Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Повеќе од 500 цивили, меѓу кои 130 жени и постари лица, се повредени за време на немирите во Алмати, а пожар ја зафати и резиденцијата на казахстанскиот претседател и седиштето на градоначалникот во тој казахстански град. https://www.youtube.com/watch?v=EzzHuLnimgA Градот денеска повторно беше нападнат од екстремисти. Се преземаат неопходни мерки за заштита на животот и безбедноста на граѓаните. Ги повикуваме оние што излегоа на улиците да се разотидат, изјави шефот на полициската управа во Алмати, Канат Тимерденов. https://www.youtube.com/watch?v=xG3pEi_7Zj0 Според него, во протестите изгореле 120 возила, од кои 33 амбулантни и пожарникарски, 120 продавници и трговски објекти, 180 угостителски објекти, а оштетени се…
Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ слета во Мелбурн околу 14 часот по средноевропско време, но странските медиуми јавуваат дека не му е одобрена виза за влез во Австралија. Наводно било заклучено дека Ѓоковиќ се обратил за „погрешна виза“. Граничната полиција веднаш ја контактирала Владата, а федералните власти побарале од сојузната држава Викторија да му одобри виза, но барањето било одбиено. Моментно се чека Ѓоковиќ да поднесе ново барање и проблемот формално да биде решен за да влезе во земјата. Српскиот тенисер вчера се упати кон Мелбурн, откако обезбеди статус на „медицински исклучок“ за задолжителната вакцината против ковид-19. Таквата информација предизвика…
Претседателот на Полска, Анджеј Дуда е инфициран со коронавирус, порача денеска неговиот соработник Павел Шрот. Тој додаде дека Дуфа се наоѓа во изолација, но дека се чувствува добро и нема сериозни симптоми на вирусот, пренесе „Ројтерс“. Дуда беше заразен со ковид-19 и во октомври во 2020 година. Полска во изминатите денови бележи помал број на позитивни случаи што, веројатно, е резултат на малиот број на тестирања за време на празниците.
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас ќе биде во комбинација за настап во дресот на Наполи на утрешното дерби во Серија А против Јувентус, откако клубот од Неапол денеска соопшти дека играчот за врска е негативен на коронавирус. Елмас, кој е имунизиран со две доза на вакцина против ковид-19, по новогодишните празници требаше да се врати од Скопје во Неапол, но поради позитивен ПЦР тест што му бил направен минатиот четврток остана во домашна изолација. Македонскиот фудбалер минатата недела по втор пат беше позитивен на ковид-19, откако се зарази со вирусот и во октомври минатата година кога отсуствуваше од терените три…
Во Израел денеска е регистриран најголем број новозаразени со ковид-19, пред сè поради сојот Омикрон, и покрај рестрикциите за патувања и мерките за изолација, соопшти Владата. Во изминатите 24 часа се потврдени 11.978 случаи, што е најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата. Претходниот „црн рекорд“ беше забележан на 2 септември во 2021 година со 11.345 новозаболени од сојот Делта. Во Израел, 63 проценти од 9,4 милионското население примило две дози на вакцина, а 43 проценти примиле и бустер доза против Ковид-19. Во Израел од неодамна е предвидена четврта доза за лицата постари од 60 години и со слаб…
Казино во Дојран наводно издавало фалсификувани сертификати за ковид-19, објави грчката телевизија „Опен“ во сопственост на контроверзниот бизнисмен Иван Савидис, без притоа да наведе за кој објект поточно станува збор. Од македонското Министерство за внатрешни работи (МВР) велат дека не добиле пријава за таквите наводи, но најавија дека ќе го истражат случајот. „Опен“ ТВ во својот прилог објави дека случаите биле откриени во еден ден, откако на 45 лица на граница им бил направен анти-ковид тест, а девет од нив добиле позитивни резултати, иако на граничниот премин пристигнале со негативен наод. https://www.youtube.com/watch?v=y3Aq6qSzflk Телевизијата во веста нагласува дека сопственикот на казиното…
Американската наставничка Лора Русо од Њујорк се соочува со затворска казна до четири години, бидејќи вакцинирала ученик против ковид-19 во домашни услови, иако формално нема медицински квалификации за такво нешто. Таа го вакцинирала 17-годишното момче за време на новогодишната ноќ, а видео снимка од чинот се појави и на социјалните мрежи на која му вели „ете така, вакцинација дома. Се надевам ќе бидеш добро“. Директорот на средното училиште „Херикс“ изјави дека Лора Русо е суспендирана од наставните активности и прераспоредена до крајот на истрагата. Русо се соочува со обвинение за практикување на медицина без потребни дозволи. Првото судско рочиште ќе…
Европската Унија (ЕУ) од вчера забранува употреба на обоени мастила за тетовирање, а како причина наведува можни здравствени проблеми. Официјални лица наведуваат дека околу 4.000 хемикалии кои се користат во мастилата може да предизвикаат „рак или генетски мутации“, меѓутоа на таквата одлука се противат и уметниците за тетовирање и нивните клиенти. Новите правила на ЕУ, исто така, ги утврдуваат и максимално дозволените концентрации за групи на супстанци или за поединечни супстанци, како што се одредени азобои и канцерогени ароматични амини, полициклични ароматични јаглероди, метали и метанол. Ваквиот потег стапува на сила, бидејќи ЕУ сака да ги заштити своите граѓани од…
Голема врева се крена во Австралија по најавата дека Новак Ѓоковиќ ќе настапи невакциниран на гренд слемот во Мелбурн. Меѓу најгласните е австралискиот премиер Скот Морисон, кој порача дека прашањето не е решено, иако српскиот тенисер е на пат кон Австралија. Морисон нагласи дека ги чека сите докази кои ќе потврдат дека Ѓоковиќ со право е „медицински исклучок“, веројатно да ги смири и незадоволните граѓани на Викторија. Во случај на недоволно добри докази, тогаш нема да го третираме поинаку од било кој друг и ќе се врати дома со првиот авион, порача Морисон и доаде дека „ќе нема специјални правила…
Британската Агенција за здравствена безбедност (УКХСА) објави податоци за точноста на заштита по прва, втора и трета доза на вакцина против ковид-19, потпирајќи се на собраните информации за време на растот на случаи со Омикрон сојот. Утврдено е дека, иако вакцините многу помалку штитат од инфекција со омикрон сојот отколку со Делта, заштитата од хоспитализација останува висока. Заштитата од хоспитализација со време ослабува по втората примена доза, но повторно се зголемува со бустер доза. Студијата е засновата на податоци меѓу 27 ноември и 24 декември во 2021 година и дава први формални проценки на ефикасноста на бустер дозата на вакцина…
Карневал во Рио де Жанеиро втора година по ред е откажан поради пандемијата на коронавирусот. Одлуката ја објави градоначалникот Едуардо Паеш по состанокот со претставници на карневалските групи. Тој рече дека практично не е изводливо да се одржи уличниот карневал додека важат ограничувањата за влез и другите мерки за коронавирус на уличната прослава на која се регистрирале стотици групи. Повеќе од три милиони луѓе излегоа на улиците во текот на четирите дена од последниот карневал што се одржа 2020 година, наведува весникот „Г1“. Во меѓувреме, плановите за парадите на Самбодромот во февруари и март засега остануваат. Според официјалните податоци, повеќе…
Првиот ден на Божик – 7 јануари (петок), според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП), неработниот ден е прогласен согласно Законот за празниците. Од МТСП им го честитаат Божик на граѓаните од православната вероисповед.