Author: Sashko

Европа се соочува со нов здравствен предизвик наречен мајмунски сипаници, вирус кој почна да се шири низ континентот. Според Светската здравствена организација (СЗО), стапката на смртност е меѓу три и шест отсто и против болеста не постои вакцина или специфичен третман во лекувањето. Што се мајмунски сипаници? Мајмунските сипаници, како што е наведено на интернет страницата на СЗО, се вирусна зооноза, односно вирус што на луѓето се пренесува од животни. Податоците на Центрарот за контрола и превенција на болести укажуваат дека мајмунските сипаници за првпат се појавија во 1958 година кај мајмуни, па затоа и името на болеста. Случаите, пред…

Read More

Бугарскиот премиер Кирил Петков во видеообраќање го повика претседателот на државата Румен Радев да го свика Консултативниот совет за национална безбедност за состојбата на преговорите меѓу Бугарија и Македонија. Петков истакна дека бугарската влада нема да направи ништо без широка национална согласност и во рамки на договорот меѓу коалициските партнери. Петков го повика Министерството за надворешни работи да достави извештај за состојбата на преговорите меѓу Бугарија и Македонија. Тој побара за овој извештај да се расправа и на редовниот коалициски совет во текот на наредната недела. Според премиерот Петков, конечниот легитимен мандат на темата Северна Македонија го има единствено Народното…

Read More

Делегација на Српската православна црква (СПЦ) предводена од партијархот Порфириј на 23 и 24 мај ќе престојува во посета на Македонската православна црква – Охридска Архиепискпопија (МПЦ-ОА). „Со радост му соопштуваме на верниот народ дека од 23 до 24 мај 2022 година, во посета на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ќе престојува делегација на Српската Православна Црква предводена од Неговата Светост, српскиот патријарх г. г. Порфириј. На 24 мај во 9 часот, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, Неговата Светост Српскиот Патријарх г. г. Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со архиереи…

Read More

Екипи на српското Министерство за внатрешни работи до 13 часот извршиле увид во вкупно 224 училишта на териториите на Нови Сад, Ниш и Лесковац по претходно добиена дојава за поставена експлозивна направа, при што било утврдено дека се лажни, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопшти министерството за образование, наука и технолошки развој на Србија, дојава за поставени бомби добиле 137 училиштата во Нови Сад, а до 13 часот биле „прочешлани“ 125. Во Ниш е извршена контрола во 56 училишта од вкупно 71 колку што добиле дојава. Дојава за поставена бомба добиле и 91 училиште во Лесковац, а…

Read More

Германија денеска го потврди првиот случај на мајмунски сипаници, а нови случаи на заразата пријавија и Италија, Шпанија, Франција и Велика Британија. Медицинската служба на германските вооружени сили денеска соопшти дека го потврдила првиот случај на мајмунски сипаници. „Институтот за микробиологија на германските вооружени сили во Минхен го откри првиот случај на вирусот на мајмунски сипаници на 19 мај 2022 година, кај пациент со карактеристични кожни лезии“, соопшти медицинската служба. Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах изјави дека врз основа на достапните информации, тој претпоставува оти вирусот не се пренесува така лесно и оти неговото ширење може да се спречи…

Read More

Командантот на украинскиот баталјон Азов, Денис Прокопенко, се обрати до јавноста и рече дека добиле наредба да престанат да го бранат Мариупол и да ги спасат животите на борците. „Цивилите се евакуирани, а на тешко ранетите им беше укажана потребната помош, па беа евакуирани, за подоцна да бидат разменети и да пристигнат на територијата што ја контролира Украина“, објасни украинскиот командант. Прокопенко рече дека процесот на извлекување на телата на борците кои загинаа бранејќи го Азовстал сè уште е во тек и оти се надева дека „во блиска иднина роднините на жртвите и државата Украина ќе можат чесно да ги…

Read More

Војните и природните катастрофи во 2021 година принудија милиони луѓе да ги напуштат своите домови, а бројот на внатрешно раселени лица достигна рекорд од, речиси, 60 милиони луѓе, се наведува во објавената студија. „Бројот на раселени во 2021 година, луѓето кои ги напуштиле своите домови и побарале засолниште во рамки на матичната држава изнесуваше 59,1 милиони од кои повеќе од пола се малолетници“, истакнуваат невладините здруженија ИДМЦ (Центар за следење на внатрешното раселување) и Норвешкиот совет за бегалци (НРЦ). Таа бројка од година во година (во неа не се опфатени бегалците во странство) непрекинато расте и во 2022 година се…

Read More

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска се состана со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел. Вучиќ на социјалните мрежи објави фотографија како подготвуваат ќебапи заедно со Мишел по денешните официјални состаноци. „Ќебапите ги подготвувавме заедно. Ти благодарам Шарл Мишел на посетата и на поддршката за европската иднина на Србија“, напиша Вучиќ.

Read More

Американскиот Сенат одобри речиси 40 милијарди долари помош за Украина, како одговор за руската агресија, пренесува агенцијата „Укринформ“, но наведува дека документот мора да го потпише претседателот Џо Бајден за да стапи на сила. Сенатот гласаше со 86 гласа „за“ и 11 „против“ за пакетот на воена, економска и хуманитарна помош, а сите 11 гласови „против“ беа од Републиканската партија. Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го предложи законот на 10 мај. „Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак се заблагодари за помошта, со оценка дека, самоуверено и стратешки, „одат кон победа“, пренесува Радио Слободна Европа.

Read More

Бранителот на титулата во кошаркарската Евролига, Анадолу Ефес, обезбеди пласман во финалето на завршниот турнир во Белград, откако вечерва во драматичен натпревар триумфираше над Олимпијакос со 77:74. Турскиот тим обезбеди второ последователно финале со тројка на српскиот кошаркар Василије Мициќ во последната секунда од првото полуфинале во белградската „Штарк арена“. Шејн Ларкин беше најефикасен во редовите на Анадолу Ефес со 21 поени, додека Мициќ го заврши натпреварот со 15 поени. Второто полуфинале вечерва ќе донесе шпанска пресметка меѓу големите ривали Барселона и Реал Мадрид.

Read More

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави оти не ја исклучува можноста за измени на Договорот за Европската Унија (ЕУ) од Мастрихт. „Неговата изјава доаѓа во време на обновената дебата за можните промени во начините на кои функционира ЕУ, делумно поттикнати од Конференцијата за иднината на Европа на која беше предложено подлабока интеграција, вклучувајќи и укинување на инструментот национално вето“, пренесува „Политико“. Тоа го поттиккна Европпскиот парламент да повика на изменување на повеќе договори на ЕУ, иако таквата идеја веќе подолго време предизвикува сомнеж кај многу земји членки кои сметаат дека тоа е непотребно и ќе предизвика дефокусирање од важните проблеми. „Ако…

Read More

Грчкиот композитор Евангелос Одисеас Папатанасиј, попознат како Вангелис, почина во 79-тата година од животот, јави новинската агенција од Атина. Тој е најпознат по оскаровскатаа награда за музика за филмот „Огнени кочии“, а компонираше многу препознатливи филмски мелодии за познати остварувања, како „Истребувач“ ( Blade Runner) и „Александар“. Професионалната музичка кариера ја започна во 60-тите години на минатиот век, соработувајќи со неколку познати рок бендови како The Forminx, Aphrodite’s Child, со Демис Русос и Лукас Сидерас. За време на кариерата напиша и компонираше околу 60 албуми, а музичките критичари го сметаат за еден од најголемите композитори на електронска музика на сите…

Read More