Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Еден ден откако српскиот претседател Александар Вучиќ се состана со премиерот на Косово Албин Курти, во Берлин на неформални вечери организирани од германскиот канцелар Олаф Шолц и од специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, многумина сакаат да дешифрираат што се криело зад куртоазните насмевки и што содржело дипломатското „мени“. Самиот факт што дијалогот е обновен по цели 10 месеци и со неколку битни промени на меѓународната сцена од тоа дека сега германски канцелар е Шолц а не Меркел па до војната во Украина која им виси над главите на сите, и иако протоколот направи совршена…
Од ноќеска на полноќ бензините и екстра лесното масло ќе поскапат за 2,5 денари, нафтата за 3 денари
Нови повисоки цени на горивата од полноќ во просек за 2,92 отсто споредбено со вчера ( 03.05.2022). Па така бензините од 95 и од 98 октани како и екстра лесното масло ќе се покачат за 2,5 денари а нафтата за 3 денари за литар, соопшти Регулаторната комисија. Од Регулаторната комисија ја објаснуваат процедурата што влегува во формирањето на цената на горивата. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,498 %, кај дизелот за 3,023%, кај екстра лесното масло за 3,262% и кај мазутот зголемување е за 1,555%.…
Најновиот биланс на новозаразени од коронавирусот покажува тенденција на зголемување на случаите. Од 1.661 тестирање, позитивни се 135 лица. Сликата по градови е следна: Скопје – 65, Битола – 19, Ресен – 8, Тетово – 6, Готивар, Охрид и Струмица – по 4, Кавадарци, Гевгелија, Делчево, Берово и Валандово – по 3, Куманово и Струга – по 2, Велес, Кичево, Кочани,Неготино, Виница и Кратово – по 1. Од вкупно 135 новозаразени, 13 биле реинфекции, информираат од Министерството за здравство. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица на дневна основа а е пријавено едно починато лице од…
По неколку самоубиства меѓу персоналот, од кои три за помалку од една недела во април, над 200 морнари го напуштија американскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“. Морнарите беа прекачени во објект на американската морнарица додека носачот на авиони на нуклеарен погон „Џорџ Вашингтон“ го продолжува долгорочниот процес на полнење гориво и ремонт на бродоградилиштето во Њупорт Њуз, Вирџинија. Во текот на изминатите 12 месеци, седум членови на екипажот загинаа, вклучително и четворица кои се самоубија, што ја поттикна морнарицата да отвори истрага за климата и културата на командување на носачот од класата Нимиц. Командантот на носачот на авиони, капетанот Брент…
Полицијата на Уганда соопшти дека 20 луѓе загинале откако патнички автобус удрил во еден објект на плантажа од чај покрај автопатот на западот на земјата. Полицијата соопшти дека најмалку 7 жртви биле на возраст под 18 години, пренесе Асошиејтед прес. Смртоносните сообраќајни несреќи се чести во Уганда бидејќи сообраќајниците се многу тесни и често преполни со оштетувања и дупки.
– Се додека владата не седне со нас да разговара и не се договорат за предвремени парламентарни избори, ќе трае блокадата на собранието и таа нема да биде неколку дена туку подолго со недели а можеби и со месеци, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. – Вечерва имаме состанок на ИК, ќе ја презентирам идејата и да почекаме. Ако мислите дека ќе завршиме тука, нема. Ова ќе биде процес во кој треба комплетно да ја принудиме оваа влада раководена од 15 пратеници на ДУИ и администрирана од Ковачевски и СДСМ да замине, затоа што мора да се согласите дека сега…
На потегот меѓу плажите Горица 2 и Горица 3 во водите на Охридското езеро , утрово е пронајден машки труп, за кој се претпоставува дека е на рибар кој се удавил лизгајќи се од една од карпите каде бил застанат да лови риба. Ова го потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски кој уште соопшти дека полицијата е на местото на настанот и врши увид. Инаку телото на давеникот утрово го забележале случајни минувачи по што пријавиле во полиција. Засега сеуште се непознати причините за лизгањето и паѓањето од карпа во водите на езерото на охридскиот рибар.
Интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија не може да се случи без претходно да се гарантираат правата на Бугарите кои живеат таму и без да се запре говорот на омраза. Интеграцијата на Македонија во ЕУ, за Бугарија е стратешка цел но откако ќе се надминат горенаведените појави, изјави претседателот на Бугарија Румен Радев на отворањето на конференцијата „Европска перспектива за добрососедски односи меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија“, која се одржува на денот кога се одбележуваат 119 години од смртта на Гоце Делчев. Радев, исто така, посочи дека Бугарија сака да ги реши спорните политички прашања со Северна Македонија…
Еден постар жител на Шангај по грешка беше прогласен за мртов и одведен во мртовечница во жолта вреќа, како најнов знак на нефункционирањето на градот погоден од Ковид, каде што милиони луѓе остануваат во локдаун што го спроведува владата. Видео снимката, снимена од случаен минувач, го покажува моментот кога неколку работници облечени од глава до пети во заштитна опрема се оддалечуваат додека сфаќаат дека човекот е сè уште жив. Снимката оттогаш стана вирална на кинеските социјални мрежи, предизвикувајќи ужас и бес. На видеото, објавено во неделата, се гледа како главата на човекот — жител на старечки дом — се појавува…
Во пресрет на утрешниот Ден на македонскиот јазик, 5 мај на кој од 2019 година се чествува прогласувањето на Решението на Народната влада на Федерална Македонија од 1945-та за усвојување на азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо и озаконувањето на првиот правопис со што беше стандардизиран македонскиот јазик, поразговаравме со проф. д-р Симона Груевска-Маџоска од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ ‒ Скопје УКИМ, со цел како медиум да дадеме прилог во согледување на нештата поврзани со употребата и грижата за македонскиот јазик и што како граѓани, работници и како институции правиме или не правиме доволно за негова афирмација.…
Почетокот на летото научниците го поврзаа со климатските промени и сметаат дека повеќе од милијарда луѓе во Индија и во соседен Пакистан се изложени на некој начин на екстремна жештина, објавува Ројтерс. Индиската западна држава Махарашта регистрира 25 смртни случаи од топлотниот удар од крајот на март досега, што е најголем број на жртви последните 5 години, а температурата во оваа држава го надминува 40-иот степен. – Причината за смртта на овие луѓе најверојатно е топлотен удар, изјавил Прадип Авате, здравствено официјално лице на Махараштра, за Ројтерс.
Изградбата на гасниот терминал во Александруполи е историски настан за регионот и проект за долгорочна енергетска независност и постојано снабдување со течен гас во едно исклучително кризно време, порача премиерот Димитар Ковачевски на свечената церемонија по повод почетокот на изградба на овој терминал. На денешниот настан во Александруполи, Ковачевски рече дека гасниот терминал е од огромно значење за регионот од аспект на диверзификацијата на природниот гас и поголемата сигурност во снабдувањето со овој енергенс. – Јужниот коридор ја намалува зависноста од досега единствениот канал на доток на гас од Русија. https://www.youtube.com/watch?v=umXvrDESEIo&t=11s Поточно, со овој проект наместо во нашата држава да…