Author: Нова ТВ

Избегнувајте маски со вентил. Низ вентилот, кога издишуваме, во млаз се исфрлаат ситните капки што го содржат вирусот. Носете платнени маски (најдобро трослојни) за да се заштитите себеси и сите околу вас од Ковид-19, напиша на својот Фејсбук профил, сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска. Носете медицински маски, посочува таа, ако имате Ковид-19, ако се грижите за лица болни од Ковид-19, ако имате над 60 години или ако имате хронично заболување. „Да останеме безбедни и да се заштитиме од Ковид-19. Чувајте се“, апелира Ѓоргиевска.

Read More

Царинските службеници од Независната управа за јавни приходи на Грција, со помош на рендген и куче трагач во контејнер со банани откриле и заплениле 70,5 килограми кокаин, јави дописничката на МИА од Атина. Контејнерот што пристигнал од Јужна Америка, а бил наменет за земја од Западен Балкан, пријавил дека пренесува банани, но било одлучено рендгенски да се провери. Откако системот открил сомнителен материјал, бил извршен и физички преглед со помош на кучето трагач Аксел и биле пронајдени 60 пакети кокаин, со вкупна тежина од 70,5 килограми. Дрогата била внимателно скриени во контејнерот, во машините за ладење.

Read More

Охрид викендот е „дупка полн“ што би рекол народот, но, истовремено, е како депонија според фотографиите што се објавуваат на социјалните мрежи. Гостите во македонскиот туристички бисер, претежно домашни, зад себе оставаат купишта ѓубре и не само што отвораат еден куп работа за локалната комунална служба туку на дело ја истакнуваат и сопствената (не)култура и (не)грижа кон животната средина. Мерките и препораките за заштита од Ковид-19 не се почитуваат во целост, особено во вечерните часови во централното градско подрачје, на кејот и околу пристаништето. Како се седело синоќа крај Охридското Езеро, така се оставиле пластични ќеси, пластични чашки, кутии од…

Read More

Ситуација на Гумење во пресрет на одбележувањето на националниот празник 2 август. Ноќеска околу 2 часот по полноќ, пет коњаници од скопско Лисиче се закачиле со жител на Крушево. Страстите ги смирил полициски службеник кој патролирал во тој период околу Гумење, со предупредувачко истрелување на куршум во воздух, се наведува во пријавата.

Read More

Делегацијата на Собранието по повод одбележувањето на националниот празник 2 август Денот на Републиката, на Мечкин камен во Крушево, ќе ја предводи потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, соопшти денеска собраниската прес служба. „Претседателот на Собранието Талат Џафери е во добра здравствена состојба, но по препорака на лекарите неопходен му е дополнителен одмор и мирување“, додаваат од собраниската прес-служба. Џафери на 24 јули беше хоспитализиран на Инфективната клиника со симптоми на коронавирус, иако тестирањата на Ковид-19 му биле негативни.

Read More

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера именуваше 36 нови членови на Домот на лордовите, вклучително неговиот брат, неколкумина истакнати прврзаници на Брегзит, како и сопственик на медиуми, роден во Русија, чиј татко беше агент на КГБ. На листата на нови членови е и поранешната крикет ѕвезда Јан Ботам, приврзаник на Брегзит. Поранешните министри за финансии Јен Кларк и Филип Хамонд, кои беа против Брегзит, исто така се именувани за членови на Домот на лордовите. Како и Евгениј Лебдев, сопственик на весниците Индепендент и Ивнинг стандард. Татко на Евгениј е рускиот олигарх Алекдандар Лебедев, кој работеше за КГБ. На листата е е…

Read More

Поради зголемениот број на нови случаи на Ковид-19 и поради појавите на опуштеност и непочитување на превентивните мерки, грчката Влада презема дополнителни мерки како задолжително носење на маска во затворени простори, забрана за посети во домови за стари лица и болници, најмногу 100 лица на свадби, на крштевки и на погреби, забрана за одржување на панаѓури, забрана за стоење во ноќните клубови, јави дописничката на МИА од Атина. Кусо по објавата на Националната организација за јавно здравје попладнево за 78 нови случаи на Ковид-19 во земјата, највисока бројка во изминатиот период, заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас, ги…

Read More

Еден од најуспешните британски филмски режисери, Алан Паркер, почина денеска на 76 годишна возраст, соопшти неговото семејство. Паркер има режирано голем број познати филмови, вклучувајќи „Bugsy Malone“ (1976 година), „Midnight Express“ (1978 година), „Fame“ (1980 година) „Mississippi Burning“ (1988 година), „Еvita“ (1996 година), „ Angela’s Ashes“ (1999 година), „The Life of David Gale“ (2003 година). Снимаше филмови од различни жанрови, од комедии преку драми до трилери и хорор, а особено е познат по мјузикли. Филмовите на Паркер имаат освоено десет Оскари и 19 награди БАФТА. Неговото семејство објави дека починал во Лондон по долго боледување.

Read More

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево во Преспа во која едно лица загина, а три се тешко повредени меѓу кои и 10 годишно дете. Животот во сообраќајката го загубила 60 годишна жена додека детето и маж на возраст од 40-тина години се првично хоспитализирани во битолската Клиничка болница, но поради сериозноста на повредите во моментот се транспортираат на скопските Клиники. Во болницата во Битола, засега, останува третиот тешко повреден во сообраќајна несреќа кој е на возраст од 60-тина години.

Read More

Амфибиско возило со американски маринци и 15 членови на екипажот потона во водите на Пацификот, во близина на брегот на јужна Калифорнија. Агенцијата „Асошиејтед Прес“ известува за најмалку една жртва во инцидентот и дека најмалку осум лица се водат како исчезнати. Двајца маринци се спасени и хоспитализирани со тешки повреди, а еден од нив е во критична состојба и се бори за живот. Во потрагата по преостанатите членови на екипажот се вклучени помали спасувачки бродови и воени хеликоптери, но мисијата е отежната поради силен ветар во подрачјето на несреќата. Според американски медиуми, маринците кои биле испратени на рутинска задача на…

Read More

Сите граѓани кои ќе имаат потреба од здравствена услуга за време на претстојниот празничен викенд, ќе може да се обратат во најблискиот здравствен дом во кој ќе има 24 часовна покриеност со екипи од Итната медицинска помош (ИМП) и домашна посета. Како што соопшти Министерството за здравство на Фејсбук, во Скопје – дежурните ординации во трета смена, во недела и за празници ќе работат поликлиниките „Јане Сандански“, во Чаир, во Ченто, во Шуто Оризари, во Ѓорче Петров, во Драчево и на Бит Пазар. Со вообичаено работно време ќе функционира и единицата за домашно лекување. Во Охрид и околината, пациентите ќе…

Read More