Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Хелсиншкиот комитет за човекови права го осудува говорот на омраза искажан на фудбалскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Северна Македонија и Бугарија и предупредува дека тој има дополнителна тежина во контекст на актуелните политички односи. „Иако социјалните мрежи во последниве години станаа примарна арена на говорот на омраза во нашето општество, и понатаму не изостанува злоупотребата на спортските трибини за пласирање понижувачки и навредливи пораки мотивирaни од омраза. За жал, говорот на омраза заснован на етничка и национална припадност традиционално се излева на спортските натпревари, а единствено што се менува е субјектот на омраза на конкретен настан, во зависност од учесниците“,…
Русија организираше псевдо-референдуми во окупираните делови на Украина, регионите Керсон и Запорижја на југ и проруските, сепаратистички „републики“ во Луганск и Доњецк на истокот на Украина. Овие региони сочинуваат околу 15% од територијата на Украина. Лажното изразување на „народната волја“ на привремено окупираните територии на Украина се одржа на 23-27 септември. Иако гласачките ливчиња беа веќе подготвени однапред, Русија, за целите на својата пропаганда, ги принуди луѓето да учествуваат на овие лажни референдуми, референдумските службеници ги запираа додека се движеа на улиците и ги посетуваа во нивните домови или на работното место. Овие референдум, кои меѓународната заедница ги опишува како…
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција го повика премиерот Димитар Ковачевски на дебата во врска со предлогот на опозициската партија за надминување на енергетската и на топлинска криза. Мицкоски рече Ковачевски да го одбере местото и часот за дебата, а потоа на новинарско прашање одговори дека, исто така, бара и средба со Владата. За стабилноста на парламентарното мнозинство рече дека се кажуваат многу лаги, но оти ВМРО-ДПМНЕ работи на одржување на предвремени парламентарни избори.
Во последните 24 часа се регистрирани 105 нови случаи на ковид-19, од кои 22 се реинфекции, оздравени се 49 пациенти, а починати нема, информира Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Нови случи се евидентирани во Скопје – 78, во Битола – девет, во Прилеп – три, во Куманово, во Тетово, во Кавадарци, во Охрид, во Струмица и во Штип – по два, во Кичево, во Берово и во Кратово – по еден. Во текот на изминатите 24 часа, не е регистрирано починато лице. Досега во земјата се направени вкупно 2.168.892 милиони тестирања на ковид-19.…
Донација од македонската дијаспора во САД за Клиниката за кардиологија во вредност од 570.000 долари
По повод 29 септември, Светскиот ден на срцето, министерот за здравство Беким Сали ја посети Универзитетската Клиника за кардиологија каде беше врачена нова медицинска опрема, донација на World medical relief, од македонската дијаспора во Соединетите Американски Држави. „Станува збор за опрема во вкупна вредност од околу 570.000 долари, наменета за зајакнување на повеќе универзитетски клиники од која најголем дел, околу 80 проценти е наменета за Клиниката за кардиологија. Опремата е поставена на Одделот за интензивна нега во ангиографски сали и на повеќе болнички оддели, а се состои од кислородни концентратори, апарати за стерилизација, кислородни маски, неинвазивна вентилација, различен мебел, кревети,…
Претплатниците во мобилната телефонија во првиот квартал од годинава месечно иницирале 103,38 повици во просек, а зборувале просечно 243,67 минути. Најголем дел од разговорите се остваруваат во сопствена мобилна мрежа, со просечно времетраење од 157,74 минути (64,74 проценти). Сообраќајот кон други мобилни мрежи во државата е значително помал и изнесува 80,98 минути (33,23 проценти). Според податоците на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), во првите три месеци од годинава, споредено и со првиот и со четвртиот квартал од минатата година има намалување на волуменот на сообраќај кон сите дестинации. Извештајот на АЕК за развојот на пазарот на електронски комуникации во првиот…
На редовниот брифинг во бугарското Министерство за надворешни работи, министерот Николај Милков коментираше дека оваа недела имало два настана со Република Северна Македонија од кои едниот е фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на двете земји, истакнувајќи дека не сака да го распалува жарот на таа тема. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Милков, темата треба да се затвори. Вториот настан, како што посочи бугарскиот министер за надворешни работи, е условната казна на Ламбе Алабаковски кој го запали влезот на центарот „Ванчо Михајлов” во Битола. Николај Милков на брифингот рече дека овие два настана откриваат структурен проблем за правата…
Лажните референдуми што се одржани на делови од Украина, се спротивност на слободни и фер избори, смета германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок. Таа тврди дека на тие референдуми, луѓе биле носени од станови и од работни места со закана со оружје за да гласаат. „Тоа е спротивност на слободни и фер избори“, нагласи Бербок. Како што истакна министерката, „сè додека постои руски диктат во окупираните региони, граѓаните таму не се ниту слободни, ниту безбедни“.
Финска на полноќ ќе ја затвори својата граница за руски туристи, соопшти денеска финската Влада. Шефот на финската дипломатија, Пека Хависто изјави дека границата ќе биде затворена за сите руски туристи, но не и за сите руски граѓани, пренесуваат британските медиуми. Според Хависто, од оваа забрана ќе бидат ослободени сите руски граѓани кои го посетуваат семејството, како и оние кои работат или студираат во Финска. Наредбата за делумна мобилизација во Русија предизвика протести низ Русија, апсења на демонстранти и заминување на руски граѓани од таа земја.
Кина во вторникот повтори дека суверенитетот на сите земји треба да се почитува откако Русија со спроведување на псевдо – референдумот во Рокупираните региони на Украина, пренесува агенцијата Анадолија. „Кина секогаш го подржувала ставот дека суверенот и територијалниот интегритет на сите земји треба да се почитува“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи Ванг Венбин на прес-конференција во Пекинг. „Треба да се почитуваат целите и принципите на Повелбата на ОН, треба сериозно да се сфатат легитимните безбедносни грижи на сите земји и да се поддржат сите напори за мирно решавање на секоја криза“, рече Ванг, цитиран во кинескиот дневен весник „Глобал тајмс“.…
Германскиот канцелар Олаф Шолц му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Берлин никогаш нема да ги признае резултатите од лажните референдуми на привремено окупираните територии на Украина, ја пренесува Укринформ објавата на Шолц на Твитер. „Лажните референдуми што Путин ги спроведе во незаконски окупираните области на Украина се безвредни. Тие се нелегални според меѓународното право. Германија никогаш нема да ги признае наводните резултати. Денеска го уверив украинскиот претседател Володимир Зеленски во телефонски разговор“, напиша тој. Die Schein-Referenden, die #Putin in den illegal besetzten Gebieten der #Ukraine durchgeführt hat, sind nichts wert. Sie sind völkerrechtswidrig. Deutschland wird die angeblichen Ergebnisse…
Ураганот „Ијан“, кој ја зафати Флорида и беше придружен од силни ветрови и обилни врнежи од дожд, предизвика катастрофални поплави и прекин на електричната енергија низ таа американската сојузна држава. „Ураганот, проследен од ветрови со бризина од 185 километри на час, стигна на брегот на Кајо Коста, во југозападна Флорида, во 15:05 часот по локално време (21:05 часот по средноевропско време)“, наведе Националниот центар за урагани на САД (NHC). Иако беше во четврта категорија од можни пет на скалата Сафир-Симпсон, сега ураганот „падна“ во понизок ранг (трета категорија), но, сепак, има разорна моќ, наведува истиот извор. „Речиси два милиона домови…