Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Менче Атанасова Точи
Почина 24 годишниот Филип Димишковски на кого пред две години му беше извршена првата трансплантација на коскена срцевина од несроден дарител. Нема официјална информација која е причината за смртта и како дошло до влошување на неговата здравствена состојба. Неофицијално од лекарски извори, на младото момче му се вратила болеста акутна миелобластна леукемија, скоро две години по направената трансплантација на коскена срцевина. На социјалните мрежи неговите роднини и пријатели веќе се простуваат од младиот Филип, кој по трансплантацијата во ноември 2018 година преку промитивно видео направено од Министерството за здравство, упати порака до сите пациенти“ да не се плашат да не…
Од Министерството за здравство велат дека смртта кај 23 годишната скопјанка заболена од Ковид, настапила нагло откако и се влошила состојбата. Била хоспитализирана на Инфективната клиника, една недела откако е потврдено дека е позитивна на коронавирусот, а четири дена претходни имала температура и тешко дишење. Таа имала и претходни заболувања, стои во краткото објаснување на ресорното министерство. „Пациентката 23 години од Скопје е потврдена позитивна на 5.09, а претходно 4 дена била со симптоми: температура, кашлица и тешко дишење. Хоспитализирана е на 12.09 на Инфективната клиника во Скопје и веднаш класифицирана како тежок пациент, ставена на кислород. Ден пред да…
Светска банка ги избриша податоците за набавките за Ковид-19 кои се однесуваа за 2018 година и ги замени со технички термини кои се користеле и претходно, заради, како што објаснуваат погрешното толкување во јавноста
Фондот за здравствено осигурување ја намалува цената за тестовите за Ковид во јавното здравство од 3600 денари на 2000 денари колку што ќе биде новата референтна цена, дознава НОВА. Оваа одлука Управниот одбор на ФЗО ја донел заради масовните тестирања и зголемениот обем на работа поради што и трошокот е помал. Според информации од ФЗО цената на еден ПСР тест не изнесува повеќе од 20 евра. Ова за НОВА го потврди и директорот Миле Сугарев, кој потенцира дека одлуката на Управниот одбор чека на потпис на министерот Филипче. “За масовните тестирања донесовме одлука за нова референтна цена која ќе биде…
Правната служба во Министерството за здравство ја разгледува можноста дали може да се влијае на приватните лаборатории-сите да имаат унифицирани цени за тестовите за Ковид, но ние можеме да влијаеме само на услугите преку ФЗО, вели Филипче. Не постои механизам, ниту некакво тело кој ќе ги регулира овие работи во време на пандемија, кога граѓаните мора да бидат заштитени, туку пазарот ја одредува цената
Македонија е една од ретките земји, ако не и единствена која им дозволи на приватните лаборатории и болници да земаат брисеви и вршат тестирање за потребите на јавното здравство, а при тоа нема контрола на цените кои се вртоглаво високи
Пунктот за земање на брисеви за Ковид во Струмица е дислоциран во Здравствениот дом и се наоѓа во просторија со посебен влез која ги исполнува условите пропишани со протоколот, информираат од Државниот здравствен и санитарен инспекторат. таму денеска биле инспектори кои извршиле вонреден инспекциски надзор. „Во тек на денешниот ден ДСЗИ изврши вонреден инспекциски надзор во просториите каде што е дислоциран пунктот за земање на брисеви за Sars Cov 2 на Центарот за јавно здравје во Струмица. Истиот е сместен во просторија на ЈЗУ Здравствен дом и ги исполнува условите пропишани со протоколот. Пунктот е сместен во посебен објект, со…
Од ресорното министерство не ги соопштуваат имињата на двете лаборатории, но потврдија дека од дополонителните согледувања ќе утврдуваат дали ќе им биде одземена дозволата за работа
Државниот санитарен и здравствен инспекторат подготвува решение со кое ќе им се наложи на ЦЈЗ, пунктот веднаш да престане со работа и итно да бараат нов простор во склоп на јавна здравствена установа за да нема застој во земањето на брисеви
Станарите од зградата и околните куќи, како и таксиститите кои се лоцирани тука реагираат бидејќи надор секојдневно чекаат луѓе за брисеви кои се потенцијални носители на вирусот. Особено што доаѓаат и пациенти за контролни брисеви, кои се позитивни на вирусот
Тест за Ковид, направен во Германија изнесува 18,74 евра или 1.152 денари. Толку е и набавната цена која реално се движи околу 20 до 25 евра, некаде и помалку. Во нашата држава ПСР тестовите се движат од 3950 за тест кој ќе биде готов за 48 часа, до 12 000, а некаде и над 14 000 денари за брз тест изработен за 8 часа
Освен астрономско високите цени, се поставува прашањето дали самата лабораторија ги врши тестирањата, ако тоа го прават во Систина, кој им дал дозвола да ангажираат помала лабораторија за да земаат брисеви за нив. Доколку приватните болници генерано ангажираат помали лаборатории да работат за нив, се поставува и прашањето за точноста на резултатите, кој ги обучил техничарите да земаат брисеви и како се спроведува транспортот