Author: Sashko

Генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН), Антонио Гутереш смета дека ситуацијата со мигрантите на полско-белоруската граница треба да се реши врз основа на меѓународното право и не треба да стане извор на тензии меѓу земјите. Ова го изјави официјалниот претставник на генералниот секретар на Светската организација Стефан Дужарик. Генералниот секретар со загриженост ја следи ситуацијата на белоруско-полската граница и повторно истакнува колку е важно да се гарантира дека прашањата за миграцијата и бегалците се решаваат врз основа на хуманитарните принципи и меѓународното право, рече Дужарик. Миграциската криза на границата на Белорусија со Летонија, со Литванија и со Полска, каде што…

Read More

Наредните денови на Конференцијата на Обединетите Нации (ОН) за климатски промени КОП26 во Глазгов, ќе се дебатира за нацрт-договорот со која се повикуваат земјите да ги зајакнат своите национални климатски планови до крајот на 2022 година. Во првиот нацрт од „одлуката за КОП26“ од државите се бара „да ги разгледаат и зајакнат целите за 2030 година во нивните национално утврдени придонеси, колку што е потребно за да се усогласат со температурната цел од Парискиот договор до крајот на 2022 година“. Посиромашните, климатски чувствителни земји, побараа загревањето да се ограничи на 1,5 степени Целзиусови, бидејќи растот на температурата, наведуваат научниците, е…

Read More

Скот Ферламб, кој беше снимен како удира полицаец за време на нападот на американски „Капитол“ на почетокот на оваа година, доби затворска казна од 41 месец. Како што пренесуваат странските агенции, станува збор за најстрогата казна изречена во речиси 700 покренати кривични случаи, откако приврзаници на поранешниот претседател Доналд Трамп го нападнаа „Капитол“ на 6 јануари оваа година, не прифаќајќи го неговиот изборен пораз. Американскиот окружен судија, Ројс Ламберт ја наведе сериозноста на однесувањето на сопственикот на теретана во Њу Џерси, Скот Ферламб, како отежнувачка околност при изрекувањето на казната. Ферламб е снимен како вика по полицајците пред да турне…

Read More

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози со умерен интензитет надвор од градските средини. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од Г.П. Илинден – Струга известуваат дека на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан кај местото викано Печуркара, ќе биде отстранета девијацијата и сообраќајот ќе се одвива нормално. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно…

Read More

До крајот на оваа недела или почетокот на идната ќе биде јасно дали зголемениот број на заразени со ковид-19 е почеток на нов бран. Комисијата за заразни болести ќе се состане утре, но според министерот за здравство, Венко Филипче нови рестриктивни мерки не се потребни. На состанокот ќе бидат слушнати предлозите и согледувањата по последните анализи на ковид-состојбата во земјата. Филипче вели сите опции се отворени, но мора да бидат издржани и спроведливи. Вакцинацијата и почитувањето на мерките (носење маска и држење дистанца), се клуч за излез од пандемијата. Министерот на вчерашната прес-конференција во Владата оцени дека невакцинираните го оптоваруваат…

Read More

Европската Комисија (EK) денеска ќе ги објави есенските макроекономски прогнози за земјите членки на Европската Унија (ЕУ) и државите кандидати, меѓу кои и за Северна Македонија. Економските предвидување на ЕК за Северна Македонија – есен 2021, на средба со новинарите претпладнево во Скопје ќе ги презентира Фрек Јанмаат, шеф на економскиот оддел во Делегацијата на Европската Унија во земјава. Европската комисија ги објавува макроекономските прогнози за ЕУ, нејзините членки и земјите кандидати четири пати годишно, на пролет, лето, есен и зима.

Read More

За денеска во 11 часот е најавен почетокот на собраниската седница на која најдоцна пред полноќ треба да се гласа (не)доверба на Владата на премиерот Зоран Заев. И покрај најавите за мнозинство и од власта и од опозицијата, неизвесно е како ќе мине гласањето. Иницијативата за гласање доверба на Владата со 61 потпис ја поднесоа опозициските ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Левица и Беса, која беше во коалиција со СДСМ. По реакција на пратеникот Скендер Реџепи Зејд од Алтернатива, својот потпис од иницијативата вчера го повлекоа претседателот на Левица, Димитар Апасиев, но и 16 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.…

Read More

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот ќе биде умерено облачно со слаб до умерен ветар од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6 степени, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени. Во Скопје, претпладне ќе биде со појава на магла и ниска облачност. Преку денот умерено облачно со слаб ветар од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 2 степена, а максималната ќе достигне 12 степени. До недела ќе се задржи стабилно време, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска…

Read More

Со големи проблеми поради заразени фудбалери со коронавирус се соочува германската фудбалска репрезентација спроти завршните два натпревара во квалификациите за СП2022 во Катар. Германските медиуми објавија дека позитивен на коронавирус е дефанзивецот Никлас Шуле, а поради близок контакт со него изминатите денови, во изолација се уште тројца репрезентативци. Според медиумите, станува збор за Џамал Мусала, Карим-Давид Адејеми и Лирој Сане, чии тестови биле негативни. Поради овие проблеми селекторот Ханс Флик го откажа последниот тренинг, а постои можност бројката на заразени во германскиот табор да е поголема. Германија, која е во иста квалификациска група со македoнската репрезентација, веќе го обезбеди настапот…

Read More

Здравствените власти на БиХ пријавија 924 нови случаи на ковид-19 за изминатите 24 часа, период во кој се регистрирани и 23 починати лица. Дванаесет од нив се евидентирани во Федерацијата БиХ, а 11 во Република Српска. Во дневниот пресек на состојбата со ковид-19 во земјата не е пријавен смртен случај во Дистрикт Брчко. Колку за илустрација, вчера во БиХ беа регистрирани 367 нови случаи на ковид-19 и 37 починати пациенти.

Read More

Во Србија во последните 24 часа се регистрирани 5.103 нови случаи на ковид-19 од 20.428 тестирани материјали, а од последици на вирусот починаа 62 пациенти, е објавено на интернет страницата на српското Министерство за здравство. Според податоците на Министерството, на болничко лекување во моментот се наоѓаат 6.657 лица од кои 277 се приклучени на респиратор. Од почетокот на пандемијата, во Србија се евидентирани 1.192.476 позитивни наоди на коронавирусот и направени се 6.492.623 милиони тестови. Од компликации на вирусот во Србија досега починаа 10.534 луѓе. Процентот на смртност од ковид-19 во земјата е 0,88 отсто.

Read More

Во 2022 година може да има недостиг од една до две милијарди шприцеви за вакцини против ковид-19, предупреди денеска Светската здравствена организација (СЗО). Тоа може да влијае и на рутинските имунизации и да ја загрози безбедноста на иглите, додаде СЗО, пренесува „Ројтерс“. Националните здравствени власти треба однапред да ги планираат своите потреби за да избегнат „акумулација, панично купување и тип на ситуација“ забележани на почетокот на пандемијата со недостаток на лична заштитна опрема, рече експертот на СЗО, Лиза Хедман. Можеме да имаме глобален недостиг на шприцеви за имунизација, што, пак, може да доведе до сериозни проблеми како што се забавување…

Read More