Author: Sashko

Традиционално, по повод денот на ослободување на Град Скопје, Сојузот на спортови на Скопје ja доделува наградата „13 Ноември“. Годинава, на предлог на Комисија за награди и признанија и со одлука на Управниот одбор на Сојузот, награди се доделени на: Дејан Горгиевски од Теквондо клуб „Бутел“ Скопје, наградата „13 Ноември“ за освоено второ место во теквондо на Олимписките игри во Токио. Илина Арсова, планинарка – награда „13 Ноември“ за искачување во Еквадор, Јужна Америка, на пет врвови со над 5.000 метри надморска височина, како и за голем придонес во развојот на спортот. Наградата – тренер се додели на Борче Костовски,…

Read More

Косовскиот премиер, Албин Курти, по повод отворање на архивот на некогашната ОВК, оцени дека „Ослободителната војска на Косово била најтранспарентната војска што некогаш војувала во регионот“. Тој тврди дека архивот на ОВК бил секогаш отворен за УНМИК, за Хашкиот трибунал, за Еулекс и за пошироката јавност. Курти за АТВ рече дека не постои документација на ОВК што не станала документарец или фељтон, пренесува Танјуг. Притоа нагласи дека Србија не ги отворила своите архиви. „Србија сака да алудира дека имате работи што ги криете, што не е точно. Со оваа офанзива таа сака да се одбрани од фактот дека не ја…

Read More

Стивен Џерард денеска беше промовиран во нов, главне, тренер на Астон вила. Деталите од договорот не беа прецизирани. Медиумите, претходно, објавија дека 41-годишната легенда на Ливерпул и на англискиот фудбал и клубот од Бирмингам се договорија за соработка за наредните две и пол години. Беше објавено и дека Џерард ќе стане најплатениот тренер во историјата на Астон вила. Од 2017 до 2018 година, тој работеше со У19 тимот на Ливерпул. Во 2018 година ги предводеше Глазгов Ренџерс и стана шампион на Шкотска со тимот во сезоната 2020/21. По 11 кола во Премиер лигата, екипата на Астон вила е на 16-то…

Read More

Силно невреме во делови на југоисточна Кина донесе рекордни снежни врнежи. Во градот Шенјанг, во провинцијата Лиаонинг, просечната висина на снежната покривка достигна 51 сантиметар, што е најголема количина на снег што е забележана во последните 116 години, односно од 1905 година. Во соседна Монголија едно лице загина, а снежните врнежи погодија повеќе од 5.600 луѓе. Метеоролозите велат дека снегот наеднаш го покрил градот Тонљао. Вкупно 27 црвени аларми беа издадени за внатрешноста на Монголија и за североисточна Кина. Студениот бран ја зафати земјата во неделата, а температурите се намалија за најмалку 14 степени во некои делови од североисточна Кина.…

Read More

Парламентот на Гренланд усвои закон со кој се забранува ископ на ураниум и се суспендира изградбата на рудник во Куанерсуит поради можно негативно влијание врз кревкиот еколошки систем на островот. Локалитетот Куанерсуит во близина на градот Нарсак содржи големи количини на ретки метали кои се користат за производство на електроника за широка потрошувачка и оружје, но и радиоактивен ураниум, пренесува Хина. Тие се значаен двигател на побарувачката за група од 17 минерали кои поради нивната важност за технолошките производи се нарекуваат и технолошки метали, но и за напорите за намалување на штетните емисии на гасови, бидејќи се користат во производството…

Read More

Во Германија во последните 24 часа е забележан рекорден број на новозаразени со ковид-19 од почетокот на пандемијата. Институтот „Роберт Кох“ регистриран 50.196 случаи на инфекцијата што претставува прво минување на прагот од 50.000. Досегашниот рекорд беше евидентиран на 18 декември лани кога имаше 33.777 заболени. Канцеларката Ангела Меркел оцени дека текот на вирусот во земјата е „драматичен“. Во последните 24 часа починаа 235 лица. Од почетокот на пандемијата, Германија пријави 4,6 милиони случаи на ковид-19, а нешто над 67 отсто од Германците се вакцинирани против болеста.

Read More

Владата на Андреј Бабиш, по исходот на парламентарните избори, поднесе оставка, но останува да управува со земјата додека победниците – коалицијата на конзервативци, демохристијани и либерали „Заедно“ со коалицијата на Пиратска партија и независните градоначалници СТАН не го формираат новиот министерски кабинет. Премиерот Бабиш утрово поднесе писмена оставка, бидејќи претседателот на Чешка, Милош Земан е во болница од 10 октомври, па обврските може да ги извршува само делумно. Го одржав ветувањето дека ќе бидеме рекордери во брзината на поднесување на оставка. Поразени сме на изборите и одиме во опозиција. До последен момент ќе работиме за ништо да не запоставиме, изјави…

Read More

Јован Јаулески, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, се огласи преку Фејсбук со пост во кој наведе дека Финансиска полиција утрово влегла во неговиот дом и врши претрес. Не ви се плашиме, денес хибридниот режим ќе заврши. Од 5:30 часот до овој момент во мојот дом упадна и врши претрес Финансова полиција, стои во постот на Јаулески. Со ова, тој алудира на форма на притисок од власта во пресрет на денешното гласање во Собранието за (не)доверба на Владата.  

Read More

Главната расправа за предметот со КОК бр. 63/21 во јавноста познат како „Плацеви на Водно“, која требаше да се одржи денеска, се одлага по известување дека еден од обвинетите се наоѓа во домашна изолација по добиен позитивен тест на ковид-19, соопшти Основниот кривичен суд Скопје. Согласно протоколите за заштита од ковид-19, главната расправа ќе се одложи со цел да мине периодот за изолација, a судењето ќе продолжи на 2 декември во 10 часот, за што странките во постапката се веќе известени, наведуваат од Судот.

Read More

Катедрата за славистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Рускиот центар при Универзитетот „Кирил и Методиј“ од денеска до 16 овој месец организираат низа настани по повод 200 години од раѓањето на еден од најпознатите руски писатели од 19-от век, Фјодор Михајлович Достоевски. Одбележувањето на јубилејот започнува денес со промоција на збирката студентски преводи „Проект Достоевски: 200 години“, кој вклучува преводи на помалку познати текстови на Достоевски направени од студентите на Катедрата за славистика. По промоција на зборникот ќе се одржи проекција на видеото „Ракописот на Достоевски“ на Московското калиграфско училиште и ќе биде прикажана видеоекскузија „Москва на Достоевски“. Двете видеа…

Read More

Основачот на „Тесла“, Илон Маск, продаде акции во вредност над 1,1 милијарда долари, јави „Си-Ен-Би-Си“, повикувајќи се на финансиски документи. Тој продал повеќе од 930.000 акции, откако беше обвинет за затајување данок. Меѓутоа, бизнисменот, сè уште поседува повеќе од 170 милиони акции во компанијата. Продажбата на акциите веќе е реалност, откако бизнисменот на Твитер најави дека ќе продаде 10 отсто од своите акции во „Тесла“. Основачот на „Тесла“ во саботата твитна дека „во последно време многу се зборува за неостварената добивка како алатка за даночно затајување“, па тој понуди да продаде 10 отсто од своите акции во „Тесла“ и изрази…

Read More

Најниска темепартура утрово е измерена во Берово од минус два степена Целзиусови. Како што соопшти УХМР, следуваат Попова Шапка со минус еден степен, нула степени се измерени во Маврови Анови, во Крива Паланка, во Битола и во Крушево, еден во Лазарополе, два Струмица и во Куманово, три во Претор, во Штип, во Демир Капија, во Виница и во Гевгелија, четири во Прилеп и во Дојран, пет во Скопје-Петровец и во Тетово, шест во Охрид и седум степени во Скопје–Зајчев Рид. Во текот на ноќта преовладуваше умерено облачно време. Утрово по одделни котлини има појава на магла и ниска облачност. Времето…

Read More