Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Во галеријата на Македонското културно друштво „Охридски бисери” во Нова Горица, Република Словенија, беше отворена изложбата што ја подготви Државниот архив: „150 години од раѓањето на Гоце Делчев” (1872 – 2022). На отворањето на изложбата се обратија македонската амбасадорка во Република Словенија, Сузана Зеленковска, претседателот на Клубот, Боро Митовски, градоначалниците на општина Нова Горица, д-р Клемен Миклавич и на Шенпетер, Милан Турк, како и директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески. Притоа, во чест на гостите беше изведена и пригодна културно- уметничка приредба. „Самата изложба е презентација на архивски документи и фотографии, што го прикажуваат ликот и делото на Делчев…
Државниот архив, во соработка со ,,Британската библиотека”, во наредните две години ќе го дигитализира целокупниот материјал и заоставштина на браќата Манаки. Проектот за соработка со ,,Бритиш лајбрери” и за дигитализација на целокупното творештво на браќата Манаки веќе е потпишан од страна на директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески, а, разбирливо, овој проект главно ќе го води екипа на Државниот архив – одделение Битола, предводена од раководителот, Гоце Стојановски. „Во Договорот, меѓу другото, се потенцира дека главна цел е комплетната дигитализација на документите и фотографиите на првите филмаџии на Балканот, Јанаки и Милтон Манаки. Материјалите се наоѓаат во Државниот архив…
Пишува: Нано Ружин Две групи пратеници влегуваат на сцената на македонското Собрание, слично како во драмите на Мартинез. Едната исполнета со омраза, презир, нервоза, македонштина, ратоборност и со полни куфери транспаренти, труби, вувузели, свирки, облечени во бели маички на кои доминира огромното „НЕ“. Им недостасуваат уште димни бомби, за да се долови навијачката фубалска атмосфера. Кога би ги анализирал Роберт Каган, сопругот на Викторија Нуланд, би напишал: „овие делуваат како да се дојдени од Марс, богот на војната, персонификација на сила, агресивност, подготвени за војување“. Другата група е опуштена, без никакви комплекси, со емпатија, молчелива, помалку заплашена бидејки сеуште се…
Само што почна 81-та седница на Собранието на Република Северна Македонија која е со единствена точка на дневен ред Информација за содржината на Предлог- преговарачката рамка за пристапните преговори со ЕУ, на која треба да се изгласаат и заклучоци кои потоа ќе и се испорачаат на владата , е дадена пауза , на барање на заменик координаторот на ВМРО ДПМНЕ, Дафина Стојановска. Таа побара процедурален настап на говорницата каде го искина листот односно информацијата доставена од Владата до пратениците и рече дека бил повреден Деловникот, зашто било која информација што доаќала од било која институција, вклучително и од Владата, а…
Министерството за здравство информира дека билансот од последното деноноќие е следен: од 1.365 тестови заразени се 494 луѓе. Според градови сликата е следна: Скопје – 251, Битола и Охрид – по 38, Куманово и Велес – по 23, Тетово – 19, Прилеп – 17, Кавадарци – 11, Гостивар – 10, Гевгелија – 8, Кочани – 7, Струга – 6, Штип и Крива Паланка – по 5, Струмица, Неготино и Радовиш – по 4, Ресен, Свети Николе и Кратово – по 3, Делчево, Берово, Валандово, Виница и Пробиштип – по 2, Кичево и Македонски Брод – по 1. Од вкупниот број на…
80-тата седница на Собранието на дело ја покажа поларизираноста околу францускиот предлог во Собранието. Додека едни аплаудираа на говорот на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен во случајот владејачкото мнозинство и сите што го поддржуваат предлогот, други од опозицијата со транспаренти и со повици дека предлогот е фашистички, скандираа за време на говорот, облечени со маички на кои пишуваше Не! Во еден момент фон дер Лајен мораше да го тргне малиот транспарент на кој беше испишано Не! а кој и беше дофрлен на говорницата.. Нејзиниот говор не доби аплауз од пратениците на ВМРО ДПМНЕ и на сите пратеници против…
Секој миг се очекува продолжение на 81-та собраниска седница, по информацијата од Владата за францускиот предлог – преговарачка рамка за ЕУ. Како што е предвидено, на денешната седница треба да се обрати премиерот Димитар Ковачевски. На оваа и претходеше седницата на која свое обраќање имаше претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен. https://www.youtube.com/watch?v=R1sU2dNhX7c
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за време на говорот во Собранието на претседателката на европската комисија Урсала фон дер Лајен подигнаа табли со пораки испишани на англиски јазик каде стои: – Ултиматум , не благодарам! – Да за ЕУ, не за асимилација ! – Ние сме Македонци не бугари – Бугарија, засрами се – Нема иднина без историја – Македонија не е на продажба – СДСМ предавници на народот Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието на Република Македонија ги пренесоа…
Обраќање во живо на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. https://www.youtube.com/watch?v=7fxqEgCSYP0
За францускиот предлог , неговата суштина и дали тој беше добро искомунициран со јавноста, потенцијалите да го дополаризира општеството и да го втурне во нова спирала на агресија и насилство, за тоа дали можеше европските пријатели да срочат подобра преговарачка рамка со ЕУ со што на страна би ги оставиле билатералните прашања со Бугарија, за тоа што значи да почнат преговорите и имаме ли алтернатива, како и за улогата на Фондацијата Отворено општество – Македонија, зборувавме со извршната директорка Фани Каранфилова-Пановска. НоваТВ: Фондацијата Отворено општество – Македонија деновиве излезе со реакција околу насилните протести иницирани од Францускиот предлог, но досега…
Изминатиот период бевме сведоци на широк консултативен процес по предлогот на француското претседателство за преговарачка рамка со Европската Унија и како пратеници внимателно ја следевме рамката и ги нотиравме клучните загрижености и сметавме дека Собранието е клучното место каде што треба овој процес да има епило, изјави координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбр Адеми. Адеми соопшти 6 заклучоци со кои ја обврзуваат оваа Влада и преговарачки тим но и секоја наредна Влада и преговарачки тим да ги почитуваат зашто без нивно почитување нема да се можни ниту преговорите, рече тој. „Како прво трба да се поздрави фактот дека преговорите…
Пилотите во авиокомпанијата „SAS“ штрајкуваат веќе 11 дена, а со штрајкот се засегнати стотици илјади туристи, пред се оние од скандинавските земји. Претставниците на работодачавот и на синдикатите во текот на вчерашниот ден ги продолжија преговорите по новиот колективен договор што беа прекинати на 4 јули, но не успеаја да ги надминат несогласувањата. Се очекува разговорите да продолжат денеска, најавуваат од синдикатот „Данск метал“ што ги застапува данските пилоти во „SAS“. Авиокомпанијата што подолг период е во криза соопшти дека штрајкот во шпицот на сезоната на патувања резултира со загуби меѓу десет и 13 милиони долари дневно, во време кога…