Author: Sashko

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска оствари средба со Претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, кој престојува во дводневна официјална посета на нашата земја. Џафери, како што информираат од неговиот кабинет, на средбата искажал особена благодарност за континуираната поддршка од Република Полска за процесот на евроинтеграција на Република Северна Македонија. Тој порачал дека Собрание, и покрај дневните предизвици, продолжува со исполнување на стратешките цели, меѓу кои и развојот на добрососедската политика и домашната реформска агенда. Европската интеграција, продолжи Џафери, по членството во НАТО, останува клучен стратешки приоритет, како единствена алтернатива за иднината на земјата. Претседателот Дуда, се вели во соопштението,…

Read More

Задолжителната вакцинација на здравствените работници е важна поради тоа што тие треба да бидат пример. Доколку пациентите доаѓаат таму да се лекуваат, мора да знаат дека луѓето кои ги лекуваат се целосно вакцинирани, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче. За предлог-мерките, како што рече, ќе се разговара на Главниот кризен штаб во понеделник, а потоа и на седница на Влада. Тоа е нешто што ќе го разговараме во текот на наредната недела. Ние за таа мерка ќе дискутираме на Главниот кризен штаб во понеделник, а потоа и на седница на Влада. Денеска искомуницирав и со претседателот на Синдикатот на…

Read More

Обединетите нации (ОН) денеска побараа докази за состојбата на кинеската тенисерка Пенг Шуаи, која исчезна откако обвини висок функционер за сексуално злоставување. Би било важно да имаме докази за тоа каде се наоѓа и дали се чувствува добро. Бараме да се спроведе транспарентна истрага за нејзините наводи за сексуално злоставување, изјави портпаролката на Канцелријата за човекови права на ОН, Лиз Тросел. Тенисерката Шуаи на 2 ноември, преку социјалните мрежи, објави дека поранешниот кинески премиер Жанг Гаоли сексуално ја злоупотребувал по еден тениски натпревар пред три години. Пола час подоцна нејзината објава беше избришани, а сите објави и коментари, како и…

Read More

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска беше домаќин на работен ручек во чест на претседателот на Полска, Анджеј Дуда кој е во официјална посета на Северна Македонија. На средбата, како што информираат од владината прес-служба, Заев изразил благодарност до претседателот Дуда за охрабрувачките пораки што тој ги испраќа по однос на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, како и за севкупната помош што Полска ја обезбеди во неколку наврати за македонското здравство, вклучително и најновата донација од 200.070 дози на вакцини од „Фајзер“. Европа е наша ѕвезда водилка, мотиватор за нашиот развој низ децении…

Read More

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, во интервју за „Агенција Европа“, изјави дека отворањето на преговори со Северна Македонија и Албанија ќе и овозможи на ЕУ да го задржи својот кредибилитет во регионот, кој во моментот е под притисок. Во однос на шансите за одржување на првата меѓувладина конференција во декември, Османи рече дека „по конструктивниот ангажман што го покажавме во овој период, а исто така размислувајќи за последиците по кредибилитетот на ЕУ и стабилноста на регионот, Бугарија ќе го тргне ветото и би можеле да го започнеме овој долг процес за членство во ЕУ, што е еден од нај контролираните…

Read More

Здравствените власти на САД денеска соопштија дека одобриле трета доза на вакцина против ковид-19 за сите возрасни лица кои биле целосно вакцинирани пред најмалку шест месеци. Американската агенција за лекови (ФДА) соопшти дека ова вонредно одобрение за вакцина издадено за „Фајзер“ и за „Модерна“ овозможува „да се обезбеди континуирана заштита од ковид-19, посебно од сериозни последици што можат да се појават, како што се хоспитализација и смрт“. Двете фармацевтски компании претходно соопштија дека добиле одобрение од ФДА, пренесува Хина. Ова вонредно одобрување доаѓа во критично време кога започнува зимата и се соочуваме со зголемување на бројот на заразени и хоспитализирани…

Read More

Белата куќа денеска соопшти дека претседател Џо Бајден ќе биде подложен на рутински колоноскопски преглед и своите претседателски овластувања привремено ќе ѝ ги пренесе на потпретседателката, Камала Харис. Деталите за здравствената состојба на претседателот, кој утре ќе наполни 79 години, ќе бидат објавени подоцна денеска, соопшти Белата куќа. Претседателот ќе биде подложен на рутинска колоноскопија во Медицинскиот центар ’Волтер Рид’, во близина на Вашингтон. Како што тоа веќе беше случај со претседателот Џорџ Буш кој во два наврата, во 2002 година и во 2007 година, беше подложен на истата процедура, а во согласност со уставната процедура, претседателот Бајден ќе ги…

Read More

Австрискиот парламент денеска го укина пратеничкиот имунитет на поранешниот канцелар, Себастијан Курц кој поднесе оставка во октомври по скандалот со корупција. Курц се повлече од функцијата, откако Обвинителството отвори истрага против него и уште девет лица и три неименувани организации поради сомневања за корупција. Поранешниот канцелар досега го штитеше пратеничкиот имунитет како член на парламентот и шеф на пратеничката група на конзервативната партија ОВП. Курц, кој ги отфрла обвинувањата за корупција, претходно и сам порача дека сака да му се укине имунитетот за истрагата да продолжи. Обвинителството, пак, наведе дека во периодот од 2016 до 2018 година, се употребени средства…

Read More

Не постои една причина за изборниот резултат. Во многу општини имавме независни кандидати кои што беа наши актуелни градоначалници. Слободата што ја имаме внатре во партијата и дискусијата и дебатата треба да бидат силни вредности кои што посакувам да ги има во секоја политичка партија, рече генералниот секретар на СДСМ и вицепремиер за борба против корупција, Љупчо Николовски во „21 анализа” на ТВ 21. Централниот штаб не носи политички одлуки. Тоа ги носат органите и сите што сме во рамки на органите кои што ги носеле одлуките. Носиме одговорност за она што е изборен резултат и за причините кои довеле…

Read More

Напаѓачот на Реал Мадрид и Франција, Карим Бензема уште еднаш изрази надеж дека ќе биде добитник на престижната „Златна топка“ на претстојната церемонија на 29 ноември во Париз. Се надевам дека ќе ја добијам. Среќен сум што се борам за наградата, излегувам на терен и постигнувам гол. Многу сум среќен. Се надевам дека ќе продолжам така, изјави Бензема. Оваа сезона 33-годишниот напаѓач одигра 15 натпревари за Реал Мадрид во сите конкуренции, постигнувајќи 14 голови и осум асистенции.

Read More

Кинеска новинарка која информира за коронавирусот во Вухан, конзорциум што откри светски скандал со шпионирање и храбра палестинска новинарка се добитници на овогодишната Награда за слобода на печатот за 2021 година. Во декември 2019 година, мистериозна нова белодробна болест се прошири низ градот Вухан во централна Кина. Во тоа време, никој не замислуваше дека наскоро ќе стане глобална пандемија. Кинеските власти го минимизираа инцидентот, иако заразата брзо се ширеше. На 23 јануари 2020 година, градот целосно се затвори со проценки дека илјадници жители веќе биле заразени. На почетокот на февруари 2020 година, независната новинарка Жанг Жан отпатува од Шангај во…

Read More

Соединетите Американски Држави нарачаа 10 милиони дози од лекот против ковид-19 на „Фајзер“ во вредност од 5,29 милијарди долари, а претседателот Џо Бајден најави дека ќе го сподели бесплатно. Фармацевтската компанија, која продава антивирусната вакцина во соработка со „Бајонтек“, на почетокот на неделава поднесе барање за итно одобрување на долгоочекуваниот лек, кој лесно се зема во домашни услови, во првите денови на симптомите во случај на зараза. Дури и ако агенцијата допрва треба да даде зелено светло, јас веднаш презедов чекори за да гарантирам доволни количини лекови за американското население. Владата ги презема „неопходните чекори за да гарантира дека лекот…

Read More