Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Македонија со пораз го започна настапот на Европското ракометно првенство чии кодомаќини се Унгарија и Словачка. Во воведниот меч од групата А во Дебрецин, „црвено-жолтите“ загубија од Словенија со 25:27 (полувреме 10:13). Најефикасен играч на натпреварот беше Цветан Кузманоски со осум гола, Филип Кузмановски постигна пет, а Филип Талески четири. Прв стрелец во словенечкиот состав беше капитенот Јуре Доленц со пет погодоци. Во вториот меч од А конкуренција вечерва од 20.30 часот ќе играат Данска и Црна Гора.
Нуркачите од Нуркачкиот центар АМФОРА од Охрид, кај музејот на вода, на атрактивен и за нив препознатлив начин по трет пат под вода го запалија традиционалниот василичарски оган со кој ја најавија Стара нова година. На богатата трпеза беа испечените колбаси и квалитетно македонско вино. https://www.youtube.com/watch?v=hmyvSgPOD0c&t=1s Со ова нуркачите од АМФОРА на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица како и престојните празници Богојавленије Водици и Св. Јован крстите, денот на рибарите.
Најмалку пет лица загинаа денеска, а повеќе од 45 се повредени кога патнички воз излета од шините во индиската држава Западен Бенгал. Сите повредени се хоспитализирани, а причината за несреќата се истражува, соопштија претставници на полицијата и железницата. Во несреќата, 12 вагони излетале од шините, а три се превртеле. Владата ќе обезбеди парична отштета за семејствата на загинатите и сите повредени. Несреќите се чести на големата, но стара железничка мрежа во Индија. Државната железница има 9.000 патнички возови и превезува околу 23 милиони патници секој ден.
На веб-страницата на иранскиот врховен лидер, ајатолах Али Хамнеи е прикажано анимирано видео на кое се гледа роботизирано возило чија цел е атентат на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп. Анимираното видео е направено по повод атентатот врз иранскиот генерал Касем Сулејмани на 3 јануари во 2020 година, кој беше убиен во напад со американско беспилотно летало во Багдад. На видеото, објавено вчера на веб-страницата на канцеларијата на Хамнеи, се гледа како Трамп е погоден од ирански дрон на терен за голф во неговиот дом во Мар-а-Лаго, на Флорида. На видеото е прикажан минатогодишниот пропаганден плакат, на кој исто така се…
Посиромашните земји во текот на минатиот месец одбија над 100 милиони дози на вакцини против ковид-19 што им беа понудени преку глобалната иницијатива Ковакс поради нивниот краток рок на траење, изјави денеска претставник на УНИЦЕФ. Оваа бројка ги покажува проблемите со вакцинирање во светот и покрај зголемената понуда на вакцини. Ковакс се приближува до бројката од една милијарда поделени дози во повеќе од 150 држави. Повеќе од 100 милиони дози беа одбиени само во декември. Главна причина за тоа беше нивнио краток рок на траење, изјави Етлева Кадили од УНИЦЕФ пред европратениците. Посиромашните држави, исто така, мораа да ги одложат…
Талибанци во акција, инвестиции во струјата, зелена енергија, вакцинални пунктови, пратеникот Кастриот Реџепи, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски…, беа само дел од маските што денеска продефилираа низ вевчанските улици во рамките на Вевчанскиот карневал. Вевчанци на шеговит начин го прикажаа и копањето биткоинти, се пошегуваа со греењето со симболично собирање дрва „да си ги стоплат децата“, потсетија на екс премиерот Никола Груевски со бадниковото лепче, протестираа за ослободување на тенисерот Новак Ѓоковиќ, како и неговиот настап на „Австралија опен“. Не ја заборавија ниту хуманоста на словенечките пожарникари кои…
Минималната плата ќе биде 18.000 денари и тоа ќе се случи, штом се постигне договор меѓу Владата, синдикатите и работодавците. Енергетската криза, економската криза и политичките состојби не дозволија минималната плата да се зголеми уште во месец декември, но раст на минималната плата во следниот период ќе има, порача потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи во гостување во ТВ Алсат. Минимална плата во 2016 година беше 9.000 денари или 38 отсто од просечна, на крај на декември во 2021 година, просечна плата е 29.145 денари, а минималната плата во ноември во 2021 година е на ниво од 52,2 отсто од просечната…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва изјави дека 20-тина припадници на РОСУ, специјална единица на косовската полиција, влегле во Грачаница каде спровеле акција. Пратија 20 специјалци во Грачаница во очекување тамју да начекаат состанок и ловеа вол на ражен кој е подготвен за утрешната прослава на српска Нова година. Сакаа да ја забранат, рече Вучиќ за РТС, пренесува Н1. Вучиќ рече оти стравува дека се подготвува акција во недела, кога е закажано гласање на референдум за уставните промени во Србија, за да се забрани гласање на Србите. Тој упати „молба“ до меѓународната заедница да ја „известат“ Приштина да ги почитува…
Шпанскиот прволигаш Рајо Валјекано сака да го задржи Столе Димитриевски во своите редови и не води преговори за негов трансфер во Барселона, а на адреса на мадридскиот клуб за услугите на македонскиот репрезентативен голман е пристигната понуда вредна 3,5 милиони евра од саудискиот прволигаш Ал Наср. Ова вечерва на својот Твитер профил го објави угледниот италијански новинар и добар познавач на трансфер пазарот Фабрицио Романо. Според истиот извор, Рајо Валјекано настојува да го задржи македонскиот голман во своите редови и засега не е постигнат договор со Ал Наср, ниту пак се водат преговори со Барселона. Повеќе шпански медиуми во изминатиот…
Распадот на Југославија очигледно бил тема во дел од тензичните безбедносни разговори меѓу претставници на НАТО и на Русија кои траеја околу четири часа на што упатува и огласувањето на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Југославија не се распадна поради НАТО. За тоа имаше неколку внатрешни причини, а НАТО дојде подоцна за да ја запре војната во Босна и Херцеговина. НАТО не менуваше граници на Балканот, границите се менуваа од внатрешни причини. НАТО беше тука за да заштити луѓе и тоа на овој состанок го потврдија и државите кои ја сочинуваа поранешна Југославија, а кои денеска се членки на…
Откако организаторите на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг денеска изразија загриженост поради растот на бројот на инфекции со Омикрон во Кина, директорот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Пјер Дукре изјави оти новиот сој на коронавирусот не претставува закана за ЗОИ кои ќе почнат на 4 февруари. Не постои загриженост дека омикрон ќе влијае на текот на Игрите. Кина може да спроведе голем број тестирања во многу краток временски период, а бројот на учесници не претставува закана за домаќините, посочи Дукре. Кинеските организатори на ЗОИ инсистираат на задолжително вакцинирање против коронавирусот со две дози или строг тринеделен карантин за сите…
Министерот за економија, Крешник Бектеши ги повика Градот Скопје и скопските општини да ги платат сметките за топлинска енергија, како што наведе, барем за месец декември, бидејќи до денес тоа не го направиле. Минимум што можат да направат е да ги платат сметките за парно греење, кажа министерот за Бектеши во вечерашното гостување во дневникот на ТВ Сител. Како што информираше министерот, Градот Скопје и општините, согласно Законот за енергетика и Законот за комунална дејност, се задолжени да обезбедат сигурност во снабдувањето со топлинска енергија за граѓаните, за што треба да бидат подготвени во рамки на своите буџети кои ги…