациент од Тетово кој престојувал во Завод за рехабилитација во Капиштец е заболен од коронавирус. Тој како опериран и неподвижен пациент што имал и васкулатни здравствени проблеми, бил хоспитализиран од 9 -ти до 23 март и како што рече министерот Филипче, откако се вратил добил висока температура, по што бил однесен на инфективното одделение во тетовската болница, од каде е транспортиран на Инфективна клиника во Скопје. Заводот за рехабилитација засега не е…
Почина 66 годишната пациентка од Дебар која подолго време беше приклучена на респиратор. И покрај сите напори на лекарите, заболената од коронавирусот почина пред неколку часа. Во нејзината историја е забележано дека прима хронична терапија за хипертензија. Тоа е трет смртен случај од Ковид 19 во државата за само три дена Пет заболени со коронавирус од првите 30 тестирани од вработените на Кожна клиника. Тоа е првата група од шест колку што се планирани да се направат, сукцесивно заради големиот број на лица(околу 200) кои што биле во непосреден контакт со поранешната директорка на клиниката. Кај нив тестирањето започна два…
Терапијата, комбинација од два лека, антибиотикот Сумамед и уште еден лек за маларија веќе е обезбедена и ја има доволно. По одлуката на стручниот колегиум и добивање на дозвола од МАЛМЕД ќе започне да им се дава на болните со Ковид 19. Тоа е терапија која е во фаза на клинички студии, но во други земји дала резултати
Ниту еден тест не е 100 посто сензитивен, рече вечерва министерот за здравство Венко Филипче. Тој објасни што се случувало со жената кај која после смртта беше докажан коронавирусот. Она што го кажа го темели на исказите од болницата и Центарот за јавно здравје во Куманово
По првиот смртен случај на жена од Куманово кај која болеста е откриена откако починала и по наглото зголемување на бројот на заболени, освен полицискиот час од 21 часот на вечер до 6 наутро, ќе се воведат нови мерки за ризичните групи-стари лица и хронични болни чие движење ќе биде ораничено во раните утрински часови
Станува збор за лекарка, психијатар од болницата од Кавадарци и нејзиниот сопруг кај кого е потврден вирусот во приватната болница на Жан Митрев, но денеска на прес конференција, иако пациентот беше во бројката од 19 случаи, Кавадарци како град беше испуштен да се каже
Заштитната опрема за медицинскиот персонал сега е централизирана, под клуч бидејќи земал кој како ќе стигне за свои блиски во банки, продавници, шалтери
Се воведува кризна состојба на дел од територијата на РС Македонија во општините Дебар и Жупа. Таму има четири нови заразени со коронавирус. Луѓето од овие општини ќе бидат ограничени со движење, нема влез и излез од таму
Се забранува користење на секаков тип на пливачки базени во надените 14 дена. Со новите владини мерки покрај затворањето на градинките, училиштата, факултетите, на две недели се укинуваат сите курсеви, се празнат студентските домови
Се ослободуваат од работа вработените во овие институции. За еден родител на дете до 10 години е дозволено платено отуство во 14 дена
Откако се затвори Кликината за кожни болести и е најавено затворање на штипското кожно одделение, Филипче соопшти дека пациентите ќе се препраќаат во „8 Септември“. Но, одделот таму функционира само со една лекарка која не е во изолација и е единствена која не била на симпозиумот во саботата Градската општа болница „8 Септември“, останува само со еден лекар на кожното одделение, другите четворица лекари од денес се во изолација бидејќи присуствувале на симпозиумот кој го водела директорката на Клиниката за кожни болести која е заразена со коронавирус. Министерот Филипче најави дека пациентите со кожни болести ќе се пренасочуваат таму, откако…