Author: Sashko

Германскиот сојузен канцелар Олаф Шолц сака 80 отсто од луѓето во Германија да бидат имунизирани до 7 јануари, јави агенцијата ДПА. Според портпаролот на кабинетот, Штефен Хебешрајт, ова се однесува на оние со примена прва доза на вакцина. Во моментот, 61,2 милиони луѓе во Германија се вакцинирани со најмалку една доза, што е 73,6 отсто од вкупното население. За да се стигне до целта од 80 проценти, на околу 5,3 милиони лица треба да им се аплицира прва доза до 7 јануари. На тој датум, Шолц има намера да одржи дополнителни разговори со премиерите на германските провинции за борбата против…

Read More

Во Собранието за денеска е закажана седница за пратенички прашања, како и продолжение на уште пет други собраниски заседанија. За 11 часот во Големата сала е закажана 55-та собраниска седница, на чиј дневен ред е само точката за Поставување на пратенички прашања. Според најавите, пред оваа седница се очекува претседателот на Собранието, Талат Џафери да ја констатира вчера доставената оставка на премиерот Зоран Заев. По неа, во 12:30 часот е закажано продолжение на 25-та седница, на чиј дневен ред меѓу другите е Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Македонија, по скратена постапка во…

Read More

Не треба да се брза со решавање на спорот со Бугарија за одблокирање на процесот за старт на преговорите за членство на земјава во Европската Унија (ЕУ), затоа што кога сте соочени со предизвик од таков калибар, брзањето не е секогаш најдобриот сојузник, порача вчера претседателот Стево Пендаровски во своето годишно обраќање пред Собранието. Во актуелниот контекст, кога ги знаеме нашите црвени линии и јавно ги браниме, не треба да бидеме преокупирани со тоа колку време ќе им треба на другите да се соочат со вистината за нас. Наместо тоа, треба да бидеме опседнати со клучните реформи дома од кои…

Read More

Нема дополнителни рестриктивни мерки за празниците, а дел од ковид центрите се затвораат и целата интерна клиника се враќа во нормала, истакна вчера министерот за здравство Венко Филипче. Според него, сегашните рестриктивни мерки во пресрет на новогодишните празници се доволни со оглед на тоа што, како што рече, собири на јавни места има насекаде и пред Нова година. Практично, вели тој, кулминација ќе се достигне за време на новогодишните празници и по сето тоа ќе спласне. Филипче истакна дека не може да се предвиди дали некоја варијанта на вирусот ќе придонесе за влошување на епидемиолошката ситуација, но додаде дека затоа акцент е ставен на…

Read More

Јужна Африка за прв пат објави официјални податоци за случаи на ковид предизвикани од сојот омикрон кои го потврдуваат мислењето дека оваа варијанта на вирусот предизвикува помалку тешки форми на болеста. Епидемиологијата во Јужна Африка изгледа вака: Омикрон помалку се однесува на начин што е помалку тежок, рече професорката Шерил Коен од Националниот институт за заразни болести (NICD). „Нашите податоци убедливо покажуваат дека навистина постои позитивна приказна за намалената сериозност на болеста предизвикана од омикронскиот вид на вирусот во споредба со другите варијанти“, рече таа на прес-конференција. Сепак, научниците предупредуваат дека искуството од Јужна Африка не треба да се пренесува…

Read More

Турската полиција во Истанбул уапси американски дипломат од Либан, кој е обвинет дека продал лажен пасош на сириски државјанин за 10.000 долари. Во соопштението на полицијата се наведува дека осомничениот, дипломат од американскиот конзулат во Бејрут, е уапсен поради инцидент што се случи на 11 ноември на аеродромот во Истанбул, кога сириски државјанин се обидел да искористи туѓ пасош за патување до Германија. На снимката од безбедносните камери се гледа дека двајцата осомничени се сретнале на аеродромот, се пресоблекувале и дека американскиот дипломат на Сириецот му го дал пасошot. Кај дипломатот бил пронајден плик од 10.000 долари, како и друг…

Read More

Турската вакцина против Ковид-19, „Турковак“ е одобрена од турските власти за итна употреба и ќе почне да се користи од следниот викенд, изјави денеска министерот за здравство Фахретин Коџа. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција ќе ја направи вакцината достапна на светско ниво. Турција веќе испорача над 125 милиони дози од кинеската вакцина „Синовак“ и на „Фајзер“, при што повеќе од 51 милион луѓе примиле две дози. Земјата, исто така, започна со аплицирање на засилувачки дози. Коџа веста ја соопшти од фабрика во југоисточниот округ Шанлиурфа, каде што се произведува „Турковак“. Наскоро ќе почнеме со масовно производство на вакцината,…

Read More

Обвинителството на Босна и Херцеговина поведе истрага против 13 лица поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело напад врз уставниот поредок на БиХ, а првоосомничен за уривање на државата е лидерот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) и српски член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик. Босанскиот весник „Аваз“, повикувајќи се на неименувани извори, истакнува дека Додик е осомничен дека сторил кривично дело „здружување заради извршување кривични дела“, поврзани со кривичните дела „напад врз уставниот поредок“ и „незаконско формирање војска“. Покрај Додик, на списокот на осомничени се и претседателката на Република Српска (РС), Жељка Цвијановиќ, премиерот Радомир Вишковиќ, претседатлот…

Read More

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио најави стимулација од 100 долари за жителите кои ќе примат вакцина против ковид-19 до крајот на годината. Тој вчера истакна дека Њујорк повеќе не може да се соочи со затворање на училишта и бизниси, како што беше случај за време на првиот бран на ковид-19, пренесува британскиот весник „Гардијан“. Сепак, сè уште не е нејасно дали ќе продолжи организацијата на планираната градска новогодишна прослава на Тајмс сквер. Настанот лани беше мал и се одржа со запазување на мерката за физичка дистанца, но Де Бласио се надева дека оваа година ќе се одржи во целосно…

Read More

Холандското обвинителство побара доживотна казна затвор за четворицата осомничени за соборување на патничкиот авион на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година над источна Украина. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави дека се неприфатливи обидите на холандскиот суд да ја претстави несреќата на летот на патничкиот авион МХ17 како државен проблем, а не како кривично дело. На крајот од тридневната презентација на доказите, јавниот обвинител Манон Ридербекс побара доживотна казна затвор за тројца Руси и еден Украинец на кои им се суди во отсуство, пренесува агенцијата АП. Обвинителите во своите завршни зборови рекоа дека руската ракета што собори патнички авион…

Read More

Министерот за внатрешни работи на Мадагаскар, Серж Геле е еден од двајцата преживеани кои пливаа цели 12 часа до брегот по падот на нивниот хеликоптер во океан. Министерот Геле и неговиот колега полицаец стигнаа до брегот во близина на градот Махамобо вчераутро, откако скокнаа од хеликоптер во пад, изјави началникот на пристаништната капетанија, Жан Едмонд Рандрианантенаина. Во видео снимка која стана вирална на социјалните мрежи, се гледа 57-годишниот Геле како лежи исцрпен во униформа и вели „сè уште не ми е време да умрам“. ♦️Le GDI Serge GELLE, un des passagers de l’hélicoptère accidenté hier a été retrouvé sain et…

Read More

Европската комисија почна судска постапка против Полска, пренесуваат светските медиуми. Како што се наведува во вестите, процесот е инициран поради тоа што Европската Унија (ЕУ) смета дека Полска ги прекршила законите на Унијата и независноста на правосудниот систем во таа земја. Колку за потсетување, Уставниот суд на Полска прогласи дека договорите со ЕУ не се усогласени со полскиот закон, со што се поткопува приматот на закони на Унијата, наведува „Дојче веле“.

Read More