Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Менче Атанасова Точи
Кај шест деца кои ја посетувале групата со две и пол годишното девојче што почина од сепса, во нос е изолирана бактеријата стрептококус пнеумонија, дознава НОВА. Станува збор за градинката „Пеперутка“ во населбата Драчево, која е клон на градинката „8 Март“. Во Центарот за јавно здравје, каде што ја потврдија информацијата, велат дека не знаат дали има поврзаност меѓу детето кое почина на Детската клиника од истата бактерија, која кај него предизвика сепса во крвта и останатите деца во групата. Од таму велат дека веднаш по овој случај бил направен епидемиолошки надзор и биле земени 31 брис од децата од…
Нов непотврден случај на МРСА во нос кај дете од шесто одделение во ОУ „Панајот Гиновски“ ги вознемирил родителите на децата кои посетуваат настава со него. Неофицијално, родителот на детето донел резултат од лабораторија, но случајот ниту тој, ниту матичниот лекар не го пријавил во Центарот за јавно здравје во Скопје. Во моментот екипи од Центарот за јавно и инспектори од ДСЗИ се упатени на терен да утврдат за што точно се работи. „Треба да се остават инспекторите да си ја завршат работата, потребно е време да ги потврдиме случаите. Не може за секој поединечен случај да одиме посебно особено…
Нема ленти за мерење на шеќерот во крвта. Ситуацијата е критична неколку месеци, па луѓето со дијабетес се принудени сами да се снаоѓаат. Во здруженијата на дијабетичари низ државата велат дека најлошо е кај децата и луѓето кои имаат дијабетес од тип 1. Од таму велат дека во тие аптеки што можат да се најдат ги преполовуваат количините кои им следуваат, а некои градови се оставени без ленти и игли. „Во Скопје нема, но и не толку критично бидејќи се наоѓаат стари залихи. Така минатиот месец кога бев да земам ленти за мојот син, наместо 5 кутии кои му следуваат…
Лекови на рецепт во аптеките повторно нема уште во првата половина на месецот. Новата распределба на квотите од страна на ФЗОМ, очигледно не го реши проблемот. Граѓаните се револтирани. Пензионерите велат дека на старост се принудени да шетаат од аптека до аптека. „Страшно е, после 5-ти во месецот не можам да најдам лекови. Или умри или снајди се, не е хумано, приватно купуваме“, рече пензионер од Скопје. Друг граѓанин вели дека има лекови, но одвај чека да дојде 1.ви во месецот за да си набави лекови кои ги користи како хронична терапија. „Имам лекови затоа што ги набавувам на почеток…
ДСЗИ времено ја затвори на ПЗУ по пластична, реконструктивна и естетска хирургија „Др. Даскалов“ при контрола на вонреден инспекциски надзор
Покрај борбата со тешката здравствена состојба на нивната ќерка која била прегазена на пешачки премин пред 9 години, семејството Кухар поминува низ голгота за како што велат, да им бидат вратени 30. 000 евра, пари кои се потрошени за продолженото лекување во странство
Какви промени носи Предлог законот за спречување и заштита од дискриминација. Дали со него се предвидува исфрање на термините мајка и татко, како што тоа се преставува во јавноста и на социјалните мрежи? Кој и зошто го кочи донесувањето на овој закон цели 8 месеци? Зошто се создава тензична атмосфера и масовна хистерија? Кој се е опфатен со Законот за спречување и заштита од дискриминација? До што може да доведе недонесувањето на овој закон? Во ПРОЦЕС на НОВА говорат Драгана Дрнаревска од Мрежата за заштита од дискриминација, Билјана Дуковска –Платформа против сиромаштија и Ариф Адеми-Мрежа за застапување на правата на…
Ординацијата за пластична и реконструктивна хирургија „Др-сци Митаноски„ работела на „диво“ и бидејќи немала простор, опрема и кадар досега требало да биде затворена. Носителот на дејност др. Митаноски се пензионирал во 2012 година и немал валидна лиценца за работа, односно не ја обновил како што потврдија од Лекарската комора. Во оваа ординација др. Звонко Николовски направил дури 130 операции каде што изнајмувал сала, инструмени и медицинска сестра од 2009 година до сега кога склучил договор со ординација иако работела на „диво“. Ова го констатирал ДСЗИ од каде велат дека ќе бараат од Министерството за здравство да им ги одземе дозволите…
Лекарот Звонко Николовски од ПЗУ„Јанита“ има лиценца за работа за општа хирургија која е обновена минатата година и важи до 2025 година, потврдија за НОВА во Лекарската комора. Но, во Комората нема податок дека против него е водена судска постапка, ниту некогаш му била времено одземена дозволата за работа. Од таму потврдија дека доктор Крсте Митаноски од ПЗУ „Д-р Сци.мед. К. Митаноски“нема важечка лиценца за работа. „Митаноски нема валидна лиценца за работа, истечена е и не му е обновена“, велат во Лекарската комора. ДСЗИ се уште нема сознанија кој е носител на дејност во оваа ординација за пластична и реконструктивна…
Дополнително ќе се утврдува и колку пациенти досега биле оперирани во ПЗУ „Д-р Сци.мед. К. Митаноски“ од кога лекарот Звонко Николовски од ПЗУ “Јанита“ вршел интервенции во изнајмената операциона сала и врз основа на кој документ го правел тоа Забрана за вршење дејност заради намање на кадар изрече ДСЗИ на ПЗУ „Д-р Сци.мед. К. Митаноски“каде што била извршена интервенцијата на 38 годишниот Булент Ибраим кој почина минатата недела во Градската болница“ 8 Септември“. Забрана за вршење на здравствена дејност доби и ПЗУ “Јанита“ заради вршење на здравствена дејност надвор од дадената дозвола од Министерството за здравство, односно за вршење на…
Мојот сопруг нема ништо да го врати, но одговорност за неговата смрт мора да има. Вака ја започна својата приказна Едита Ибраим, сопруга на 38 годишниот Булент кој почина во четвртокот по рутинска операција на хемороиди. Таа за НОВА ја раскажа агонијата низ кој поминал нејзиниот сопруг од моментот кога бил опериран на 11 февруари се до моментот кога починал, три дена подоцна. За лекарот Звонко Николовски кој го оперирал, Булент дознал од пријател бидејќи сакал да си го реши проблемот со хемироидите кои секојдневно му задавале мака. Операцијата ја договориле во неговата ординацијата ПЗУ „ Јанита“, а операцијата требало…
ДСЗИ ја затвори ординацијата на „ Др- сци мед. К. Митаноски „ лоцирана во општина Аеродром каде што лекарот Звонко Николовски ја извршил операцијата на починатиот 38 годишен човек од Ресен. Од таму соопштуваат дека досега не добиле никаква документација, а во овие два дена додека трае инспекцискиот надзор не нашле ниту медицински кадар. Николовски операционата сала ја изнајмил за таму да ја направи интервенцијата. „Во врска со случајот на починатиот пацинет во ЈЗУ ГОБ 8-ми Септември, на ден 22 и 23.02.2019 год. од страна на Државниот санитарен и здравствен инпекторат извршен е вонреден инспекциски надзор во ПЗУ спец.ординација по…