Author: Нова ТВ
Судењето за предметот „Насилство во Центар“ ќе продолжи на 17 септември поради промена на адвокатот на еден од обвинетите кој побарал време за запознавање со предметот, па судијата Душан Јосифов го одложи рочиштето. На последното рочиште, и покрај укажувањата на одбраната, судијата дозволи вештак од Србија да образложи на кој начин ги вештачел материјалите. Во предмет што беше инициран од поранешното СЈО, а сега го води скопското Обвинителство, се обвинети повеќе лица, меѓу кој и поранешниот премиер Никола Груевски (моментно во азил во Унгарија), поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и други лица…
Противкандидатот на Александар Лукашенко на претседателските избори во Белорусија, Светлана Тихановскаја изрази подготвеност да стане национален лидер. „Подготвена сум за преземање на одговорноста и да дејствувам како национален лидер со цел да ја смирам ситуацијата во земјата и да ја вратам во нормален ритам“, нагласи таа во видео пораката објавена на каналот „Јутјуб“. Во исто време, таа побара ослободување на сите политички затвореници, како и подготовка на правна рамка и услови за нови претседателски избори што ќе бидат признати од меѓународната заедница. Во Белорусија веќе една недела се одржуваат протести по претседателските избори на кои старо-новиот шеф на државата Александар…
Најмалку 17 лица загинаа, а десетици се повредени во напад на екстремисти од „Ел Шабаб“ во хотел во Могадишу. Престрелката во главниот град на Сомалија траеше четири часа и заврши со ликвидација на сите напаѓачи. Телевизијата „Ал Џезира“ јави дека во нападот загинале најмалку 17 лица, додека „Си-Ен-Ен“ објави за десет жртви. „Сомалиските специјални сили ја завршија четиричасовната опсада на хотел во Могадишу, откако ги убија сите напаѓачи“, објави владиниот портпарол на Твитер. Меѓу жртвите се напаѓачи, двајца владини службеници, еден војник, тројца членови на хотелското обезбедување, четворица цивили, итн. Болнички извори излегоа со информација за десетици луѓе кои се…
Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, смета дека коалицијата СДСМ-ДУИ-ДПА е веќе договорена, а она што сега се презентира е само „театар“
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20 степени, а максималната ќе достигне од 26 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 7. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотраен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18 степени, а максималната ќе достигне до 31 степен. И во наредните денови времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во попладневните…
Министерството за внатрешни работи (МВР) регистрира 385 прекршоци во текот на изминатото деноноќие на територијата на цела држава по однос на мерката за неносење лична заштита на лице. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата во насока на борбата за справување со Ковид-19.
Едно лице го загуби животот, a пет се потешко повредени во сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на магистралниот пат Охрид – Свети Наум, кај клучката за излез кон хотелот „Инекс“. Во несреќата што се случила во 1:40 часот по полноќ учествувале три возила – „Цитроен Ц3“ со битолски регистарски таблички, „Волксваген Голф“ со охридски регистарски таблички и „Волксваген Пасат“ со прилепски регистерски таблички. Со „Цитроенот“ управувал И.К (27) од Битола, кој со тешки телесни повреди бил префрлен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ каде им подлегнал на повредите. Во сообраќајката се повредени уште неколку лица од…
Бројот на нови случаи на Ковид-19 во Италија вчера изнесуваше над 600, што најголем дневен пораст во последните три месеци, а како главен фактор за тоа се сметаат туристите и лицата што се враќаат од одмор. Италијанското министерство за здравство во текот на вчерашниот ден јави за 629 новозаболени со коронавирусот додека вкупната бројка на инфицирани лица во земјата од почетокот на пандемијата е над 253.000. Последен пат на поголем дневен број на новозаразени од вирусот беше забележан на 23 мај (669). Колку за споредба, Италија пред само неколку недели имаше околу 200 нови случаи на ден. Бројот на починати…
Помладиот брат на американскиот претседател Доналд Трамп и негов близок соработник Роберт (71) почина синоќа во болница во Њујорк. „Со силна болка во моето срце, објавувам дека мојот прекрасен брат Роберт почина мирно минатата ноќ. Тој не беше само мојот брат, туку и мојот најдобар пријател”, се вели во изјавата на Трамп. „Многу ќе недостасува, но ќе се сретнеме повторно. Споменот за него ќе биде засекогаш во моето срце. Роберт, те сакам. Почивај во мир”, изјави Трамп, кој во петокот го посетил својот болен брат во болница. Засега не е позната причината за смртта на Роберт Трамп.
Тој во интервју за мкд.мк потенцира дека во опција, покрај враќање и на полицискиот час, е затворање на училиштата и на угостителските објекти и забрана за собири, додавајќи дека во планот на рестрикции битен е регионалниот пристап
Во вчерашниот извештај за состојбата со Ковид-19 во земјава беа запишани 141 нов случај од направени 2.006 тестирања, четири починати и 93 оздравени. Во исто време на глобално ниво, до вчера, се регистрирани најмалку 21.224.070 милиони инфицирани лица и 760.739 починати. Од новите 141 новозаболени со коронавирус во земјава, 51 е од Скопје, 19 од Куманово, 16 од Струга, 15 од Штип, по шест од Прилеп и од Тетово, четири од Битола, по два од Велес, од Виница, од Гостивар, од Дебар, од Кичево, од Македонски Брод, од Охрид, од Пробиштип и од Свети Николе и по еден од Берово,…
Двете партии соопштија дека е започната и фазата на разгледување на поделбата на одговорностите во евентуалната идна коалиција, како и на „предлозите за соодветни, подготвени, чесни и способни кадри, кои ќе можат во целост да ја реализираат програмата во четиригодишен мандат