Author: Mirjana

Ливерпул поднесе барање за одложување на полуфиналето на англискиот Лига куп против Арсенал поради голем број случаи на коронавирус, објавено е на официјалниот сајт на клубот. Се посочува дека клубот смета дека е неопходно да се одложи натпреварот поради неколку случаи на инфекција и повреди. Исто така и денешниот тренинг на „црвените“ од Енфилд е откажан. Натпреварот Арсенал – Ливерпул треба да се одигра на 6 јануари со почеток во 22:45 часот.

Read More

Напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку, се извини за интервјуто за италијанскиот печат, во кое го изрази своето незадоволство од ситуацијата во клубот. Конфликтот меѓу Лукаку и Челзи е решен. Но, Белгиецот стана лик непосакуван кај навивачите на „сините“. – Сакам да им кажам на навивачите дека се извинувам за вознемиреноста што ја предизвикав. Знаете за мојата наклонетост кон клубот уште од мали нозе. Се разбира, разбирам дека сте вознемирени. Секако, сега морам да дадам се од себе за да ја вратам вашата доверба и ќе дадам сè од себе да ја докажам мојата лојалност кон клубот. Ќе работам напорно на…

Read More

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, утре ќе наполни 63 години. Во пресрет на роденденот тој вечерва доби торта од сопартијците од ДУИ, со декорација од Коридорот 8. Споделувајќи ја фотографијата на Фејсбук , Артан Груби напиша „Господин Ахмети на својот роденден ја пресече лентата на Коридорот 8“,

Read More

Членките на Организацијата на производители на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници денеска одлучија да го зголемат производството со надеж дека патувањата и побарувачката за гориво нема да се намалат и покрај брзото ширење на омикрон сојот на коронавирусот. ОПЕК плус, која се состои од 23 земји, најави дека од февруари ќе го зголеми производството на нафта за 400.000 барели дневно. Членките на ОПЕК, предводени од Саудиска Арабија и нивните сојузници, предводени од Русија, одлучија да се држат до планот за постепено зголемување на производството на нафта, кое драстично го намалија во првите месеци од пандемијата на коронавирусот. Денешната одлука на…

Read More

Потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во интервју за телевизија 24 изрази надеж дека опозицијата ќе смогне сили и ќе се откаже од намерата да ги блокира законите кои оваа Влада ги предлага, се со цел да може да се делува и работи онака како што треба да функционира државата. Она што морам да го напоменам е дека бројката е навистина голема, но она што е  уште поважно е дека се блокирани голем број закони, кои навистина се за доброто на граѓаните, истакна Костадиновска Стојчевска. Таа наведе дека е блокиран законот за наставници, односно за трансформација на работниот однос на…

Read More

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг закажа состанок на  Советот НАТО–Русија за 12 јануари, изјави портпаролот на северноатлантската алијанса. “Секој  дијалог со Русија мора да се води на принципот на реципроцитет, да се занимава со загриженоста  на НАТО-а во врска со постапките на Русија  и да се одвива во консултација са европските партнери”, изјавил Столтенберг, пренесе Ројтерс. НАТО и САД тврдат дека Русија планира напад на Украина бидејќи во близина на својата граница  со таа земја, прераспределила над десет илјади војници во последните два месеца. Москва демантира дека планира напад на Украина и вели дека има право да ги мести …

Read More

Дваесет припадници на воената полиција на Националната гарда на Кентаки , се подготвуваат да тргнат на нова едногодишна мисија на Косово , каде ќе работат како професионалци во неколку области. Специјализирани се и обучени за одбрана , борба против тероризам, регионална безбедност и разузнавачки полициски операции, пренесуваат приштинските медиуми повикувајќи се на Асошиејтед Прес. Групата војници на Косово, ќе тргне утре а ќе овозможат поддршка како офицери за врска во состав на НАТО трупите на Косово.

Read More

Имаме добри економски показатели и релизации остварени во изминатата 2021 година, напиша на Фејсбук претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада, Димитар Ковачевски. -Зголемени се приходите, имаат раст на ниво на релизација од 15,3 отсто, што значи повеќе пари за граѓаните. Растот на економијата оваа година ќе биде над 4 отсто, што значи економските мерки кои ги реализиравме како Влада дале резултат. Имаме највисоко ниво на реализирани капитални расходи досега, повисока реализација за 45 посто во споредба со минатата година. Дефицитот е понизок од планираниот, изнесува 5,4 отсто од БДП, што значи дека задолжувањето на економијата било…

Read More

Денеска (04.01.2022), полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Ново Село извршиле контрола во две товарни возила, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од с.Мала Речица, тетовско. При контролата било утврдено дека возилата не поседуваат уредна документација, односно лиценците и изводите за вршење превоз во внатрешен и меѓународен патен сообраќај се фалсификувани. Од претставник на Државниот инспекторат за патен сообраќај при Министерството за транспорт и врски возилата биле исклучени од сообраќај и им биле одземени сообраќајните дозволи. Додека, пак полициски службеници од СВР Струмица ги одзеле лиценците и изводите за вршење превоз во внатрешен…

Read More

Бизнисменот Орце Камчев вечерва или најдоцна до утре ќе излезе од притворот во Шутка, откако денеска Апелацискиот суд му ја уважи жалбата  со што решението е преиначено и е прифатена гаранцијата  од без малку 11 милиони евра.  – Дописот од Апелацискиот суд , сеуште не стигнал до затворот Скопје, изјави за НоваТВ директорот Филип Андов. – Штом одлуката дојде до нас, ние сме должни да му ја доставиме на господинот Камчев , кој се наоѓа на лекување во болницата „Аџибадем Систина“ и да му ги доставиме личните работи кои ги имаше со себе за време на притворот. Потоа со полициска…

Read More

Порастот на бројката на новозаразени од ковид-19, го вклучи алармот на здравствените власти но и на многу јавни личности кои коментираат дека како луѓе очигледно не сме се држеле многу до препораките за да спречиме ширење на заразата. Меѓу оние со јавни статуси на социјалните мрежи е и универзитетскиот професор Марјан Ѓуровски. -Ако преживееме во првите 20 дена од Новата година како резултат на лудите журки низ Скопје ќе бидеме ново светско чудо За жал неможевме да бидеме исклучок од правилото,зошто веројатно се одлучивме да градиме и колективен имунитет,иако и тој сега многу неможе да помогне. Меѓу две Влади, дали…

Read More

Како што најави изминатата недела градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески, денес организираше координативен состанок во просториите на општината, на кој што присуствуваа градоначалниците на Општините Битола, Новаци, Могила, Демир Хисар и Долнени и пратениците од Прилеп и Битола, додека пак градоначалниците на Кривогаштани и Крушево иако беа уредно поканети не присуствуваа на оваа средба. За темата на состанокот и за целта која што сакаат да ја постигнат, свои изјави дадоа градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески и пратеникот од Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески. Градоначалникот Јовчески изјави дека според планот со останатите градоначалници и ветувањето од минатата…

Read More