Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши: Град Скопје и општините да ги платат сметките за парно барем за декември

0
By Sashko on January 12, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 12, 2022 20:56

Министерот за економија, Крешник Бектеши ги повика Градот Скопје и скопските општини да ги платат сметките за топлинска енергија, како што наведе, барем за месец декември, бидејќи до денес тоа не го направиле.

Минимум што можат да направат е да ги платат сметките за парно греење, кажа министерот за Бектеши во вечерашното гостување во дневникот на ТВ Сител.

Како што информираше министерот, Градот Скопје и општините, согласно Законот за енергетика и Законот за комунална дејност, се задолжени да обезбедат сигурност во снабдувањето со топлинска енергија за граѓаните, за што треба да бидат подготвени во рамки на своите буџети кои ги усвоија на крајот на минатата година, кога веќе и беше прогласена енергетската криза, да обезбедат средства и да им излезат во пресрет на граѓаните.

Ако Градот Скопје и општините во рамки на Град Скопје не се подготвени да покријат 20 отсто од разликата од актуелната до реалната цена на топлинската енергија, како што предложи Владата, тогаш подготвени сме ние целосно, односно 100 проценти, да ја покриеме оваа разлика, кажа Бектеши.

Во однос на прашањето што ќе се случи доколку БЕГ не се согласува со овој предлог, министерот Бектеши кажа дека Владата ќе ги искористи сите законски можности кои ги има на располагање, што значи доколку е потребно и одземање на лиценцата за работа и назначување на привремено управување.

Сè уште се чека одговор и од компаниите кои имаат лиценца за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, за што во текот на утрешниот ден Владата ќе донесе конечна одлука која ќе биде по предлог на Комисијата која е формирана за да ја следи ситуацијата со кризната состојба, кажа министерот Бектеши и дополни дека ќе биде донесена одлука целосно да се стави во функција и ТЕ-ТО односно да работи и за време на викенд, да произведува и електрична и топлинска енергија во текот на целата недела, а не само во време на пикови.

Бектеши ги повика Градот Скопје, општините и сите институции да бидат солидарни во вакви кризни времиња и да им излезат во пресрет на граѓаните.

БЕГ Град Скопје Крешник Бектеши лиценца Македонија општини парно сметки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.