Author: Нова ТВ

Специјалните пајак возила во текот на минатата недела подигнале вкупно 167 автомобили од јавните површини од кои 21 е отстранет од зонските паркиралишта, а останатите 146 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци – паркирање на коловоз, на велосипедска патека, на пешачки премин, на тротоар, на зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице. Како што е наведено во соопштението од Град Скопје, контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 361 возило, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 21 возило се отстранети со пајак службата, поради…

Read More

На ураганот „Лора“, кој се приближува кон брегот на Тексас со брзина од над 200 километри на час, е на праг на мине од категорија 4 во категорија 5 што е највисоко ниво според на Националниот центар за урагани на САД. Невремето, според експертите, би можело да биде најсилното досега што ги погодило крајбрежните области на Тексас и на Луизијана. Ураганот „Лора“, кој метеоролозите го нарекоа „смртоносна катастрофа“, се очекува да стигне до американското копно и да предизвика катастрофално уништување. Синоќа се наоѓал на околу 145 километри југоисточно од Порт Артур, Тексас, а се проценува дека првиот контакт со континенталниот дел…

Read More

Ова е досега уникатна казнена мерка во Нов Зеланд: Десничарско-екстремистичкиот атентатор од Крајстчрч гарантирано никогаш нема да излезе од затвор, одлучи судот во Нов Зеланд

Read More

На пациентите кои имаат механичка поддршка, односно пумпи во срцето, во иднина ќе им бидат покриени трошоците за материјалите за редовните неделни преврски за кои пациентите досега одвојуваа огромни средства од својот сопствен буџет и постојано се соочува со проблеми за нивно снабдување од странство. Ова е само првиот пакет бараа, од вкупно три, кој им е одобрен од ФЗО и е доствен до министерот за здравство, на потпис. „Денеска, 26.8.2020 година добивме официјална информација од директорот на ФЗО, Миле Сугарев дека на седницата на управниот одбор од ФЗО е усвоен и одобрен првиот здравствен пакет (од вкупно три) во…

Read More

Собранието на Република Северна Македонија за 29 август (сабота) ја закажа 10-тата седница на која треба да биде избрана Владата на мандатарот Зоран Заев, кој денеска до претседателот на Парламентот Талат Џафери ја достави програмата за работа и предлогот за состав на  Влада. Заев денеска рече дека новата Влада ќе биде стабилна, ефикасна и одговорна влада која ќе ги гарантира стратешките определби односно членство во НАТО и ЕУ, добри меѓусосетски односи, справување со корона кризата, нова енергија и подинамичен економски раст, како и ефикасна правна држава, модерно образование и стабилни институции. -Со мене денеска се 19 министри и министерки. Сите…

Read More

Учебната година ќе почне на 1 октомври, одлучи Владата на денешната 82-ра седница и го задолжи Министерството за образование да го промени календарот за почеток на учебната година. – Владата го задолжи Министерството за образование и наука да го промени календарот за учебната 2020/2021 година со што наставниот процес наместо на 1-ви септември да започне на 1-ви октомври 2020 година, се наведува во соопштението од владината прес-служба. Владата на денешната седница ги усвои Протоколите за постапување на основните и средните училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година. Во Протоколот за основните и средните…

Read More

Во изминатото деноноќие, според МЗ, се направени 2.065 тестирања со позитивни резултати кај 53 лица од Скопје, 13 од Прилеп, девет од Куманово, по шест од Гостивар и од Делчево, пет од Берово, по четири од Штип и од Тетово, по три од Кочани, од Свети Николе и од Кичево, по две од Струга и од Пехчево и по едно лице од Велес, од Битола, од Охрид, од Крива Паланка, од Радовиш и од Неготино

Read More

Властите во САД издадоа наредба за евакуација на над пола милион жители на американскиот брег во Мексиканскиот залив поради ураганот „Лора“ кој може да ги погоди Тексас и Луизијана. Невремето, според тамошните медиуми, е проследено со силен ветар и се очекува да предизвика поплави и големи бранови. Повеќе од 385.000 луѓе треба да бидат евакуирани од градовите Бомонт, Галвестон и Порт Артур во Тексас, а наложена е евакуација и на уште 200.000 жители од пониските области во југозападна Луизијана, каде бранови високи, речиси, четири метри би можеле да поплават цели места. Националниот центар за урагани предвидува дека „Лора“, поради топлата…

Read More

Судењето за организаторите на настаните од 27 април во парламентот, ќе продолжи на 4 септември со сослушување на сведоци предложени од одбраната на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, откако денешното рочиште заврши со презентирање на материјалните докази. На 4 септември треба да бидат сослушани 15 пратеници меѓу кои Трајчо Димков, Иван Стоилковиќ, Љупчо Димовски, Љиљана Кузмановска, Драган Данев, Панче Минов, Благоја Деспотовски и други. На предлог на поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски на денешното рочиште беше презентиран видео запис од продолжението на конститутивната седница на Собранието на 27 април во 2017 година. Прво беше пуштен дел од обраќањето на Зоран…

Read More

Мајка Тереза е симбол за бескрајна хуманост, за љубов кон човекот, за грижа и сочувство кон болните и сиромашните и не толку среќните во животот, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери во обраќањето на манифестацијата „Денови на Св. Мајка Тереза“ што се одржа денеска на плоштадот „Македонија“ по повод 110 годишнината од нејзиното раѓање. Свечено беше откриена и обновената спомен-плоча на местото на родната куќа на Гонџа Бојаџиу – Св. Мајка Тереза во центарот на Скопје. „Пред оваа спомен плоча која ги симболизира темелите на родната куќа на оваа светски почитувана Албанка, сакам да го изразам и споделам чувството на…

Read More

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко е позитивен на Ковид-19 и хоспитализиран е на Инфективната клиника во Скопје. Од локалната самоуправа во Струга потврдиле дека Мерко синоќа сам заминал кон главниот град и по извршениот преглед бил задржан на Клиниката за инфективни болести. Во Струга вчера беа регистрирани двајца новозаразени со коронавирус, а активни случаи во оваа општина се 142. Вкупниот број заразени во Струга од почетокот на пандемијата е 547.

Read More

Учебната година ќе почне на 1 октомври, соопшти денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, откако во Собрабнието достави предлог-состав и програма на новата влада. Посочи дека онлајн-наставата ќе биде концепт за сите ученици, освен за првите одделенија во кои учениците, како што рече, треба да бидат описменети, како и во училишта според проценките на самите општини. Се остава време за да се земат предвид сите аспекти на оваа, како што рече, комплексна проблематика, како подготовка на онлајн-платформата, безбедносните протоколи за децата, прашањето за чување на децата до 10 години, итн., и тие ќе бидат на дневен ред на првата седница…

Read More