Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДКСК е за прекршочна постапка и разрешување: Директор на ОУ во Општина Теарце ја вработил ќерката како библиотекарка

0
By Sashko on December 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 17, 2021 16:36

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) на денешната 57-ма седница информираше дека директор на основно училиште во Општина Теарце ја вработил неговата ќерка како библиотекар во истото училиште. Од ДКСК наведоа дека ќе поднесат иницијатива до градоначалникот на Општина Теарце за разрешување на директорот, а за него поведување на прекршочна постапка за неииземање при потпишување на договорот и за непријавување на вработување на блиско лице до Комисијата.

Од ДКСК наведоа дека ја прибавиле целата потребна документација, при што утрдиле дека навистина станува збор за ќерката на директорот на основното училиште и оти постои основа за прекршочна постапка, како и за иницијатива за негово разрешување.

Ние се обративме до посоченото основно училиште во Општината, каде што ја побаравме документацијата и како е спроведена постапката во врска со вработување на библиотекарот. Ги доставија сите потребни документи. За тоа работно место било пријавено само едно лице и Училишниот одбор предложил тоа лице да биде вработено затоа што немало никаква конкуренција, односно согласно јавниот оглас и биле исполнети условите. Но, бидејќи во пријавата се наведува дека се работи за ќерка на директорот, се обративме до директорот и за конкретното лице побаравме изјава дали е во сродство или не. Тој ни достави нотарска изјава каде што изјавува дека лицето е блиско лице, односно негова ќерка. Претходно не ни беше доставен договорот за работа, па го побаравме и утврдивме дека тој го потпишал, наведоа од ДКСК.

Од анализата, од ДКСК предложија да се достави иницијатива до градоначалникот на Општина Теарце за разрешување на директорот, да се бара одговорност и да се поведе прекршочна постапка против него, бидејќи не се изземал од постапката за вработување на неговата ќерка, односно при потпишување на договорот не се изземал и за непријавување за вработување на блиско лице до ДКСК.

вработување директор ДКСК Македонија Општина Теарце ОУ прекршочна пријава ќерка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.