Author: Нова ТВ
Оној кој се стекнува со имот, не секогаш го запишува на свое име. Од новите пратеници ќе бараме да донесат Закон за потекло на имотот, изјави претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска во интервју за „Слободен печат“
Бугарската полиција рано утрово ги отстрани шаторите на демонстрантите од три важни контролни пункта во центарот на Софија, што го блокираа сообраќајот, и притоа беа приведени 12 луѓе, меѓу кои и организаторите на протестот. Организаторите беа уапсени бидејќи одбија да ја извршат наредбата, односно немале лични карти, пренесува БТА. Подоцна беа ослободени. Демонстрантите поставија шатори пред зградата на Советот на министри, Универзитетот во Софија и мост, блокирајќи го сообраќајот. Според полицијата, при отстранување на шаторите не била користена сила.
Од почетокот на отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери, поднесени се 2.249 апликации, а остануваат средства за уште околу 3.000 барања, информираатод Град Скопје. Град Скопје ги потсетува граѓаните од сите скопски општини дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, пришто граѓаните може да аплицираат онлајн. Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 1 јануари оваа година, до завршувањето на повикот на 30 ноември или до денот на исцрпување на средствата. Од Град Скопје потсетија дека на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на…
Се зголемува бројот на болнички капацитети во сите 16 болници кои ќе добијат модуларни мини инфективни одделенија со цел нормалната патологија да не трпи и пациентите да можат да добијат здравствена услуга, како и да не се креираат листи на чекање. Ќе се инсталираат и апарати за дијагностика во сите овие центри за брза дијагноза на вирусот, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Тој во синоќешното гостување во емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5, рече дека здравствениот систем веќе два месеца интензивно се подготвува за есенските месеци со зајакнување на постојните јавно-здравствени установи за третман на пациентите со коронавирус.…
Воз што сообраќал на релација Краљево – Рашка во Србија утрово излетал од шини и заврил во карпа поради голем одрон што сè уште е на пругата. Со полесни повреди се здобил машиновозачот на композицијата кој е префрлен во болницата во Здравствениот Дом во Рашка. Покрај него, во возот се наоѓале и кондуктер и, за среќа, само еден патник. https://www.youtube.com/watch?v=8BdGV-zusJ4&feature=emb_logo Инцидентот се случил околу четири часот утрово, а, како што јавува РТС, со оглед дека одронот бил веднаш по излез од тунел, машиновозачот немал можност правовремено да реагира и навреме да сопре. Железничкиот сообраќај во тој дел од Србија е…
Комплексноста на ситуацијата во Западен Балкан го илустрира однесувањето и односот на Европската Унија (ЕУ) кон регионот. Официјално, постои постојана „поддршка“ и „загриженост“ на лидерите на ЕУ кон Западен Балкан, додека всушност ЕУ го оддалечува регионот од членство во ЕУ. Да биде парадоксот уште поголем, додека лидерите на ЕУ честопати изразуваат поддршка за Западен Балкан и нејзиниот евроатлантски пат, изразувајќи загриженост за влијанието на одредени земји во регионот, пред се Русија, Кина и Турција, со својата политика за (не)проширување, ЕУ всушност го турка Западен Балкан во „прегратка“ на Русија, а во исто време ги обвинува истите земји за блиски врски и соработка со Москва, Пекинг или Анкара, се потенцира во анализата на Меѓународниот Институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана
За средбата Мицкоски-Ахмети нема никакви детали, а средбата Заев-Ахмети е оценета како конструктивна и надежна за успешен епилог, но не и одлучувачка
Евентуално полошо сценарио сo Ковид-19 наесен би значело поголема концентрација на луѓе во затворени простории, дополнителен број на заболени од сезонски грип што може да доведе до пренатрупување на болниците со пациенти и тоа да не може да се изменаџира. Ова сценарио, како што вчера нагласи министерот за здравство Венко Филипче, би можело да се избегне, но доколку се случи, здравствените власти ќе го дочекаат подготвени
Денеска во земјава ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. На места, особено попладне, се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветар, а локално ќе има и невреме. Минималната температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а максималната од 23 до 30 степени. УВ индексот ќе биде 6. Во Скопје слично време со минимална температура до 17 степени и максимална до 26 степени. Променливото време ќе се задржи до недела. Синоптичарите најавуваат пороен дожд, грмежи и локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Веќе од понеделник се очекува стабилизирање на времето со…
Домашна платежна картичка користат 305.000 граѓани, до 1 август се издадени во вредност од 26,7 милиони евра од кои граѓаните потрошиле околу 23 милиони евра, објави министерката за финансии, Нина Ангеловска на нејзиниот Фејсбук профил. Со картичките, истакна таа, се реализирани над 1,7 милиони транскации. Најголем дел од нив во маркети (89 отсто), пет отсто во ресторани и за храна и три отсто за текстил, облека и обувки. Ангеловска потенцира дека домашнaта платежна картичка има повеќекратен бенефит за граѓаните и економијата. Преку неа се поддржува приватната потрошувачка, се поддржуваат домашните производители и услужни дејности, се придонесува за раздвижување на економската…
Пожар во зградата на Светскиот трговски центар во Брисел, пренесува хрватски „Индекс“. Огнот е забележан во техничка просторија на 27 кат од објектот. Од внатрешноста излегува густ црн чад, а шефот на противпожарната бригада на Антверпен, Берт Бругеманс рече дека станува збор за „сериозен пожар. https://www.youtube.com/watch?v=ZUiWjvYeWpc&feature=emb_logo Според информации на белгиските медиуми, нема повредени во пожарот во кој е запален изолациски материјал. Зградата моментно е надвор од употреба бидејќи се реновира, а при избивање на пожарот во неа имало само неколку работници кои успеале навреме да се евакуираат.
Пандемијата на КОВИД-19 ја реафирмира итната потреба од брзи, делотворни и стратешки информации за епидемиите и здравјето, како и потребата од колаборативни механизми што ќе можат да им помогнат на субјектите што работат во полето на јавното здравје во Северна Македонија. Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на Северна Македонија го отвараат новиот Центар за дејствување во услови на епидемии и други јавно-здравствени вонредни ситуации во Скопје. Овој центар ќе обезбедува централизирани информации во реално време, следење на состојбите, известување и совети за тоа како да се постапува во случаи на настани и вонредни состојби поврзани со јавното…