Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Менче Атанасова Точи
Во Општата болница во Дебар четворица млади лекари работеле со Договор на дело, за сума од 15 000 денари без платени придонеси за здравствено и пензиско осигурување, потврдија за НОВА од Министерството за здравство. Од таму велат дека четворицата млади лекари се стекнале со лиценца за работа пред еден месец. Од Министерството се правдаат дека болницата има потреба од кадар и токму затоа ги вработила младите лекари за да ги задржи во Дебар. „Во меѓувреме е испратено барање за обезбедување финансиски средства за вработување на неопределено време на лекари. Додека да се заврши процедурата, се објави конкурс и се заврши…
Документ со кој се потврдува дека лекар во Општата болница во Дебар работи со Договор на дело за само 15 000 денари, се појави вечерва на социјалната мрежа Фејсбук. Документот го споделија од Здружението на лекари специјализанти ЗЛС, а потоа и од Асоцијација на специјализанти и млади лекари, од каде потврдија дека се работи за веродостоен документ. Кратко откако го објавија документот од здруженијата потврдија имаат дозвола од лекарот да се објави за која болница станува збор. Велат имаат информација дека таму неколку лекари(најмалку двајца) работат со Договор на дело за сума од 15 000 денари, без платени придонеси за…
Физибилити студијата најавена дека ќе биде готова до крајот на мај, се уште не е готова, додека Министерството тврди дека бара потенцијален финансиер на проектот или начинот на финансирање Германската компанија „Обермеар “ најверојатно ќе го изработува главниот проект за изградба на Клинички центар, неофицијално тврдат извори за НОВА. Според информациите до кои дојде НОВА, Министерството за здравство наводно потпишало договор со германската фирма за изработка на главниот проект, откако претходно, австриската агенција за здравство АХАСЕ почна со изработка на бесплатна физибилити студијата, а беше најавуван и потенцијален изведувач од Австрија. Нашите извори велат дека наводно договорот со германската компанија…
Грчката фирма „Интеркат“ се обврзала дека ќе ја преземе изградбата на Клиничката болница во Штип, откако подизведувачот „Бетон“-Штип отиде во стечај
Ова е прво појавување во јавноста на семејството на Дебора Ќерими Џамбази која почина при породување со царски рез во болницата Санте Плус. Тие бараат да се забрза истрагата за смртта на родилката и за нејзиното бебе кое има тешко оштетување на мозокот
Пациентите кои денеска отишле да подигнат терапија за рак на кожа биле вратени со образложение дека го нема лекот Зелбораф, реагираат пациенти во редакцијата на НОВА. Тие тврдат дека во изминатиот период, особено во последниот месец останувале без терапија бидејќи на Клиниката за онкологија лекот го немало. „Од денеска повеќе пациенти се оставени без терапија, ги вратија дома така, а лекот ни е неопходен за третирање на ракот“, тврдат за пациенти за НОВА, кои сакаат да останат анонимни поради можни последици на клиниката каде се лекуваат. Директорот на Клиниката за онкологија, Нино Васев тврди дека лекот ќе го има од…
Фондот за здравствено осигурување цел месец носи одлуки, издава и процесуира документи и решенија иако на едниот од двајцата директори , Орхан Рамадани му е истечен мандатот уште во мај, дознава НОВА. На Рамадани му е истечен мандатот на 26 мај, а Управниот одбор на ФЗОМ не отвориле конкурс за избор на директор. За тоа време биле потпишувани многу документи, се носеле одлуки и решенија, меѓу кои и за лекување во странство и во приватните болници на кои стои и потписот на Рамадани. Од документите кои се достапни јавно може да се види дека на 10 јуни е донесена одлука…
Не e постигнат напредок во делот на заштитата на потрошувачите и нивните права, а земјата се уште е умерено подготвена за оваа област, се вели во Извештајот на ЕК за напредокот на државата
Министерот за здравство Венко Филипче во последните неколку месеци упорно се обидува својот рејтинг да го поправи со помош на надворешни ПР експерти или ПР агенции, дознава НОВА. Откако во јавноста излегоа информации за скандалозните тендери, реакциите на тешко болните пациенти кои тврдат дека немаат лекови, по случајот со вакцинацините кои беа пред истек на рокот што ја вознемири јавноста, а особено откако се најде во анкетите на врвот на листата меѓу оние министри кои треба да бидат сменети, тој интензивно бара помош од ПР експерти. НОВА, односно авторката на текстот уште пред повеќе месеци беше информирана дека ПР експерт…
Затворени се операционите сали и хируршкото одделение во струшката болница бидејќи хирурзите се разболеле од мали сипаници. Одлуката на 10 дена да се затвори одделението ја донела Комисијата за интерхоспитални инфекции во болницата. Од Комисијата за НОВА потврдија дека операции нема да се прават, а итните случаи ќе се праќаат во болницата во Охрид. „Ќе работи само амбулантата. Одделението се затвара на 10 дена додека да помине инкубацијата за сипаниците да не се шират“, потврдија за НОВА во Комисијата за интерхоспитални инфекции. Од Комисијата велат дека засега од мали сипаници се разболеле седум лекари и медицински сестри на хируршкото одделение,…
Кети Ставриќ се уште е директорка на Клиниката за детски болести, потврдија за НОВА од Министерството за здравство. Нејзиното барање за оставка чека на потпис од министерот Филипче уште од февруари годинава. Тогаш НОВА упати прашање до Министерството за здравство, дали е вистина дека поднела оставка. Од таму одбегнаа да објаснат дали ќе биде прифатена нејзината оставка и само кратко одговорија дека „Ставриќ се уште е директорка“. На 18 февруари прашање и беше упатено и на директорката Кети Ставриќ, но таа не одговори во врска со нејзиното барање за оставка кое го поднела до Министерството за здравство. На телефонскиот позив…
Родителите на децата кои се запишувале во училиште или градинка и порано требало да достават потврда дека се вакцинирани, но Правилниците не се почитувале од страна на овие установи