Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, попладнево изјави дека не се зборува за преговарачка рамка со Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел. На прашање на МИА дали Европската Комисија ќе гарантира дека конечната преговарачка рамка меѓу ЕУ и Северна Македонија нема да ги прекршува вредностите, правилата и принципите на ЕУ, еврокомесарот Вархеји порача дека не се зборува за преговарачка рамка воопшто. -Не сум запознаен со никаква преговарачка рамка, знам дека има комплетен застој во Софија, го поминувам речиси секој вторник во таа земја, без резултат, очигледно е дека внатрешната политика е способна да му наштети на кредибилитетот на ЕУ,…
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски потврди дека во недела ќе има средба со собраниските и владини коалициони партнери на која средба ќе се направело рекапитулар на се досега направено, ќе се информирало за мерките за амортизирање на ценовниот шок опфатени со ребалансот на буџетот, за растечките цени на странските пазари на храната, енергијата..изјави Ковачевски. „На средбата ќе го реафирмираме ставот за редовни парламентарни избори во 2024 година заедно со претседателските. Партиите од владејачката коалиција имаат јасна европска цел и визија и ова е коалиција за европска перспектива на државата. Имаме најдобри односи со сите соседи во регионот со исклучок на едно…
Претседателот на македонската влада Димитар Ковачевски во изјава за медиумите остана на досегашните позиции визави прашањето за разговорите со Бугарија и влијанието врз нашата европерспектива. Финалниот документ на кој сега работи француското претседателство, а што ќе се најде како завршница на претстојниот Самит на Советот на ЕУ, не зависи од нас, рече тој. „Ние немаме добиено предлог за деблокирање на проширувањето на ЕУ кое вклучува решенија што произлегуваат од нашите разговори со Бугарија којшто е усогласен со сите земји членки на ЕУ. За нас досега од ЕУ има 4 последователни позитивни извештаи и 45% усогласеност на нашето законодавство со ЕУ,…
Наизглед монотоната расправа во Националното собрание за измените на законот за досиеја за малку да доведе до вистинска тепачка во пленарната сала. Причина за ова беше изјавата на Искрен Митев од „Продолжуваме да се менуваме“ (ПП). Тој директно од трибината му се обрати на лидерот на „Вазраждане“ Костадин Костадинов со навредлив прекар „Копеикин“. „Се виде дека господинот Копејкин го предал народот затоа што купил куќа со нивните пари, а тоа што му останало, го претворил во евра, се вакцинирал и на крајот зел картичка за да каже дека е повеќе маж од другите. “, објави младиот пратеник од ПП. Кога…
„Украина мора сама да одлучи дали ќе прифати какви било територијални отстапки за Русија за да се стави крај на војната“, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за телевизијата ТФ1 за време на посетата на Киев. Францускиот претседател изјави дека Франција и Германија нема да водат разговори за примирје со Русија наместо Киев и дека Украина и нејзиното раководство треба да одлучат кога и под кои услови ќе ги продолжат разговорите со Москва. „Ова зависи од Украина да одлучи“, рече Макрон, одговарајќи на прашањето кои отстапки, вклучително и на нејзината територија, Украина треба да ги прифати, пренесува Ројтерс.…
По донесување на Одлуката за повторното замрзнување на маржите на основните прехранбени производи, цените во маркетите веќе од вчера почнаа да се намалуваат. Очекуваме дека овој тренд на намалување на цените да продолжи и во наредните денови. Пазарниот инспекторат е на терен за да утврди дали трговците ја почитуваат Одлуката, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во гостувањето во „Утрински брифинг“. „Владата годинава донесе две мерки за заштита на стандардот на населението – замрзнување на цените и замрзнување на маржите. Мерката за замрзнување на маржите траеше до крајот на мај“, кажа министерот Бектеши и потенцираше дека се очекуваше дека цените…
Австрискиот канцелар Карл Нехамер изјави дека Австрија ќе го поддржи статусот на Украина како кандидат за членство во ЕУ само под услов да нема двојни стандарди во процесот на проширување, нагласувајќи дека мора да се применуваат истите критериуми како и за кандидатите од Западен Балкан. „Не би било замисливо да и одобрам кандидатски статус за Украина, а во исто време да ги држам надвор државите, како што е БиХ“, нагласи Нехамер за германскиот весник „Велт“. Во меѓувреме, австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг изјави дека Европската унија има одговорност не само кон Украина, туку и кон земјите од Западен…
„Преносливите ракетни системи „Стингер“ и противтенковските системи „Јавелин“ што Западот и ги доставува на Украина веќе се продаваат на црниот пазар“, рече рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. Се разбира, не е важно да се погледне одблиску што веќе се случува со оружјето што го има во Украина, оние „Стингери“, „Јавелини“,тие се веќе на црниот пазар. Се појавија во Албанија и Косово и се продаваат со попуст, така да се каже. Се на се, процесот на освојување на црниот пазар е во тек“, изјави шефот на руската дипломатија, пренесе Спутник. Лавров за Би-Би-Си: Русија не изврши инвазија Шефот на…
Конечно по цели 7 века, меѓународен тим експерти го откри потеклото на најсмртоносната пандемија во историјата на човештвото, која однесе стотици милиони животи во Европа, Азија и Северна Африка. Во средината на 14 век избувнала најсмртоносната пандемија на чума во историјата на човештвото, од која човештвото се опоравува веќе два века. И покрај големите напори, научниците – досега – не можеа да утврдат каде точно почнала да се шири бубонската чума, јавува РТС. Новите анализи покажуваат дека инфекцијата започнала на територијата на денешен Киргистан во Централна Азија, некаде во четвртата деценија на 14 век, по што се проширила низ остатокот…
Велика Британија денеска воведе санкции за неколку руски државјани вклучително и за московскиот патријарх и на цела Русија, Кирил. Санкциите за патријархот Кирил се воведени поради неговата поддршка на воената операција во Украина, се наведува во соопштението на британското Министерство за надворешни работи. На списокот санкционирани, ставена е и руската комесарка за права на детето Марија Љвова-Белова поради, како што се наведува, принудниот трансфер на украинските деца, пренесува Ројтерс.
Телата на стотици мали сини пингвини се заплиснати на плажите на северниот брег на Нов Зеланд во последните неколку недели, за што еколозите стравуваат дека климатските промени ги изгладнуваат птиците до смрт. Корора, видот на малите сини пингвини, потекнува од Нов Зеланд, но се „изложени на ризик“ од исчезнување, предупреди Одделот за заштита на земјата. Тие се соочуваат со предаторски закани од кучиња и други животни, но исто така се подложни на смртни случаи од сообраќајот на патиштата и од градежните активности на крајбрежјето. Конзерваторите се обидуваат да откријат зошто пингвините масовно умираат од почетокот на мај, кога жителите првпат…
Посветено и многу напорно работиме на претстојниот состанок на Советот на ЕУ да донесеме одлуки со кои следните чекори во однос на проширувањето да се движат во вистинска насока. Посветени сме на прашањето Македонија и Албанија да ги почнат пристапните преговори со ЕУ и сме вклучени со Франција да се надмине билатералниот проблем со Бугарија и во однос на ова прашање очекувам развој многу брзо, изјави претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел на заедничката прес конференција со македонскиот претседател Стево Пендаровски. Мишел не потврди дали има француски предлог до Бугарија, за кое утрово информира премиерот Кирил Петков и дека…