Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Темата за медиумската писменост станува се поважна за граѓаните и демократијата, истакна претседателот Стево Пендаровски на регионалната конференција ‘Западен Балкан – ЕУ’. Тој кажа дека во доба на дигитализација, информираноста се повеќе доаѓа од интернетот, каде често знаат да кружат и дезинформациите. -Интернетот лесно може да стане од алатка за информирање во алатка за дезинформирање, а дезинформациите веќе се сметаат за закана за националната безбедност, вели Пендаровски. Претседателот додаде дека силно присутна е ‘инфодемијата’ која периодов пречи во зачувувањето на јавното здравје. -Треба повеќе кампањи за запознавање на граѓаните како да препознаат информација и дезинформација, бидејќи само така ќе се…
По повод месецот на детското здравје, Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ во чиј склоп е и Мајчин дом, организираше креативна работилница со дечињата од градинката „Срничка“, со цел подигање на свеста за значењето на превентивните прегледи и раното откривање на болестите на локомоторниот систем во детската возраст. Според професор доктор Зоран Божиновски, редовните прегледи уште од најрана возраст имаат големо значење за раното откривање на деформитет. Тој информира дека популацијата од најмала возраст, па се до 18 години најчесто се соочува со деформитети на стапалото, колкот и рбетот. -Годишно се прават околу 7.000 прегледи на деца, некаде од 500…
На почетокот на месецот, Данска беше единствената европска земја без ограничувања за ковид – вирусот. Потоа, обврската да се покаже доказ за вакцинација при влегување во ноќни клубови, беше укината. Таа одлука беше донесена откако 70% од граѓаните беа вакцинирани.Српската амбасадорка во Данска Јасмина Митровиќ Мариќ за РТС вели дека се се вратило во нормален живот како и пред пандемијата и дека Данска сега има скоро 85% вакцинирана популација. Говорејќи за РТС Дневник, Јасмина Митровиќ Мариќ рече дека животот во Данска се вратил во највообичаените текови и дека никој не зборува за „новата нормалност“ за која се зборува во светот.…
Слоештица – селото со име за цел еден свет, минатите денови ги пречека гостите од ЕУ и прекуграничниот регион со Албанија на свечена конференција по повод завршувањето на проектот „Откривање на скриените атракции“ . Великанот на македонскиот збор Петре М. Андреевски ја доби Меморијалната Изложба која е поставена во новоотворениот Мултифункционален Центар кој се реновираше во изминатите 22 месеци како дел од проектните активности со поддршка од ЕУ, Министерство за локална самоуправа и Општина Демир Хисар. Заменик Амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во земјата, Џулијан Васало, отворајќи го Центарот, рече дека скриените села во демирхисарско се дестинација за детокс од…
Си-Ен-Ен во својата најнова анализа за Германската канцеларка Ангела Меркел на три дена до неделните избори,излезе со опсежен текст за политичката траекторија на жената што Германците ја нарекуваа „Мути“ или „Мајка на нацијата“. Во анализата се користени изјави на биографот на Меркел Ралф Болман кој е и автор на авторитетната биографија на Меркел: Ангела Меркел: Канцеларката и нејзиното време “. Од жена која беше „понижувана“ во политички аспект, до жена на која тешко дека ќе и се најде замена во некој од тројцата кандидати номинирани во трката за иден канцелар на Германија. Ангела Меркел беше отпишана многу пати во нејзината…
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска го потпиша Кодексот за фер и демократки избори. Герасимовски се обврза на фер избори со почитување на сите закони, правила и прописи како и почитување на владеење на правото при организирањето и спроведувањето на изборите. „ Јас ќе имам фер и позитивна кампања со почитување на сите учесници и противкандидати. Да ги соочиме идеите и проектите и да имаме конструктивни дебати, само така граѓаните ќе може да го направат вистинскиот избор. На овие избори да покажеме дека политички сме созреале како општество за да ја вратиме довербата на граѓаните во политиката…
Во рамки на Меѓународниот ден на глувите лица кој трае од 23.09. до 28.09., Здружението на глуви и наглуви лица “Тишина” заедно со “АМСЛИ” Здружението на толкувачи на македонски знаковен јазик, снимиле порака која би требало да допре до поголем број луѓе а во која се говори за потребите и проблемите на овие лица и за подигање на јавната свест кај луѓето и институциите.
Комисија на Светската здравствена организација (СЗО) денеска препорача употреба на коктели од антитела против Ковид-19 развиени од компаниите „Регенерон“ и „Рош“ за пациенти со висок ризик од хоспитализација, за оние кои се тешко болни и луѓето што немаат природни антитела. Третманот во САД доби итно одобрување, откако привлече внимание кога се користеше минатата година за лекување на тогашниот претседател Доналд Трамп кога беше заразен со коронавирусот. Терапијата во моментов се разгледува во Европа, додека Британија ја одобри минатиот месец. Во посебно соопштение, СЗО ја повика американската компанија „Регенерон“ да ги намали цените и да го дистрибуира третманот подеднакво низ целиот свет, особено…
Над половина милион евра биле злоупотребени во општина Петровец, откри вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски. Тој кажа дека во месец мај од страна на анонимен подносител добил претставка за злоупотреба на службена положба за перење пари во општина Петровец, а на случајот работеле и биле известени неколку институции. Управата за финансова полиција вчера поднела кривична пријава за пет лица за злоупотреба од над половина милион евра. -Борбата против корупцијата бара активност на сите институции, но и со максимална ангажираност на секој граѓанин. Континуирано работам на меѓуинституционална координација на сите антикорупциски органи, рече Николовски, кој додаде дека ова е…
Рекламните агенции со несекојдневни и по малку бизарни реклами се вклучуваат во борбата за што повеќе имунизирани лица против Ковид-19. Една таква сторија ни пренесува порталот на „The New York Times“. Тоа беше задна врата, за разлика од било која друга во неделата наутро,додека чуден камион кружеше околу стадионот „ Bank of America“ во Шарлот, Н.Ц. „Не се вакцинирајте“, беше напишано на едната страна од камионот, што ги збуни навивачите на Каролина Пантерс, кои беа таму да гледаат натпревар против светите Њу Орлеанс. Под тој текст стоеше името на очигледно спонзорот на оваа козерија, погребалната куќа „Вилмор“ како и објава…
Планот за заштита од пожари требало да го изработи и спроведе болничкиот персонал под раководство на директорот на болницата во Тетово, пишува Дојче Веле (ДВ) повикувајќи се на одговорот што за медиумот го дале од Светска банка (СБ), поврзан со пожарот кој изби во модуларната болница во кој загинаа 14 лица од кои 12 пациенти и двајца надворешни. Од меѓународната кредитна институција, за ДВ објасниле дека, модуларната болница во Тетово била градена според меѓународните и домашните стандарди. ДВ информира дека, од Светска банка не сакале да коментираат во врска со техничките спецификации на проектот по кој се градени модуларните болници…
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денеска имаше средба со Амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Александрович Баздникин со придружна делегација. Ккао што соопштија од МВР, на средбата се разговарало за унапредувањето на меѓусебната билатерална соработка, при што од руската страна се заблагодарија за пружената поддршка при организацијата на изборите и пружањето на можноста руските државјани во нашата земја да го остварат своето право на глас. Амбасадорот посочи дека персоналот на Амбасадата на Руската Федерација целосно с Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денеска имаше средба со Амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Александрович…