Author: Sashko

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ги потпиша измените на Колективниот договор на ниво на работодавач со репрезентативната Синдикална организација на Град Скопје со кои се врши линеарно зголемување на платите за сите вработени во градската администрација за 2.800 денари, освен за оние за кои веќе имаше зголемување по основ на зголемување на минимална плата. „Градот Скопје е прва институција која врши линеарно зголемување за усогласување на платите согласно барањата на репрезентативниот синдикат на Град Скопје, а во интерес на унапредување на работничките права. Со ова усогласување се излегува во пресрет на потребите на вработени на Град Скопје, со цел…

Read More

ВМРО-ДПМНЕ најави целосна блокада на институциите, патиштата и на целата држава доколку власта не се согласи на предвремени парламентарни избори. За власта, пак, темата за избори е затворена до 2024 година и го повикаа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од блокадите. Од власта повикуваат на разум и нагласуваат дека ВМРО-ДПМНЕ сега треба да покаже одговорност и конструктивност. Според Мартин Костовски, пратеник од редовите на СДСМ, сега, откако темата за парламентарните избори е затворено прашање до 2024 година, Мицкоски треба да се откаже од натамошни блокади и опструкции.„Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, треба да покажат одговорност и конструктивност, законските решенија за граѓаните…

Read More

Нобеловиот медал на рускиот новинар Дмитриј Муратов вчера беше продаден на аукција за 103,5 милиони долари, средства што ќе бидат наменети за помош на раселените украински деца. „Сумата ќе биде уплатена во програмата на УНИЦЕФ за помош на раселените деца од Украина“, соопшти аукциската куќа Херитиџ Окшнс (Heritage Auctions). Муратов, главен уредник на „Новаја газета“ и остар критичар на Кремљ, минатата година ја подели Нобеловата награда за мир со филипинската новинарка Марија Реса. Признанието им го посвети на шестмина свои новинари кои загинаа поради својата работа. „Новаја газета“ на почетокот на март објави дека од својата веб-страница ќе ги отстрани…

Read More

Руските сили влегоа во индустриската зона на опколениот украински град Северодоњецк, изјави гувернерот на Луганск, Сергеј Хајдај.  Според Хајдај, руските сили во тоа подрачје ја немаат заземено само хемиската фабрика „Азот“, а не престануваат ниту нападите врз селата што се наоѓаат во близина. „Во фабриката „Азот“ се кријат околу 300 цивили“, информираше потпретседателката на украинската Влада, Ирина Верешчук. Како што најави Верешчук, официјални лица ќе се обидат да воспостават безбедносен коридор за цивилите кои бараат евакуација од фабриката. Дваесет украински цивили вчера ја напуштиле фабриката, користејќи премин што не е под контрола на украинските сили, јавија руски медиуми. Киев призна…

Read More

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови, во северените делови, ќе има изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветар од северозападен правец. Утринските температури ќе бидат во интервал од 9 до 17 степени, а дневните од 28 до 36 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, попладне со умерен развој за нестабилна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветар од северен правец. Утринската температура ќе биде до 15 степени, а дневната ќе се искачи до 34 степени. Во среда и…

Read More

Македонскиот гитарист Влатко Стефановски викендот за првпат настапи во Тирана. Стефановски настапи во придружба на својот син Јан Стефановски – тапани и Иван Кукиќ – на бас, а за координација, пред и по настанот, стои директорот на македонскиот Културно-информативен центар во Тирана, Златко Ориѓански. Ориѓански заедно со Денис Бижга, директорот на „Albania guitar festival“, го овозможија овој прв концерт на Влатко Стефановски во Тирана, што, како што посочуваат во соопштение, ќе биде забележан како историски датум за културите на двете земји.

Read More

Исклучително раното внесување на бугарската заедница во Уставот, што би можело да се искомплицира во текот на преговорите, начинот на кој тоа ќе биде толкувано од Бугарија, како и механизмите што се вградени во тековниот неофицијален „предлог“ на француското претседателство, се дел од клучните ризици во неофицијалниот документ, оценуваат од Институтот за демократија (ИДСЦС) и Институтот за европска политика (ЕПИ), кои денеска го презентираа документот „Бугарското вето на македонските евроинтеграции: Какво јаболко може да загризе Македонија?“. Како што истакна Симона Кацарска од ЕПИ, презентацијата на документот и панелот имаат за цел да се процени каков е овој „француски предлог“, иако…

Read More

Апсолутно сметам дека имаме потенцијал за прва жена генерал и подготвена сум да поддржам такво решение, истакна министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Петровска, во денешното гостување во емисијата „Утрински брифинг“, на прашањето кога Северна Mакедонија ќе има жена генерал, рече дека армиските сили имаат квалитетни кандидатки. „Од моето неколкумесечно искуство и директна соработка и работа со персоналот и во Министерството и во Армијата, бидејќи кандидатката треба да биде воено лице, апсолутно сметам дека да – имаме таков потенцијал и мислам дека тоа е нешто што треба да се валоризира, не само заради тоа што некој е жена, туку заради тоа…

Read More

Со денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), цената на бензините ќе се намали за 1,5 денари, а цената на дизелот ќе се зголеми за 0,5 денари, информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. Новите цени на нафтените деривати, како што кажа, се должат на фактот што во текот на изминатата недела за речиси два денари се зголеми курсот на доларот и достигна над 59 денари за еден долар. „Курсот на доларот прави притисок, бидејќи се зголеми од 57 на 59 денари. Со последната методологија РКЕ гои презема податоците од Медитеранската берза,како што тоа го прават и…

Read More

Грчките безбедносни сили прогонуваат, ограбуваат, тепаат, па дури и убиваат бегалци, тврди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Ердоган се обрати преку видеопорака на Глобалната парламентарна конференција за миграции, чиј домаќин е Големото национално собрание на Турција, заедно со Интерпарламентарната унија во Истанбул. „Речиси секојдневно сведочиме за драмата на бегалците, кои грчките безбедносни сили ги прогонуваат, ограбуваат, тепаат, па дури и убиваат“, истакна Ердоган. Тој додаде дека „земјите како нас, што се соседи во кризни подрачја, имаат најголем товар кога се во прашање миграцијата и бегалците, а не развиени општества што само го креваат гласот“. Според Ердоган, оние кои прифатиле неколку…

Read More

Специјализиран портал за ракомет „Балкан-хендбол“ неофицијално дознава дека Европската ракометна федерација (ЕХФ) донела одлука за забрана за настап на македонскиот првак Вардар во Лигата на шампиони во сезоната 2022/23. Неофицијално, таквата причина е образложена со несредената финансиска ситуација, која го стави под знак прашалник и минатогодишниот настап на „црвено-црните“ во елитното натпреварување. Според „balkan-handball.com“, ЕХФ лани, сепак, му прогледа низ прсти на клубот од СЦ „Јане Сандански“. Офијалната одлука се очекува до крајот на неделата. 

Read More

Несреќното момче од Македонија, кој вчера попладне околу 18 часот се удави во близина на плажата Утјеха кај Бар, е 22-годишниот Енис Халили од Тетово. Тој викендот пристигнал во Црна Гора, каде денеска требал да го има првиот работен ден, но неговата желба да се освежи по долгиот пат и слободното попладне што го добил од новиот работодавач се претвори во трагедија. Според информации кои стигнале до соседите на Халили, како првична причина за несреќата се споменува силна морска струја која го повлекла подлабоко во морето. „Тоа е животот. Наместо подобрa eгзистенција за еден млад тетовец, се случи трагедија. Енис…

Read More