Author: Sashko

Ситуацијата со Кумановска река станува сè подраматична, откако во реката има значително повеќе ѓубре отколку жив свет. Проблемот со ѓубрето кое се таложи веќе некој период, сепак, не допира до градоначалникот Максим Димитриевски, кој наместо да се посвети на градот се шета низ државата формирајќи политичко здружение. Депонијата во реката ги мотивираше креативните жители на Куманово да нацртаат мурал, каде што е претставено ѓубрето и напишано e „ К’д гу исчистите реку, ќе га исчистимо мурал“. Ваквата акција наиде на одобрување на социјалните мрежи со што се крена свесноста за ситуацијата во која се наоѓа реката веќе некој период. Негрижата…

Read More

ЏАБИР ДЕРАЛА Српските и македонските медиуми наголемо ја објавија фото веста од српскиот претседател Александар Вучиќ кој „не ѝ одолеа“ на топката и заигра баскет со младите њујорчани. Фотката беше објавена на Инстаграм профилот на Вучиќ и за еден ден собра речиси 12,000 лајкови. За средбата меѓу српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ и неговиот украински колега Дмитро Кулеба не најдов написи во српските и македонските медиуми. „На нашата средба, министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ ја потврди поддршката на Србија за територијалниот интегритет на Украина. Го повикав Белград да ги усогласи своите политики во однос на руската војна против Украина со оние…

Read More

Унгарскиот премиер Виктор Орбан бара укинување на санкциите на Европската Унија (ЕУ) против Русија најдоцна до крајот на годината, пренесе агенцијата ДПА. Според провладиниот весник „Маѓар Немзет“, тој изјавил дека казнените мерки насочени кон Москва биле „наметнати на Европејците од бриселските бирократи“. Во говор на состанок на пратеничката група на владејачката партија Фидес во одморалиштето Балатоналмади на езерото Балатон, Орбан рече дека „санкциите предизвикуваат економски проблеми, енергетска криза и инфлација“. Агенцијата ДПА потсетува дека Орбан одржува добри односи со рускиот претседател Владимир Путин. Досега тој ги поддржуваше санкциите на ЕУ кон Русија. Во исто време, тој можеше да преговара за…

Read More

Новата фракција во најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе делува во насока на демократизација и реорганизација на партијата, процес кој треба да почне со оставка на лидерот Христијан Мицкоски. За Мицкоски иницијативата не заслужува коментар, а ВМРО-ДПМНЕ, како што вели, е се посилно, пообединето, посплотено. Членот на партијата и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, кој вчера на прес-конференција пред партиското седиште го најави почетокот на работата на фракцијата, истакна дека Мицкоски е политички потрошен и треба да си замине од лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ. „Јавно и отворено го повикуваме Мицкоски да си даде оставка од својата позиција…

Read More

На улица „Македонија“, во центарот на Скопје, денеска ќе се одржи 18-то издание на манифестацијата Денови на македонскиот мед во организација на пчеларското здружение „Матица“. Посетителите ќе имаат можност да дегустираат и да купат различни видови н мед и други пчелни производи од македонски пчелари, а ќе можат да добијат и совети како да се препознае квалитетен, вистински мед. Манифестацијата ќе ја отворат министерот за земјодлество, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Read More

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија (ЕУ), Жосеп Борел доцна синоќа во Њујорк изјави дека се размислува за нови санкции против Русија по „ескалацијата“ што ја најави Москва. Борел ова го изјави по неформалниот вонреден состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Њујорк, одржан на маргините на генералната дебата на заседанието на Генералното собрание на ОН. Министрите на средбата изјавија дека најостро ја осудуваат „последната ескалација на Русија“. „Ќе продолжиме да ја зголемуваме нашата воена помош и проучуваме нови рестриктивни мерки против Русија“, рече Борел. Во Русија вчера стапи во сила указот на рускиот претседател…

Read More

Фондацијата “Заев- Едно општество за сите”, по повод 21 септември Меѓународниот ден на мирот го поддржа струмичкиот ликовен хепенинг организиран од учениците и нивните ментори. „Нема оправдувања за воените агресии и инвазии. Секој од нас треба да крене глас за мир. Денес мораме да дејствуваме со силата на аргументите и да градиме пријтелства. Денес мораме да се спротивставиме на оние кои со силата на оружјето создаваат непријателства”, порача поранешниот премиер Зоран Заев соопштувајќи ја одлуката на неговата фондација. „По повод 21 септември, Меѓународниот ден на мирот, во соработка со општинската установа Дом за деца и млади “Благој Мучето“ од Струмица,…

Read More

Во изминатото деноноќие се регистрирани нови 98 случаи на ковид-19 од 775 направени тестови, како и 79 оздравени пациенти. Не се регистрирани починати пациенти. Како што соопшти Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), 68 нови случаи се регистрирани во Скопје, шест во Прилеп, по пет во Куманово и во Битола, по три во Велес и во Ресен, по два во Тетово, во Кавадарци и во Штип и по еден нов случај има во Кратово и во Берово. Досега во земјата се направени вкупно 2.164.476 милиони тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот…

Read More

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска го назначи Владимир Анчев за државен секретар во Министерството за одбрана. Во Министерството за одбрана тој работи од октомври 2020 година како посебен советник, а од декември 2021 година активно придонесува во функционирањето на Министерството како државен советник. Анчев, соопштија од МО, во својата кариера има работено на бројни менаџерски позиции во јавниот и во приватниот сектор. Во речиси дведеценискиот работен ангажман има стекнато искуство во доменот на меѓународната соработка и менаџментот на човечките ресурси, првенствено во рамки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ како соработник за меѓународна соработка, а потоа и во Генералниот…

Read More

Светскиот ден на Алцхајмерова болест денеска беше одбележан на плоштадот „Македонија“ во Скопје од каде беше испратена порака дека сите општествени чинители треба да се вклучат во поддршката за добивање на подобра нега на лицата со деменција. Докторка Габриела Новотни, претседателка на граѓанското здружение „Институт за Алцхајмерова болест и невронаука – Скопје“, истакна дека особено е видлива потребата од дневни центри, едукација, како и професионални негуватели. „Ние сме должни да го направиме сето ова за овие лица. Во Македонија тоа се најмалку 20 илјади семејства. Алцхајмеровата болест која ги краде спомените не ја зафаќа само индивидуата, туку и целото семејство…

Read More

Просечната месечна нето-плата по вработен во јули годинава изнесува 31.812 денари и за 11,5 проценти e повисока од просечната плата во истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17,8  проценти), Стручни, научни и технички дејности (17,5 проценти) и Уметност, забава и рекреација (16,3 проценти). Според податоците на ДЗС, намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка…

Read More

Економскиот тим на Владата е во постојан контакт со сите засегнати страни и во тој контекст, како што и претходно беше најавено, ќе има проширена листа на производи по завршување на потребните анализи на пазарот, рече денеска владиниот портпарол, Мухамед Хоџа во одговор на новинарско прашање кога ќе се прошири листата на производи со ограничена маржа. Владата вчера донесе одлука да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи во трговијата на мало и големо до крајот на годината. Со тоа е продолжена важноста на тековната одлука за таа намена, чија важност е…

Read More