Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски порача да не се брза со решение за спорот со Софија, Мицкоски повика на проактивна политика и реципроцитет

0
By Sashko on December 23, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 23, 2021 07:55

Не треба да се брза со решавање на спорот со Бугарија за одблокирање на процесот за старт на преговорите за членство на земјава во Европската Унија (ЕУ), затоа што кога сте соочени со предизвик од таков калибар, брзањето не е секогаш најдобриот сојузник, порача вчера претседателот Стево Пендаровски во своето годишно обраќање пред Собранието.

Во актуелниот контекст, кога ги знаеме нашите црвени линии и јавно ги браниме, не треба да бидеме преокупирани со тоа колку време ќе им треба на другите да се соочат со вистината за нас. Наместо тоа, треба да бидеме опседнати со клучните реформи дома од кои зависи квалитетот на животот на нашите граѓани, порача Пендаровски.

Шефот на државата нагласи дека нема дилема околу тоа оти европските интеграции немаат издржана алтернатива за нас, но дека тие секако имаат своја цена.

Ако таа цена значи откажување од нашиот идентитет, не гледам политичар кај нас кој ќе сака да го продаде својот народ за такви европски интеграции. Неодамна, со апсолутен консензус усвоената Резолуција во ова Собрание за македонските државни позиции е доволно индикативна во таа насока, рече претседателот Пендаровски.

Тој нагласи дека од почетокот на бугарската блокада на нашиот европски пат се залага за внимателен и обмислен пристап во преговорите, без нагли пресврти, затоа што се работи за прашање од апсолутно највисок национален интерес.

Нашиот источен сосед изминатава година имаше серија на избори и независно од емоциите кои ги провоцира изборниот амбиент, она што загрижува е што слушнавме и реторика која ги надминува сите досегашни тврдења поврзани со нашата историја, јазик и идентитет. Една од тие тези е дека спроведуваме системска дебугаризација што е сериозно обвинување кое се разбира нема ништо заедничко со реалноста. Невозможно е амбасадорите на 30 држави кои имаат свои амбасади во Скопје, од кои 16 се земји членки на Европската Унија и кои на дневна основа ги следат состојбите кај нас, да не известат во своите главни градови за еден таков процес, кој ако постои, би бил рамен на геноцид, рече претседателот.

Тој потенцира дека по изборот на новата Влада во Бугарија и реизборот на бугарскиот претседател Румен Радев, од Софија се испраќаат поинаку интонирани пораки за пренесување на акцентот од минатото во сегашноста и „наместо за етничките чувства на луѓето од пред 10 векови, да зборуваме за иднината, за енергетско и инфраструктурно поврзување“.

Од друга страна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Македонското радио истакна дека врз основа на информации со кои располага доколку целосно или делови од Резолуцијата на бугарското Собрание од ноември 2019 година „не влезат во документот кој евентуално би се потпишал од македонската страна или би бил дел од преговарачката рамка во пред пристапните преговори, тогаш Македонија не би добила зелено светло за отпочнување на преговорите“.

Тоа впрочем го говори и изјавата на новоизбраниот бугарски премиер Петков кој што вели дека нема да ги напушти позициите кои што се поврзани со разликите кои што ги имаме за историските прашања. Тој го потврдува оној концепт познат како живковизам на негирање на македонската нација, македонскиот јазик, па дури и во одредена мерка на македонската држава, изјави Мицкоски.

Ваквиот став Мицкоски го повтори и во интервју за „Нова Македонија“ оценувајќи дека во „новите изјави од Софија“ не гледа позитивен нов пристап, туку дека ќе се разговара „не само за историјата, туку и за други полиња важни за спорот меѓу двете држави“.

Владата во Бугарија и нивниот претседател на државата повторуваат дека остануваат на бугарската декларација, која ги оцртува максималистичките и, би рекол, асимилаторски бугарски барања кон нас. Дополнително на ова ќе излезе и бугарски европратеник со изјава среде Европскиот парламент дека Македонија била втора бугарска држава, изјави Мицкоски, оценувајќи дека во најавениот нов пристап на Софија не е сменето ништо суштински и дека Бугарија останува на своите позиции.

Тој порача дека Владата, оваа и секоја наредна, мора да води офанзивна и проактивна политика на заштита на нашите интереси, нагласувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ е за отворени односи со нашите соседи, но и за заемно почитување.

Ако бараат почит, тогаш ќе мора да дадат почит. Впрочем, тоа е принципот на реципроцитет, додава Мицкоски.

Според него, потребно е да се разговара, да се има широк консензус меѓу сите политички чинители и да се држи иста позиција, со што ќе се убедат нашите соговорници во неодржливоста на спорот.

Да се фокусираме кон точките што нѐ обединуваат и каде што можеме да ја продлабочиме соработката и, секако, да лобираме интензивно кај нашите пријатели од Европската Унија, порача Мицкоски.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи синоќа во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21 истакна дека е постигнат голем напредок во разговорите со Бугарија, бидејќи она што денес го имаме на маса се разликува од првиот предлог што ни беше претставен лани во октомври.

Сосема различни прашања беа кога јас лани во октомври отидов во Софија, на мојата прва посета откако станав министер, а сосема други прашања во однос на формата разговараме денес. Стигнавме до еден прогрес од тој документ што ни беше предаден во Софија лани во октомври, до документите што сега ги имаме на маса и за кои разменуваме ноти на предлози, истакна Османи.

Шефот на дипломатијата нагласи дека со Бугарија нема да биде потпишува нов договор, иако првичното барање на Софија било токму тоа, да се потпише „некаков, не нов договор, туку протокол или меморандум со обврски“.

Но, тој процес не успеа, односно не беше прифатен од наша страна и во моментов разговараме за овие пет плус еден прашања, додаде Османи.

Тој посочи дека одлагањето на стартот на преговорите за членство со ЕУ нема да доведе до дестабилизација на земјата, но стравува од можно ново „грчко сценарио“.

„Најголемиот страв е да не влеземе во ново грчко сценарио, а тоа е да влеземе во замрзнат конфликт со Бугарија. И ова да стане нова нормалност во нашите односи“, нагласи Османи.

Бугарија Бујар Османи Македонија решение спор Стево Пендаровски Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.