Author: Нова ТВ
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека е убеден оти Западот ги финансира уличните собири и немири во земјата. На седницата на Белорускиот совет за безбедност, тој ги повика западните лидери, кои денес се состануваат да разговараат за ситуацијата во Белорусија, да се фокусираат на проблемите во нивните земји. „Западните земји, директно, без да се кријат, отворено го најавуваат собирањето на средства и нивното испраќање во Белорусија. Го гледаме тоа“, рече Лукашенко. Тој додаде дека Белорусија не може да ги следи сите средства испратени во неговата земја затоа што, како што тврди, многу од нив доаѓаат во кеса. „Но, тоа…
Итно донесување на национален план за справување со дијабетес, објавување на регистар на дијабетес за да се има официјална бројка на заболени во државата, но и поголема едукација за превенција од оваа болест побараа денеска на прес-конференција од Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија. Според претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, Диме Велев, главното барање, поаѓајќи од фактот дека голем од заболени лица со коронавирусот се со дијабетес, е итно да се донесе национален план за справување со дијабетес односно превенција. Како што додаде, планот е готов но треба да се усвои и да се модифицира…
Попладнево (18 ч.) е закажан Генерален совет на „интегративците“, а за 20 ч. е најавена и седница на социјалдемократите
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветар, а на места ќе има услови за поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната од 22 до 31 степен. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Утринската температура ќе достигне до 18 степени, а дневната до 28 степени.
Министерството за здравство (МЗ) информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), од 10 до 16 август се направени вкупно 11.605 тестирања на Ковид-19, што е за 2.062 или 17,8 отсто повеќе во споредба со претходната недела. Од направените 11.605 тестирања, новозаболени со вирусот се 902 лица односно 7,8 отсто. Тоа, како што наведуваат од МЗ, покажува тренд на континуирано намалување во однос на претходните недели кога се движеше од 10, па 9,4 и 8,6 отсто. Скопје и натаму е лидер по бројот на регистрирани случаи (251 или 27,8 отсто) и Куманово (125 или 13,6 отсто). Во 18…
Комисијата за заразни болести на утринскиот состанок донесе одлука да се воведе задолжителен ПЦР тестирање за патниците од Косово кои минуваат низ нашата држава. Како што соопшти денеска Министерството за здравство, транзит-патниците на граничниот премин треба да покажат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. Овој предлог од Комисијата ќе биде доставен до Владата.
На вториот ден од националната конвенција на Демократската партија, Џо Бајден и официјално беше номиниран за претседателски кандидат за изборите во ноември, кој за влез во Белата куќа ќе се трка со актуелниот американски претседател Доналд Трамп, јави ДПА. За Бајден, поранешен сенатор и потпретседател на земјата, номинацијата доаѓа по повеќе од три децении по првиот обид да стане претседател. Билетот за влез во Белата куќа, Бајден ќе го сподели со Камала Харис (55), сенаторка од Калифорнија и првата црнкиња која се кандидира за потпретседател. „Многу ви благодарам. Од дното на моето срце. Ви благодарам на сите, тоа значи целиот…
Партиите кои останувааат во опозиција жестоко ја искритикуваа старо-новата коалиција
Падна договор, со задоволство обзнанија лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети по нивната денешна тет-а-тет средба во Клубот на пратеници. Во постоизборната коалиција ќе влезе и ДПА на Мендух Тачи, а една од одлуките се однесува и за укинување на т.н. Пржинска влада во иднина. Изборното ветување на ДУИ, сепак, е задоволено со премиер Албанец во последните 100 дена од мандатот на владата, наместо моделите по години (2+2, 3+1 и 1+3) како што се пишуваше во изминатиот период
Се укинуваат двата контролни тестови за лицата што се позитивни на Ковид-19. Асимптоматските случаи по 10 поминати во изолација нема да мора да прават контролни тестови и може да излезат од изолација, а заболните кои имаат симптоми од изолација излегуваат по 20 дена, без два контролни тестови, информира министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција. Тој потенцира дека одлуката била донесена по опсежните истражувања во МАНУ и на СЗО во изминатите шест месеци. „Овој нов протокол се темели на опсежни анализи на МАНУ, препораките на СЗО и на Европскиот центар за превенција на болестите. МАНУ анализира повеќе од…
Учебната 2020/2021 ќе почне со онлајн-настава освен за учениците од прво до трето одделение и во училишта со помал број ученици и паралелки во средини со стабилна епидемиолошка состојба, за што општините ќе добиваат согласности од Владата. Ова беше и конечен предлог на Комисијата за заразни болести, а одлуката денеска на седница ја донесе Владата. Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција рече дека според протоколот, во училницата нема да има повеќе од 20 деца, распоредени на растојание од 1,5 метри, со носење заштитни маски. Наставникот цело време ќе треба да биде со учениците, нема да излегува на одмор, а…
https://www.youtube.com/watch?v=KP10bAx0qIk