Author: Mirjana

Повикувајќи се на потврда од охридскиот Основен суд, порталот 360 објави дека на Мијалков му бил издаден упатен акт, на 8 август да се јави во затворот во Струга за издржување на тригодишната затворска казна во предметот „ Империја“. На ова претходеше промена на адресата на живеење на Мијалков од Скопје во Охрид, со што надлежен за издавање на упатен акт стана Кривичниот суд во Охрид, пишува порталот. Како што е веќе познато, затворската казна од три години на Мијалков му беше определена откако тој како обвинет во „Империја“ призна вина за кривичните дела злосторничко здружување и противправно стекнување и…

Read More

Следнава сторија за која пишува Вашингтон пост , може слободно да се смести во рубриката „Верувале или не“ или да послужи како уште една потврда на она што велиме „правдата  можеби е бавна но го стигнува секого“. Со најновата техника во форензиката „Генеалогија на гените“ која станала вообичаена техника во полициските  истраги, во САД е разрешен случај на  убиство извршено пред 46 години.  Фрлена шолја за кафе на аеродромот во Филаделфија на почетокот  на годинава доведе до разрешување на случај за убиство стар 46 години. 68 – годишниот Дејвид Синополи беше уапсен во неделата наутро и е во затвор каде…

Read More

Вселенскиот телескоп Џејмс Веб пронајде галаксија која постоела пред 13,4 милијарди години, само една недела откако на светот му беа прикажани првите слики од телескопот, изјави за AFP Рохан Наиду од Центарот за астрофизика на универзитетот Харвард. „Галаксијата GLASH-z13 датира од 300 милиони години по Големата експлозија, или околу 100 милиони години порано од било што претходно идентификувано“, изјави Рохан Наиду . Телескопот Џејмс Веб, кој веќе десет дена е на насловните страници во научните кругови, успеа да забележи галаксија која постоела кога вселената била стара само 300 милиони години, што е неверојатно достигнување.

Read More

Апелите на германската Влада, пред се на министерот за економија Роберт Хабек, граѓаните да штедат енергија со помалку туширање вродија со плод, покажа истражувањето на институтот ИНСА. Ова барање доведе 62 отсто од Германците да се тушираат пократко и поретко отколку пред само неколку недели. Од друга страна, 35 отсто тврдат дека не ги промениле навиките за туширање. Поддржувачите на партијата Зелени, 33 отсто, почесто од другите гласачи велат дека таа го намалила времетраењето и зачестеноста на туширањето. А, Германците со помали примања почесто изјавуваа дека на овој начин штедат енергија. Речиси секој втор Германец, 45 отсто, има преземено и…

Read More

Сојот Омикрон БА.5 на коронавирусот е многу пати позаразен од сите претходни видови и подваријанти на корона бидејќи едно лице може да зарази од 15 до 20 луѓе. Со овие истражувања практично се докажа дека овој сој го зазема приматот и пред  морбилите кои досега важеа  за најзаразно заболување и беа пример за екстремна заразност бидејќи еден заразен може да инфицира 17 од нив. Ова го изјави врвниот српски епидемиолог прим. Д-р Предраг Кон. „Пресекот и секвенционирањето беа направени на 6 јуни, а потоа и на 8 јули, кога во 190 примероци имавме нешто помалку од 28 отсто од оние…

Read More

788 новозаразени од 1.631 тестирање, регистрирал Институтот за јавно здравје изминатото деноноќие, пренесува Министерството за здравство. Во Скопје во последните 24 часа има 350 новозаразени, Битола – 59, Куманово – 53, Кавадарци – 33, Охрид – 31, Прилеп – 30, Велес и Струмица – по 27, Тетово – 25, Штип – 22, Гостивар – 20, Струга – 18, Кичево и Гевгелија – по 14, Неготино – 12, Ресен – 10, Крива Паланка – 9, Радовиш – 8, Кочани – 6, Берово, Кратово и Крушево – по 3, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2, Дебар, Валандово, Виница, Пробиштип…

Read More

Шефот на британската дипломатија и еден од кандидатите за лидер на конзервативците и премиер на Велика Британија Лиз Трас денеска изјави дека не поддржува директно учество на британски војници во Украина. На прашањето на Би-Би-Си дали, доколку стане премиер, ќе поддржи испраќање на британски војници во Украина, Трас одговори дека Лондон прави се што може за да ја поддржи Украина. „Водевме меѓународна коалиција за испраќање оружје, воведуваме санкции, но јас не го поддржувам директното вклучување на британските војници“, рече британската министерка за надворешни работи Лиз Трас.

Read More

„Ги започнавме преговорите онака како што ветивме со заштитен македонски јазик и идентитет. Се е направено пред се заради нас, за нашите граѓани и за нашите деца да живеат подобро и да живеат како сите останати европски народи, со овие зборови денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ја почна презентацијата и објаснувањето за тоа што значи скринингот и колку се очекува истиот да трае. „Де јуре и де факто, процесот започна пред два дена на 19 јули кога ја одржавме првата меѓувладина конференција која ја означува последната етапа од нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија, изјави вицепремиерот Маричиќ веројатно…

Read More

Поднесувањето на барање за влез во ЕУ ќе се наплаќа електронски во износ од 7 евра,  ќе важи за сите патници од 18 до 70 години а штом ќе се добие дозволата  може да се користи за повеќекратни влезови во период од три години, предвидуваат новите правила за влез во Европската Унија што ќе почнат да се применуваат од мај наредната, 2023 година. Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS), ќе бара од граѓаните кои патуваат во ЕУ да пополнат нов формулар врз основа на кој  ќе им се издаде  дозвола за влез во ЕУ но може и…

Read More

Согласно добиените информации од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи, во следните четири дена – од четврток до недела (21-24.07.2022), територијата на целата држава ќе биде зафатена со високи температури од портокалова фаза и во овој период ќе важат препораките за намалување на ризиците од високи температури, согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението. Во овој период, почнувајќи од четврток (21.07), сите региони во државата – скопскиот, осоговско-малешевскиот, пелагонискиот и охридско-преспанскиот ќе влезат во портокалова фаза, при што состојбата на топлотен бран почнува да важи на целата територија на Републиката…

Read More

На предлог на Министерството за економија Владата на денешната седница донесе две одлуки за ограничување на извозот на одредени производи и одлука за укинување на царината за увоз на масло за јадење од сончоглед. Овие одлуки се донесени со цел со цел се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните и да се одржува снабдувањето на домашниот пазар од растот на цените, објави министерот за економија Крешник Бектеши. За да се спречат сериозни пореметувања на пазарот во земјата,  кои може да настанат со извоз на пченица и брашно од земјата,…

Read More

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска најави дека ако се утврди дека некои компании прават вештачки недостиг од пелети и огревно дрво само за да ја покачат цената и го зголемат профитот, во пресрет на грејната сезона, истите ќе ги објави јавно како што претходно беа објавени јавно, фабриките и маркетите кои лажно прикажуваа недостиг од некој ресурс или артикл со што и нереално им  беше покачена цената. Битиќи рече дека денес ќе му било дадено задолжение на Инспекторатот да излезе на терен и да ја согледа фактичката состојба. „Денеска на Влада по допрен глас ќе дадеме задолжение на…

Read More