Европската Унија (ЕУ) од вчера забранува употреба на обоени мастила за тетовирање, а како причина наведува можни здравствени проблеми. Официјални лица наведуваат дека околу 4.000 хемикалии кои се користат во мастилата може да предизвикаат „рак или генетски мутации“, меѓутоа на таквата одлука се противат и уметниците за тетовирање и нивните клиенти.

Новите правила на ЕУ, исто така, ги утврдуваат и максимално дозволените концентрации за групи на супстанци или за поединечни супстанци, како што се одредени азобои и канцерогени ароматични амини, полициклични ароматични јаглероди, метали и метанол.

Ваквиот потег стапува на сила, бидејќи ЕУ сака да ги заштити своите граѓани од потенцијално штетни хемикалии, се наведува во соопштението.

Правилата се одобрени пред 12 месеци, период што ЕУ го даде на мајсторите за тетовирање и на индустријата за шминки да ги изменат своите рецепти. Во ЕУ сметаат дека новите правила ќе ги заштитат клиентите од низа здравстени проблеми – од иритација на кожата до рак. Некои од супстанциите веќе беа забранети во производите за нанесување на кожата, пишува „Метро“.

Научниците сè уште немаат постигнато консензус за директната врска за ракот и мастилата за тетовирање.