Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Наредните Олимписки игри , ќе бидат збогатени со неколку дополнителни дисциплини од областа на танцот. Станува збор за брејкденсот и играњето на шипка. Дефинитивно со ова челните луѓе на Олимписките игри, сакаат да ги привлечат младите луѓе кон спортот и кон оваа глобална спортска манифестација. Колку за пример оваа година за прв пат на Олимписките игри ќе се игра 3х3 баскет додека на Олимписките игри во Париз 2024 година премиера ќе доживее брејкденсот. Но тоа не е се. Танцот околу шипка исто така наскоро може да стане олимписка дисциплина. Тоа е основната мисија на луѓето кои танцувањето околу шипка го…
Михаил Рангелов, од невладиниот Форум за балкански транспорт, за Блумберг ТБ Бугарија, искоментира дека пример за тоа е автопатот „Рила“, што е поврзан со крајната јужна обиколница на Софија, минувајќи низ планинските градови Костенец, Дупница, Самоков – стигајќи до Ѓустендил, а предвидена е и врска со Северна Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на Рангелов, за да се реализира идниот автопат „Рила“, мора да постои политичка волја. Идејата постоеше во 2008-2009 година, кога познатата бугарска градежна компанија „Главболгарстрој“ создаде проект за нејзина изградба врз основа на зелена концесија. „Главголгарстрој“ тогаш сакаше да го изгради целиот…
Со насловот„Следна мисија на НАТО:Да се најде нов шеф“ Бриселскиот портал „Политико“ објави текст за можниот наследник на генералниот секретар, Јенс Столтенберг, чиј мандат завршува наредната година. Потрагата по успешен заменик на Столтенберг се повеќе фокусот го става на жена и тоа од земјите на Југоистокот на Европа и од прибалтичките републики. Оваа тема која зема поприлично замав во редовите на аналитичарите, прогнозерите и тинк-тенк организациите, се повеќе се ,,врамува“ во потребата, по 72 години, Алијансата за прв пат да назначи жена на својата висока позиција. Некои сметаат дека кога би се имале предвид продолжените напори со Русија, изборот на…
Угледниот британски весник „Гардијан“ викендов го продолжи серијалот на написи за израелската компанијата ,,НСО Груп“ што ја става во центарот на можна глобална афера со шпионски софтвер ,,Пегаз“ за следење на новинари, на адвокати, на активисти и други личности од бизнис и од политичката елита, кој им го продавал на авторитарни влади за ,,пресметка“ со лица кои овие ги сметаат за непријатели. За наредната недела ,,Гардијан“ најави објавување на имињата на 180 новинари од водечки светски медиуми кои се цел на клиентите на „НСО Груп“. Компанијата засега ги демантира наводите на ,,Гардијан“ и на уште 16 медиумски организации, кои лиферуваа…
Не можеше да зборува од 2003 година, кога на возраст од дваесет години се парализирал поради тежок мозочен удар доживеан по страшна сообраќајна несреќа. Но, сега науката доведе до пресврт. Научниците ги искористиле говорните подрачја на неговиот мозок, овозможувајќи му да создава разбирливи зборови и реченици едноставно преку обид да ги изговори. Кога човекот познат под прекарот Панчо, се обидува да зборува, електродите вградени во неговиот мозок, ги пренесуваат сигналите во компјутерот, кој на екранот потоа ги прикажува неговите предвидени зборови.Неговата прва реченица била: „Моето семејство е надвор“. Веста за научното достигнување е објавена деновиве со цел да се дознае…
Еден ден откако се изгласа во Собранието, Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурните Коридор 8 и Коридор 10“ го привлече гневот на антикорупционерите, најмногу поради одредбата за отсуство на јавно наддавање односно за склучување на спогодби во четири очи. претседателката Билјана Ивановска, на прес конференцијата, истакна дека ќе се обратат до претседателот на државата Пендаровски, со барање да не го потпишуваат овој закон, бидејќи според ДКСК, тој бил во судир со Уставот. -Законот содржи сериозни уставни прекршувања и поради тоа нема да престанеме со спротивставувањето на негова примена до…
Новинарот на Ројтерс, Даниш Садики е убиен денеска додека известувал од линијата на огнот помеѓу авганистанските и талибанските борци. Настанот се случил во близина на еден граничен премин со Пакистан, изјавил неименуван авганистански командант. долж границата на Авганистан. Садики бил дел од единицата на авганистанските сили која имала за задача да ја преземе контролата врз главниот пазар во областа Спин Болдак и по вкрстениот оган со талибанците, настрадал тој и еден авганистански офицер. Претседателот ан Ројтерс, Мајкл Фриденберг и главниот и одговорен уредник Алесандра Галони соопштија дека агенцијата се обидувала да дојде до дополнителни информации и да соработува со властите…
Ниско позиционираните подрачја кои се наоѓаат во близина на морињата се повеќе се изложени на ризици од поплави, а оваа појава ќе се влошува уште повеќе во иднина, предупредуваат научниците на НАСА. Работејќи на истражувања за гравитациската привлечност на месечината, порастот на нивото на морињата и климатските промени,научниците се речиси повеќе од сигурни дека сето ова се движи во насока која неминовно ќе предизвика уште посилни поплави на Американското крајбрежје но и ширум светот, цени Бил Нелсон, раководител на НАСА. – Кога Месечината, Земјата и Сонцето меѓусебно ќе се најдат во одреден однос, нивното гравитационо привлекување, делува врз океаните при…
Светските медиуми се преполни со написи за очекувања и прогнози од посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на Соединетите Американски Држави. На фактот што ова е прва посета на некој европски лидер на Белата куќа откако во неа се „всели“ претседателот Џо Бајден и тоа што тоа не е никој друг туку германската канцеларка, се гледа како на испраќање сигнал дека САД сакаат да ги поправат односите со Германија како со свој долгогодишен и докажан сојузник, откако буквално претрпе многу напади за време на мандатот на претходниот американски претседател Доналд Трамп, анализира Ројтерс. Иако и двете земји се клучни играчи…
Налепницата со нашиот меѓународен код МК,залепена на стаклото на едно тиркизно-зелено Фиќо, на фотографија од репортажа во хрватскиот весник „Слободна Далмација“, ни го привлече вниманието да се задржиме на текстот и да видиме за што станува збор. Во репортажата се раскажува за Амар Чамо кој 23 години живеел во Австралија и за Лејла која живеела во Швајцарија , за сега како брачна двојка да одберат да живеат во Сараево по венчавката во 2019 година во овој град, и од пред два месеци да се стекнат со највеличенствената улога на светот-родителската. Се почнало пред 5 години кога Амар дошол на идеја…
Судскиот совет продолжи со ,,филтрација“ на судството, односно со разрешување на судии. Денеска се разрешени уште тројца судии поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција а е донесена и одлука за престанок на мандатот на двајца судии поротници од Основниот кривичен суд Скопје поради навршени 60 години возраст. Разрешените судии времено се одалечени од вршење на судиската функција, информираат од Судскиот совет. Судскиот совет, се вели во соопштението по одржаната 378 седница, донесе одлуки за престанoк на судии поротници: во Основниот суд Свети Николе: Стојка Пешевска, Момчило Нацевски, Сузана Дерменџиева и Владимир Тосев, поради истек на мандатот; Основен суд…
Се топи ,„вечниот мраз“ во арктичките предели на Русија-Глобалното затоплување ги загрижи научниците
Феноменот на вечен мраз во арктичките предели на Русија, ризикува да исчезне, со појавата на секојдневно топење. Неколку метри длабока и тврдо – замрзната мешавина од земја, песок и мраз, се наоѓа под градовите и огромните ненаселени области на руските арктички региони, изјави министерот за природни ресурси на Русија,Александар Козлов. -Секој од тие региони ако продолжи да се топи , со постојаната динамика, за 20-30 години, ќе се претвори во подрачје со обработлива почва за земјоделски потреби, изјави Козлов за рускиот бизнис весник РБЦ,пренесува ,,Сибериан тајмс“ Козлов смета дека регионите со вечен мраз требало брзо да се прилагодат на ситуацијата…