Author: Mirjana

Еминентните актери Весна Петрушевска и Игор Џамбазов во улога на водители на еколошкото шоу Агенда 21, во продукција на КМК. Емисијата ветува добра забава, факти и повик за акција за ублажување на климатските промени, глобалното затоплување и деструктивноста кон природата од страна на човекот. – Сигурна сум дека шоуто Агенда 21 ќе го задржи вниманието на гледачите, преку важни теми за животната средина. Интересен е фактот што направивме емисија која е налик на таканаречена “домашна седенка“ со поширокиот круг на семејството во која дискутираме, едуцираме, дебатираме и се забавуваме. Во светот но и дома сме сведоци на пожари, поплави и…

Read More

Извесното новогодишно украсување за кое екс-градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов склучил договор во вредност од 240.000 евра, предизвика лавина коментари од граѓаните на социјалните мрежи. Украсувањето би предвидувало поставување новогодишна елка на Плоштадот Македонија и украсување на неколку други локации и улици. Граѓаните во бунило-едни револтирани, други разочарани, трети во дилема зошто ќе има украсување за време на енергетска криза. „Село гори, баба се чешла.“ „А на дрва ќе ги ложат светилките? Онака прашувам поради кризата со струјата.“ „Па нели е кризна состојба?“ Според дел од коментарите на социјалните мрежи, граѓаните сметаат дека украсувањето годинава не би требало да се…

Read More

Конечно од зборови на дела „ТМ“ Штип и „АгроБар“ Виница две од 4-те компании кои со нова автоматизирана опрема станаа извозно поконкурентни во настапот на странските пазари Денеска (10.11.2021 година), претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, во придружба на потпретседателите на Комората, Глигор Цветанов и м-р Анета Трајковска, ќе посетат две компании во источна Македонија, за кои Стопанската комора (заедно со уште други две фирми) за прв пат обезбеди директна финансиска поддршка во форма на грант од Фондот за иновации и технолошки развој во износ од 499.905 евра, за набавка на 23 машини во 4-те фирми, потребни…

Read More

Американскиот новинар Дени Фенстер, кој неколку месеци се наоѓа во притвор во Мјанмар, е обвинет за тероризам и се соочува со доживотна казна затвор, соопштија денеска неговите адвокати. Фенстер (37) е главен уредник на „Frontier Myanmar“, еден од водечките независни сајтови во оваа азиска земја. -Фенстер се товари по член 50 од Законот за борба против тероризам и член 124 од Кривичниот законик, изјавија адвокатите. Тој веќе е обвинет за поттикнување и незаконско здружување, а се товари и за кршење на имиграциските закони. Фенстер е еден од новинарите уапсени по соборувањето на демократски избраната влада на Аунг Сан Су Чи…

Read More

Претседателот на Комитетот за надворешни работи на Сенатот, Боб Менендез и уште седум други сенатори испратија писмо до американскиот претседател Џо Бајден пред Самитот за демократија, барајќи појаснување во однос на критериумите кои се применуваат при донесувањето одлуки кои земји ќе бидат поканети да учествуваат. Сенаторите прашуваат и каква улога ќе има граѓанското општество во планирањето и спроведувањето на самитот, како и кои конкретни одговорности ќе ги преземе администрацијата за време на состанокот и што очекува од другите земји, јавува Гласот на Америка. „Додека демократиите имаат многу облици, а некои земји имаат проблеми со консолидирање на демократските институции и практики,…

Read More

Воспоставувањето на базната станица за издавање на патни исправи во Амбасадата на Република Северна Македонија во главниот град на Сојузна Република Германија започна да ги дава првите резултати. За помалку од еден месец, над 200 лица се имаат сликано, а околу 70 наши државјани веќе се имаат стекнато со нова патна исправа, тврди нашиот амбасадор, Рамадан Назифи. Амбасадорот нагласува дека со базната станица се надмина еден од најголемите и најгорливи проблеми со кои дијаспората и амбасадата се соочуваа. За ефикасниот и олеснет процес на добивање патни исправи во амбасадите со помош на новиот систем, сведочат и нашите државјани кои веќе…

Read More

Здружението ХОПС Опции за здрав живот Скопје и Мрежата за заштита од дискриминација се обратија до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со претставка за случај на индиректна дискриминација врз основа на здравствен статус. На женаж која во минатото се лекувала од Хепатит Ц не ѝ било овозможено приватно здравствено осигурување. Приватната осигурителна компанија не им го овозможува ова право и на други лица кои во минатото или во моментот се лекуваат од различни болести. На тој начин осигурителните комапнии вршат дискриминација врз основа на здравствен статус и припадност на маргинализирана група кон луѓето што употребуваат дроги и други…

Read More

Шефот на одделот за комуникации на Алијанса за Албанците, Шефик Дураку ja демантира објавaта на порталот opinionshqip.life, кој излезе со негов цитат дека наводно Дураку за Апасиев вели дека е Кловн. Дураку во контакт со нашата редакција изјави дека „ваквите обиди за кои рече дека потекнуваат од ДУИ, имаат за цел намерно да спинуваат за да и наштетат на иницијативата за интерпелација на Владата. -Моја цел со статусот беше да им укажам на спинувачите дека ни ја потценуваат интелигенцијата нашата и на граѓаните, со тоа што партијата Левица и нејзиниот претседател Апасиев ги претставуваат како толку моќни што дури  можеле…

Read More

ОБСЕ и Агенцијата за млади и спорт започнуваат кампања за подигање на свеста против нетолеранцијата и омразата во Северна Македонија На 10 ноември, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Агенцијата за млади и спорт на Северна Македонија ќе започнат кампања за информирање на јавноста со наслов „Прекини го кругот – омразата не е твој стил“ со која ги повикуваат младите да помогнат да се зголеми свеста за штетните ефекти на нетолеранцијата и омразата. Дизајнирана да одговори на негативните наративи поврзани со сите форми на нетолеранција, кампањата има за цел да влијае на општествениот дискурс на позитивен начин, не само кај…

Read More

Владата на денешната седница по барање на Комисијата за следење на состојбата во енергетскиот сектор, составена од Министерството за економија донесе одлука за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата. Одлуката e донесена и со цел да се вбризгаат средства во енергетските компании за да се зголеми нивната ликвидност. Станува збор за речиси 65 милиони евра, кои ќе бидат префрлени од државниот буџет. Како што информираше министерот Бектеши со прогласувањето на енергетска кризна состојба, единствена мерка која  произлегува од оваа одлука е да се…

Read More

Растат вербалните напади и обвинувања на релација власт- опозиција на два дена пред четврточното гласање (не)доверба на Владата.  Додека се пребројуваат и едните и другите и работат на окрупнување на сопственото мнозинство, се поприсутни се и обвинувањата за уцени, притисоци па дури и за непристојни предлози врз оние избраници чиј глас во зависност од политичката поставеност во парламентот, значи многу во даденава ситуација. Го контактиравме пратеникот Љупчо Пренџов од ГРОМ, кој два дена говори за притисоци врз колегите. – Лично немам притисоци, но самото присуство на премиерот во 19, 20 , 21 часот во Законодавниот дом е облик на притисок,…

Read More

Љубителите на добриот музички звук оваа година по јубилеен дваесетти пат ќе уживаат во музичката селекција на фестивалот Оф Фест, кој  почнува од денес, а ќе трае до 13-ти ноември. Овогодинешната програма е „свежа“, разновидна и возбудлива, една од најинтересните во скорешната историја на фестивалот. Фестивалот ќе започне во Кино Фросина во МКЦ со проекција на документарецот „The art of Amalia“, посветен на големата фадо-дива Амалија Родригез, а ќе продолжи во НОБ со настапот на дуото Лина и Раул Рефри, кои испорачуваат осовремено и надградено фадо, музика што ги надминува географските одредници. На 11-ти ноември со почеток во 20 часот…

Read More