Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Менче Атанасова Точи
Пандемијата со коринавирусот на многу приватни болници и лаборатории им овозможи да профитираат многу брзо. Државата не направи единствени цени за сите лаборатории и сега „блештат“ реклами кој од нив каква цена ќе понуди
Во чест на Ѓурѓица Ќаева, неуморен борец за права на пациентите и самата со тешка и ретка болест, ја реобјавуваме нејзината колумна објавена на НОВА, во април минатата година
Националниот координатор за трансплантација, преку Министерството за здравство реагира на текстот на НОВА каде мајката на 31 годишниот Кристијан Неделковски кој почина бидејќи пумпите во неговото срце кои беа стари осум години откажаа, обвинува дека три години молеле во Министерството за здравстви и ФЗО, да му се дозволи да замине на трансплантација во Хрватска. Реакцијата ја објавуваме во целост. „Во интерес на правилно информирање на јавноста, должни сме да дадеме одговор на информациите изнесени во текстот, особено поради фактот што воопшто и не бевме контактирани за да можеме и првично ја изнесеме целата документација во врска со случајот со починатиот…
Пумпите кои им се вградени се само преодна фаза до трансплантација на срце. Никој не знае колку е векот на траење на новите пумпи. Првата пумпа која беше вградена во Германија кај пациент од Македонија не издржа. Нејзиниот рок на траење беше пет години, а кај 31 годишниот Кристијан Неделковски кој почина на 22 јуни годинава, беше вградена цели осум години.
Една изјава дадена за пациентка заболена од Ковид-19 од страна на директорката на здравствениот дом во Делчево ја крена на нозе ромската заедница, а по бурните реакции и напади на социјалните мрежи докторката дури размислува да се отсели од градот
Доколку се оцени дека е потребно да се воведат задолжителни ПСР тестови за влез во државата за жители на одредени држави Комисијата за заразни болести ќе даде препораки на Владата за воведување на тие дополнителни мерки. Вака одговорија од Министерството за здравство на прашање на НОВА, дали ќе бидат воведени задолжителни ПСР тестови за влез во нашата држава, дури и за излез, без разлика дали се тоа патници кои транзитираат или не. „Комисијата за заразни болести ја следи состојбата со Ковид-19 во светот и регионот и согласно тоа, доколку се оцени дека е потребно, ќе даде препораки до Владата на…
Ниту еден од нив не е регистриран во базата на позитивни случаи со Ковид-19 во нашата земја, информираат од Министерството за здравство по извршените проверки за сите патници од авионот за Финска. „Ова значи дека немаат решение за изолација како позитивни од Државниот санитарен и здравствен инспекторат“, велат од Министерството за здравство. Во однос на информациите за летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти од авион со 157 патници, по доброволното тестирање, 24 биле позитивни на коронавирус, Министерството за здравство по проверка на информациите со службите од Скопскиот аеродром и граничната полиција информира дека станува збор…
Кој ја кочи набавката на неопходниот лек за 21 годишната Флора Гаши и за уште двајца млади пациенти кои имаат редок тип на прогредирачка форма на Цистична фиброза, со мутација. Флора е хоспитализирана во тешка состојба, одвај дише и искашлува крв. Дали треба да се случи некој да почине, за надлежните да го набават лекот
22 годишното момче кое почина од Ковид-19 имало Даунов синдром, потврдија за НОВА, од Министерството за здравство. Почина синоќа во 21 часот во ГОБ„8 Септември“, каде пациентот бил лекуван од 16 јули, во тешка здравствена состојба. Лекарите велат дека бил донесен во исклучително тешка состојба и многу брзо ставен на респиратор, така што целото лекување го поминал приклучен апарат за вештачко дишење. Лекарите сметаат дека неговата состојба, Дауновиот синдром е ризик сам по себе, особено што состојбата со срцето не му била испитувана преходно. Ова го потврдила и неговата сестра, која е медицинска сестра во истата болница. Во Ковид центарот…
За седум до десет дена ќе се види билансот од големите журки, дружења и блиските контакти по плажите на Охридското езеро. Доколку коронавирусот се рашири тоа нема да биде само во охридскиот регион, туку во целата држава, сметаат во Центарот за јавно здравје во Охрид. Епидемиолозите се особено загрижени затоа што станува збор за претежно млади луѓе кои може да поминат и без симптоми, но да го рашират вирусот понатаму, на повозрасни, хронично болни, деца. „Ако се вршат редовно тестирања за една недела може да се види колку од нив се инфицираале, а за десеттина денови до две недели ќе…
Во време кога се строго забранети посети во болниците заради пандемијата со Ковид, на социјалните мрежи осамна фотографија на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи со претседателот на Собранието Талат Џафери кој е хоспитализиран на Инфективната клиника. На фотографијата во болничката соба е и Неџати Јакупи, директор на Клиниката за торакална хирургија, кој претходно беше министер за животна средина. Османи, кој беше и министер за здравство, на фотографијата која ја сподели на Фејсбук напиша „Еднаш воин, секогаш воин!“. Со одлука на Министерството за здравство, на Клиниката за инфективни болести каде што се лекуваат пациенти со Ковид строго се забранети посети,…
Новороденче кое починало четири дена по неговото раѓање во 2015 година се уште се води дека е живо во Управата за водење на матични книги. Семејството Стојаноски од Прилеп е во шок откога добиле Покана за да го запишат нивното починато бебе на училиште во прво одделение, а претходно добивале и покани за вакцинација