Author: Нова ТВ

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со појава на пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20 степени, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 9, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16 степени, а максималната ќе достигне до 33 степени. Од утре претпладне и во понеделник преку денот ќе…

Read More

Двајца новинари на српската новинска агенција Бета се повредени за време на синоќешниот протест и се пренесени во Ургентниот центар во Белград. Тие се донесени во Ургентниот центар со брза помош околу 22 часот, поради повреди здобиени за време на протестот што се одржа на платото пред српскиот Парламент. Владимир Шкундриќ, син на Петар Шкундриќ, поранешен министер за рударство и енергетика и близок соработник на Ивица Дачиќ, беше уапсен синоќа, откако заедно со толпата демонстранти се обидоа да влезат во српскиот Парламент, пренесува „Блиц“, повикувајќи се на информирани извори. Шкундриќ беше уапсен заедно со група хулигани кои искршија прозорци на…

Read More

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во вечерашното гостување во емисијата „Изборни дебати“ на ТВ 21 се осврна на една од желбите на Зоран Заев за ДУИ да оди во опозиција, но додаде дека тоа нема да се оствари и дека насмевката ќе им згасне на 15 јули. „Сигурно ова била желба на Заев, но и на другите. Но, јас ве уверувам дека оваа радост нема да ја доживеат и насмевката ќе им ја снема на 15 јули“, изјави Али Ахмети за ТВ 21. Ахмети додава дека не сакаат ДУИ да оди во опозиција, туку бараат Албанците да ги однесат во…

Read More

Нашиот став кон тие прашања, ако конкретно алудирате на тие два договора, сме го кажале многу пати во минатото и апсолутно ниту имам што да додадам, ниту што да одземам по тоа прашање. Истовремено на многу мои настапи во изминатиот период сум го кажал и последниот наш став, а тоа е поврзан со сето она кажано во минатото дека ние би биле лицемери ако кажеме дека ја игнорираме реалноста“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при своето гостување на емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма Тој додаде дека „не може да се игнорира реалноста, бидејќи се учествува на избори и…

Read More

Основниот суд Велес одреди 30 дена притвор за поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски поради отсуство на рочиштето за судскиот предмет „АКМИС“ во кој е обвинет. Веста за притворот на Панчевски ја објавија од „Коалиција Сите за правично судење“ од каде појаснуваат дека мерката е одредена за обезбедување на негово присуство на судењето. На денешното рочиште за предметот „АКМИС”, кој се води во Основиот суд Велес, не се појавиле ниту обвинетиот Панчевски, а не бил присутен ниту неговиот правен застапник.

Read More

Граѓаните за нас се граѓани и навистина адресираме исти планови, исти надежи, исти ветувања насекаде. Ако мое обраќање на сите наши трибини или било какви настапи во изминатиот период е некаде околу 30 минути, можеби две-три минути трошиме на ДУИ, но веројатно тоа минува кај луѓето заради тоа што сме сè уште актуелни коалициони партнери. Лично мислам дека е дефинитивно здраво и за државата и за ДУИ да минат во опозиција, 17 години власт е премногу долг период, особено имајќи предвид дека доаѓа време во кое што треба да работиме дома, истакна Зоран Заев вечерва на ТВ Телма. „Се отворија…

Read More

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ги осудува грубите дисквалификации кон новинарката Марина Костова и онлајн медиумот sdk.mk искажани во вчерашното соопштение за медиуми од Агенцијата за филм, насловено како: „Дали во новата милионска драма на Милчо Манчевски главните улоги ги толкуваат Марина Костова, Тања Пепељуговска и Слаѓана Тасев?“. „Агенцијата за филм, вчера преку непотпишано соопштение упатено до медиумите, a потоа објавено и на официјалниот „фејсбук пејџ“ на Агенцијата, со низа реторички реченици и прашања, лично ја навредува и дискредитира колешката Марина Костова поради претходните натписи на sdk.mk поврзани со работата на оваа Агенција. Во нивното соопштение се вели дека…

Read More

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ја посети Македонска Каменица и посочи дека ова се прилично предизвикувачки избори затоа што на нив практично се определува иднината на нашите граѓани и потомци, но истовремено и кога треба да ги направиме горди нашите предци. Според Мицкоски, ова не се какви било избори и се поразлични од сите други во минатото. На овие избори, како што кажа, изборот е меѓу СДСМ и нивните истрошени транзициски политичари без никаква креативна идеја и луѓе кои со својата биографија и животен век не може да гарантираат решение за напластените проблеми што се повеќе се зголемија по…

Read More

Сите досега сослушани граѓани, чии лични документи се најдени во продавница во Штип, изјавиле дека не им се земени поради поткуп, туку заради долг, напиша дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска на нејзинитот Фејсбук профил како одговор на написот на министерот Наќе Чулев за наводен изборен поткуп. „Ова не е кривично дело поврзано со изборите, туку кривично дело од областа на економскиот криминал што допрва треба да се докаже. Очајници прават очајнички потези. Срамно е да се злоупотребува позицијата министер за внатрешни работи и да се соопштуваат невистини, особено кога истрагата е во тек, што впрочем е напишано…

Read More

Зоран Заев со пост на Фејсбук возврати на пораката на Христијан Мицкоски дека „СДСМ и БЕСА подготвуваат федерализација на државата“. Таквото негово обраќање на синоќешната средба со граѓани во скопската населба Аеродром за лидерот на СДСМ е очаен обид за заплашување на граѓаните, но и доказ дека опозицијата ќе ги загуби изборите. „Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило. Најновата манипулација на Мицкоски, дублерот на Груевски, го потврдува тоа. Повторниот очаен обид да ги заплашат граѓаните со федералзиација е доказ дека губат. Да излеземе на гласање и силно да ги поразиме на 15 јули“, напиша Заев на Фејсбук. https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10158837120657932

Read More

„Света Софија“ беше најголемата христијанска црква, изградена во шестиот век од Византијците, а во џамија беше претворена по османлиското освојување на Цариград, денешен Истанбул, во 1453 година. Статусот од верски објект во музеј беше променет со указ во 1934 година од тогашниот турски претседател Мустафа Кемал Ататурк

Read More