Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас ќе биде во комбинација за настап во дресот на Наполи на утрешното дерби во Серија А против Јувентус, откако клубот од Неапол денеска соопшти дека играчот за врска е негативен на коронавирус.

Елмас, кој е имунизиран со две доза на вакцина против ковид-19, по новогодишните празници требаше да се врати од Скопје во Неапол, но поради позитивен ПЦР тест што му бил направен минатиот четврток остана во домашна изолација.

Македонскиот фудбалер минатата недела по втор пат беше позитивен на ковид-19, откако се зарази со вирусот и во октомври минатата година кога отсуствуваше од терените три недели.