Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) на денешната 57-ма седница информираше дека директор на основно училиште во Општина Теарце ја вработил неговата ќерка како библиотекар во истото училиште. Од ДКСК наведоа дека ќе поднесат иницијатива до градоначалникот на Општина Теарце за разрешување на директорот, а за него поведување на прекршочна постапка за неииземање при потпишување на договорот и за непријавување на вработување на блиско лице до Комисијата. Од ДКСК наведоа дека ја прибавиле целата потребна документација, при што утрдиле дека навистина станува збор за ќерката на директорот на основното училиште и оти постои основа за прекршочна постапка, како и за…
Премиерот Зоран Заев, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, попладнево во Владата имаа работна средба заедно со своите тимови, во рамки на консултативните средби за владините приоритети, за преземањето одговорности и за одржувањето и надградувањето на владиното и парламентарно мнозинство. На средбата, како што информираат од владината прес-служба, било потврдено дека исполнета е целта да се обезбедат стабилна влада и стабилно парламентарно мнозинство кои дејствуваат исклучиво во интерес на граѓаните и на државните интереси. Заев, Ахмети и Ковачевски се согласни дека новата Влада ќе биде целосно фокусирана на забрзано движење на државата по евро-атлантскиот пат…
Ставот на претседателот Стево Пендаровски во однос на иницијативата „Отворен Балкан“ е конзистентен од самиот почеток, а претседателот го има пренесено и лично на премиерот Зоран Заев по првиот состанок во Нови Сад кога е промовирана иницијативата. На оваа тема, во Кабинетот на претседателот Пендаровски како точка на дневен ред се разговараше и на првата лидерска средба во присуство на опозициските партии во 2019 година. Едногласен заклучок во однос на иницијативата „Отворен Балкан“, усогласен меѓу сите политички субјекти на таа лидерска средба беше дека нашата држава нема алтернатива на патот кон полноправно членство во ЕУ и дека доколку иницијативата „Отворен…
Северна Кореја утре ќе почне да одбележува десет години од смртта на поранешниот лидер Ким Џонг-ил, а во периодот на жалост што трае 11 дена граѓаните ќе се соочат со многу забрани. Радио Слободна Азија (РФА) известува дека Севернокорејците мора да се воздржуваат од алкохол, шопинг, па дури и смеа во овој период. Ким Џонг-ил беше врховен лидер на Северна Кореја од 1994 до 2011 година, кога почина на 70-годишна возраст, а го наследи неговиот најмлад син Ким Џонг-ун. Иако севернокорејската влада одржува десетдневна жалост, оваа година тој период е продолжен на уште 24 часа за да се одбележи десетгодишнината…
Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри уште два лека против ковид-19. Ксевуди (Xevudy) и Кинерет (Kineret) се препорачуваат за употреба, соопшти ЕМА. Конечното одобрение од Комисијата на ЕУ допрва се очекува, но тоа се смета за формалност. Ова ќе го зголеми одобрениот број на лекови против ковид-19 во ЕУ на пет. Ксевуди од производителите Глаксо Смит Клајн (GlaxoSmithKline) и Вир Биотехнолоџи (Vir Biotechnology) може да спречи влошување на симптомите кај пациенти на возраст од 12 години и повозрасни. Лабораториските студии покажаа дека Ксевуди е ефикасен и против варијантата Омикрон. Експертите од ЕМА веќе дадоа позитивно мислење за лекот и тој…
Репрентациите на Бугарија, на Грузија и на Гибралтар ќе бидат ривали на Македонија во групата Ц4 на новото, трето, издание на фудбалската Лига на нации. Натпреварите ќе се играат од јуни до септември во 2022 година. Првото коло е закажано во деновите од 2 до 4 јуни, второто на 5 и 6 јуни, третото од 8-11 јуни, а четвртото од 12-14 јуни. Последните две кола се планирани за септември, петтото од 22 до 24 септември, додека последното шесто коло од 25 до 27 септември. Победниците во групите ќе обезбедат пласман во Б-дивизијата, додека последнопласираните ќе играат плејаут баражи во март…
Американскиот претседател, Џо Бајден денеска изјави дека е воодушевен од податоците објавени од компанијата „Фајзер“ за нејзиниот антивирусен лек против ковид-19 и оти администрацијата нарачала доволни количества на таблети за лечење на 10 милиони Американци. Вакцинацијата и примањето на дополнителна доза се најважните инструменти за да се спасат животите на луѓето, изјави претседателот на САД. „Но, ако ова лекарство се регистрира и добие одобрение и во моментот кога тие таблети ќе станат широкодостапни, тоа ќе стане значаен чекор напред во нашиот пат за излез од пандемијата“, додаде тој.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети на која, како што рече, разговарале за две теми – за спорот со Бугарија, но и за предвремените парламентарни избори. На средбата со Али Ахмети, која траеше еден час, генерално разговаравме на две теми. Едната беше спорот со нашиот источен сосед каде ги повторив нашите тези, принципиелниот став да се почитува резолуцијата усвоена од парламентот. Изразив загриженост од фактот дека колку повеќе ги напуштаме нашите преговарачки позиции, толку повеќе барањата од Бугарија се поголеми и на тој начин се уништува преговарачката позиција на државата, изјави Мицкоски…
Македонското Собрание, по петдневна расправа, вечерва со 63 гласа „за“, 36 „против“ и ниту еден „воздржан“ го донесе Буџетот за следната година. Буџетот е проектиран на 4,4 милијарди денари. Вкупните приходи се планирани на ниво од 238,9 милијарди денари или 30,9 проценти од БДП, а расходите се проектирани на ниво од 272,4 милијарди денари што е за 1,4 проценти повеќе од годинава. Дефицитот се планира на ниво од 33,5 милијарди денари или 4,3 отсто од БДП и понизок е за 2,2 процентни поена во однос на проценетиот дефицит во 2021 година. За капитални инвестиции за следната година се предвидени 37,8…
Управата за извршување на санкции не дозволи осудените лица за „Диво Насеље“ да бидат посетени од заменикот министер за правда на Косово, Блерим Салиху. Салиху, како што информираат од Управата, може да го посети КПД Идризово, но не и осудени лица. Од Управата за извршување на санкции информираат дека во согласност со член 199, став 1 и 2 од Законот за извршување на санкции, осудените лица-странски државјани кои издржуваат казна затвор во казнено- поправните установи во Р.С. Македонија, можат да бидат посетувани од конзуларен претставник сообразно со правилата на меѓународното право под услови на реципроцитет. Конзуларниот претставник е должен претходно…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска го стопира меѓународниот тендер за изградба на БРТ во главниот град. Образложението на одлуката е дека проектот ќе трае предолго и оти на метрополата ѝ се неопходни брзи и ефикасни решенија во делот на јавниот превоз, но и оти во проектот БРТ се регистрирани недостатоци и ризици по животната средина. Самата траса на БРТ на булеварот Партизански одреди минува над главната водоводна цевка за снабдување со вода на Скопје, што само по себе претставува ризик кој може да донесе големи проблеми за самиот град. Покрај тоа, доколку се реализира БРТ, градот ќе остане без голем…
За односот кон Македонија: Бугарскиот претседател Радев ќе го свика Советот за национална безбедност
Претседателот на Бугарија, Румен Радев изјави дека ќе го свика Советодавниот совет за национална безбедност со цел да се разговара за односот на Бугарија кон Република Северна Македонија и да бара консензус со сите политички партии во новиот бугарски парламент. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев додаде дека за ова прашање е разговарано и со новиот премиер на Бугарија Кирил Петков. „Бугарија ќе ја отвори вратата на Република Северна Македонија само со гаранции и заштита на нејзиниот национален интерес. Доколку се постигне такво решение, тоа ќе биде историски чин, но да не заборавиме дека овој процес, и…