Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Министерот за надворешни работи на Никарагва, Денис Монкада официјално ја известил амбасадорката на Европска Унија (ЕУ) во Манагва, Бетина Мушхејд, за нејзиното протерување од земјата, изјави неименуван дипломатски извор. Мушхејд ја презеде функцијата во Манагва во октомври 2021 година. Според никарагванските медиуми, официјална Манагва е лута поради изјавата на претставникот на ЕУ во Советот за човекови права во Женева, кој побара од Владата на Никарагва да ја „врати“ демократијата. Тоа од властите на Никарагва беше протолкувано како „мешање (на ЕУ) и непочитување на националниот суверенитет“. Протерувањето на амбасадорката на ЕУ доаѓа седум месеци по протерувањето на апостолскиот нунциј, Валдемар Сомертаг.…
Денеска почнува снимањето на вториот игран филм на Илија Павлов со наслов „Емил врати се“, во продукција на „Персона филм“ и на „Кино Балкан“. Според режисерот Павлов, снимањето ќе се одвива во такси низ цело Скопје со цел, како што вели, да се остави еден специфичен печат на градот кој наскоро ќе стане метропола. Главните улоги во филмот се доверени на актерите Душица Настова, Никола Ристановски, Симона Димковска, Оливер Митковски, Васко Атанасоски (21 век), како и околу 150 други ликови од државата. Првиот долгометражен филм на Илија Павлов е насловен „Гласот на тишината“ (Rebirth: Voice of silence), во кој тој…
Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопшти дека од денеска почнува етапната исплата на пензиите за септември. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.09.2022 година (четврток); За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.09.2022 година (петок); За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 03.10.2022 година (понеделник), и За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 04.10.2022…
Осмиот пакет на санкции на Европската Унија (ЕУ) против Русија опфаќа повеќе скапоцени метали, но не и дијаманти, клучна индустрија за Белгија, јави дописничката на МИА од Брисел. Европската Комисија (ЕК) вчера го презентираше последниот предлог за нови рестрикции врз Русија. Меѓу нив ограничување на цената на руската нафта што се извезува во трети земји кои немаат санкции против Москва, но и низа материјали, супстанци и производи, со цел да се намалат приходите на Кремљ. Но, и покрај бројните повици да се вклучат дијамантите во списокот на санкции, тоа ниту овој пат не се случи. Дијамантската индустрија е многу важна…
Времето денеска ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди. Попладне, особено во посеверните делови, ќе има краткотраен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветар од јужен правец, информираат од УХМР. Минималната темпертура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени, а максималната од 22 до 29 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево, со умерена променлива облачност и со умерен јужен ветар. Во делови од регионот ќе има услови за краткотарен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната темпертура ќе биде околу 10 степени, а максималната ќе достигне до 23 степени.…
Регионалниот пат Велес – Градскo е затворен за сообраќај во наредните девет месеци, поради изведување на градежни работи. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово -…
Шведска откри четврта дупка од која истекува гас на гасоводите „Северен тек“, соопшти крајбрежната стража. „Две од четирите оштетувања се наоѓаат во ексклузивната економска зона на Шведска“, изјави портпаролката на крајбрежната стража за весникот „Свенска Дагбладет“. Останатите две оштетувања се наоѓаат во ексклузивната економска зона на Данска, пренесува Танјуг, повикувајќи се на „Ројтерс“. Истекувањето на гас од системите „Северен тек“ во шведските и во данските води во Балтичкото Море беа откриени во понеделникот, а Европската Унија (ЕУ) и НАТО изразија уверување дека инцидентите се резултат на саботажа. Истекувањето загадува колку третина што загадува третина Данска Европската Унија вети „силен“…
Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, попладнево го презентираше новиот пакет санкции по нелегалните референдуми во Украина, јави дописничката на МИА од Брисел. Како што изјави фон дер Лајен, новите санкции предвидуваат нови забрани за увоз на дополнителни производи од Русија во ЕУ, но и нов список на производи што не смеат да се извезуваат од ЕУ во Русија. Овде спаѓаат, пред сѐ, производи кои можат да ѝ послужат на руската армија да се модернизира и развива: електронски компоненти, производи од областа на авијацијата, технологијата и хемиски супстанци. Се предлагаат и забрани за европски услуги во Русија…
Лариса Дир: Украина никогаш нема да ги признае псевдореферендумите на Кремљ во окупираните територии
Украина никогаш нема да ги признае таканаречените резултати од псевдореферендумите кои што Кремљ ги одржа на привремено окупираните територии на Херсонската, Запорожската, Луганската и Донецката област во Украина, под нишан на руските автоматски пушки, изјави амбасадорката на Украина во Република Северна Македонија, Лариса Дир за „Цивил Медиа“. Лажните „референдуми“ одржани од воените злосторници не ги менуваат административно-територијалните граници на Украина. Наместо тоа, според неа, тие создаваат основа за ескалација; претставуваат продолжение на геноцидот од страна на руската федерација врз Украинците, теророт на украинско тло, заплашувањето, инвазијата. „Вооружените сили на Украина ќе продолжат да ги ослободуваат привремено окупираните територии на Украина…
Во последните 24 часа, според податоците од Институтот за јавно здравје, се регистрирани 96 нови случаи со ковид-19, еден починат пациент и 37 оздравени лица, соопшти Министерството за здравство. Согласно регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, се регистрирани уште два смртни случаја од Скопје (81 год. и 91 год.). Новите 96 случи се забележани во Скопје – 55, во Битола – 10, во Куманово – осум, во Тетово – шест, во Прилеп – четири, во Кавадарци, во Велес, во Охрид, во Штип и во Крива Паланка – по два, во Неготино, во Радовиш и во Богданци…
Во домовите во Скопје ќе има парно на 15 октомври, вели Виктор Андонов, советник за енергетика во Кабинетот на премиерот. Во прилог на ваквото тврдење, Андонов рече дека за разговорите со Србија за набавка на гас постои оптимизам кај двете страни дека ќе завршат, ќе функционира договорот и оти ќе се обезбедат потребните количини гас за работа на ТЕ-ТО и на топланите. Вториот аспект, посочи, е дека тие електрани имаат и резервно гориво, односно може да работат и на мазут, што значи дека доколку не се договори опцијата за гас и не се обезбедат доволно средства за набавка на природен…
Добитници на годинашната државна награди „11 Октомври“ се невропсихијатарот проф. д-р Методи Чепреганов за животно дело во областа на науката и поетесата Линдита Ахмети, писателот Томислав Османли и ликовниот уметник Мицко Јанкуловски за животно дело во областа на културата и уметноста. Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 октомври во 2022 година во 12 часот во Собранието. Претседател на Одборот за државната награда „11 Октомври“ е Џевдет Хајредини.