Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Особено важно е да се зголеми јавната свест дека со трансплантацијата на органи од починат донатор се спасуваат животи на луѓе на кои тоа им е единствено решение за спас. Со добра организација и соработка меѓу медицинските експерти и тимови од јавното и приватното здравство, македонскиот здравствен систем покажа дека и во услови на пандемија е подготвен за успешно извршување на трансплантации на органи од починат донатор. Сепак, процентот на дарувани органи во земјава е сѐ уште прилично низок, односно околу 20 проценти од органите на пациентите со мозочна смрт се трансплантираат, за разлика од некои земји во ЕУ каде…
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и новоименуваниот амбасадор на Кралството Шпанија во земјава, Хозе Луис Лозано Гарсија на денешната средба изразија подготвеност за продолжување на меѓусебните контакти, со цел интензивирање на економската соработка и создавање на уште поцврсти односи меѓу двете пријателски земји. Исто така, Битиќи му честитал на амбасадорот Лозано Гарсија за новото именување, при што му посакал успех за време на мандатот и притоа ги истакнал добрите политички односи меѓу Северна Македонија и Кралството Шпанија. Дополнително, вицепремиерот Битиќи се осврна и на потенцијалот на нашата држава како дестинација за странските инвестиции, бидејќи ние како земја со последните законски промени го…
Фудбалските менаџери во 2021 година инкасирале 444.6 милиони евра по основ на трансфери на фудбалери, што е повеќе во споредба со лани, објави Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) во својот најнов извештај. Најголем приход на сметка на своите клиенти оствариле фудбалските менаџери во Англија (118.3 милиони евра), пред Германија (74.5 милиони евра), Италија (65.7), Шпанија (31) и Франција (26.6). ФИФА неодамна најави дека во првата половина на 2022 година ќе донесе нови прописи за фудбалските менаџери со кои нивниот процент би се ограничил на 10 отсто од сите плаќања поврзани со трансфер.
Министерката за образование и наука, Мила Царовска е задоволна од спроведувањето на новата Концепција за основно образование, која почна да се применува од почетокот на учебната 2021/22 година во прво и во четврто одделение, според нови наставни програми изработени од Бирото за развој на образованието (БРО). Како министерка, јас сум задоволна од имплементацијата на Концепцијата за основно образование. Задоволството го гледам и кај наставниците. Пред два дена имав фокус-група со наставници од четврто одделение, пред една недела со наставниците од прво одделение и се гледа дека задоволството е големо и од учебниците, и од програмите и од поддршката којашто ја…
Министерството за култура денеска соопшти дека не е избран директор на Националната установа Центар за култура „Антон Панов“ во Струмица и при повторната постапка и покрај тоа што екс директорот Васил Бубев бил единствен од пријавените кандидати кој ги исполнил условите, но не е избран бидејќи прекршил законски одредби додека раководел со институцијата. Имајќи го предвид фактот дека кандидатките Јасмина Пијанманова и Оливера Аризанова Маннсбарт, и покрај укажувањето од Комисијата за селекција да ја достават потребната документација, тие тоа не го направиле. Поточно, едната кандидатка не доставила никаков дополнителен документ, а другата доставила сертификат кој што не соодветствува на меѓународно…
Премиерот Зоран Заев изрази изненадување од ставот на претседателот на државата Стево Пендаровски што го изнесе вчера во Приштина во врска со иницијативата „Отворен Балкан“. Неразбирливо е зошто некој би бил против пријателство со соседите, против зближување на младите и народите од Западен Балкан и против полесна и побрза економска размена меѓу земјите од регионот, изјави Заев за ТВ21 и додаде дека минатото покажало што значи затворен Балкан и оти е неоправдано кое било заговарање против „Отворен Балкан“. Според Заев, особено е неразбирливо кога „ваква негативна реакција доаѓа од првиот човек во државата кој би требало да биде прв и…
Владата на денешната 127 седнива го утврди текстот на Договорот за услови за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан, кој има за цел да овозможи на граѓаните на нашата земја, на Албанија и на Србија пристап до електронските услуги на националните портали на овие земји преку креирање на електронска идентификација „Отворен Балкан“ и остварување на можноста за пристап до пазарот на труд во трите земји. На оваа седница е утврден е текстот на Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан, кој, кога ќе биде ратификуван од Северна Македонија, Албанија…
Владата на денешната седница го утврди Предлог на Закон за гаранција на Република Северна Македонија за обврските по договорот за финансирање на проектот „Интерконектор за пренос на природен гас Грција – Северна Македонија, делот на Северна Македонија“, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициона банка (ЕИБ) и АД за вршење на енергетски дејности „Национални енергетски ресурси Скопје“ (НЕР), во државна сопственост. Со овој предлог-закон, Република Северна Македонија го гарантира исполнувањето на обврските од финансискиот договор меѓу ЕИБ и АД НЕР за финансирање на проектот „Интерконектор за пренос на природен гас Грција – Северна Македонија, во делот на Северна Македонија“, во…
Пристигна првото барање за цената на електричната енергија доставено од ЕВН дистрибуција. Согласно нивното барање, пред сè, заради зголемени трошоци за набавка на загуби на електрична енергија, се предвидува цената во 2022 година да биде 220 евра за мегават-час што значи бараат зголемување на цената за дистрибуција на електрична енергија од 100 проценти, истакна директорот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски. Тој, во гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, наведе дека вкупните трошоци за набавка на загуби на електрична енергија, не се финансиски загуби, туку е техничка работа. И имаат презентирано дополнителни трошоци заради дебаланси во системот,…
Советот за развој на полошкиот регион, тело во кое членуваат сите девет градоначалници во рамки на Центарот за развој на Полошкиот плански регион (ЦРППР), денеска одржа конститутивната седница на која за претседател беше избран Билал Касами. На оваа средба тема беше и презентација на првата фаза од проектот „Управување со цврст отпад во полошкиот плански регион“, како и презентација на проектот за управување со кучињата скитници во ниво на полошкиот регион, информираше Општина Тетово. Градоначалниците дебатираа за тарифата за депонирање на смет во регионалната депонија „Русино“, како и за формирање на трансфер станици за смет во општините Тетово, Боговиње и…
Министерството за внатрешни работи (МВР) во голема акција вечерва во близина на Скопје заплени на 100 килограми марихуана. Освен заплената дрога, во акцијата има и преведени лица. Акцијата се спроведува на влезот на Скопје, од страна на Тетово. Од МВР само потврдуваат дека акцијата е во тек, а детали најавуваат по нејзиното завршување, во текот на утрешниот ден. Ова е втора голема заплена на марихуана во период од два дена, откако МВР и во текот на вчерашниот ден заплени околу 100 килограми марихуана.
На отворената седница на српската Влада присуствуваше и претседателот Алекандар Вучиќ, кој оцени дека отворањето на кластерот 4 е важен сигнал оти ЕУ го поддржува натамошниот напредок на Србија на нејзиниот европски пат, но и дека во Србија се работело вредно и добро, јави дописникот на МИА од Белград. Ние сме единствена земја од Западен Балкан на која нешто ѝ е отворено на меѓувладината конференција во Брисел. На тоа ние не се радуваме, затоа што би го сакале тоа и за другите, особено за нашите пријатели од Северна Македонија, но од билатерални причини тоа не го направија, изјави Вучиќ. Кога…