Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Бруто домашниот производ (БДП) на 65-те најранливи земји во светот ќе се намали за 20 проценти во просек до 2050 година и за 64 отсто до 2100 година, доколку светот се загрее за 2,9 степени Целзиусови, се вели во извештај што е објавен денеска на климатскиот самит КОП26 во Глазгов. Дури и ако глобалниот пораст на температурата се ограничи на 1,5 степени Целзиусови, што е во согласност со најамбициозната цел на Парискиот договор, истите земји ќе претрпат удар врз БДП од 13 отсто до 2050 година и 33 проценти до крајот на векот, се вели во студијата нарачана од „Кришчн…
Јапонија во неделата, за првпат по 15 месеци, не забележа ниту еден смртен случај од ковид-19, јавија јапонските медиуми. Претходно, според националната телевизија НХК, немаше ден без смртни случаи од ковид-19 од 2 август во 2020 година. Бројот на новозаразени и смртни случаи од ковид-19 во земјата се намали драстично, со оглед дека над 70 проценти од населението се вакцинираше. Бројот на нови инфекции го достигна врвот во август, кога имаше над 25.000 дневно, како резултат на брзото ширење на Делта варијантата на вирусот. Од почетокот на пандемијата, во Јапонија починаа над 18.000 лица од ковид-19. За да се спречи…
И натаму е трицифрен бројот на новозаболени со ковид-19 во државата, откако вчера беа регистрирани нови 454 заразени. Сметајќи ги и нив, во моментот во Македонија се активни над осум илјади случаи. Досега во земјата се направени вкупно 1.407.769 милиони тестирања за ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.077, оздравеа 190.806 пациенти, а починаа 7.232 лица. Бројот на активни случаи е 8.039. Согласно последниот извештај на Министерството за здравство (МЗ), најмногу новозаболени има во Скопје, потоа во Битола, во Прилеп, во Куманово и во Штип.
Се верува дека странски сајбер-криминалци биле вмешани во хакирање на девет организации за одбрана, за енергија, за здравство, за технологија и за образование, јави „Си-Ен-Ен“. Телевизиската мрежа цитира податоци од „Пало Алто Нетворкс“ (Palo Alto Networks), специјализирана за информатичка безбедност, при што се вели дека најмалку една од засегнатите организации се наоѓа во САД. Во конкретниот случај, наводните криминалци украле лозинки за да имаат долгорочен пристап до релевантни компјутерски системи, рече Рајан Олсон, портпарол на „Пало Алто Нетворкс“. Ова ќе им овозможи на хакерите да пресретнат доверливи информации испратени по електронска пошта или складирани во компјутерите на нападнатите организации.
Силна експлозија вечерва одекна во централниот дел на главниот град на Ирак, јави локалниот ТВ канал „Алсумарија“. Инцидентот се случил во близина на престижната област Ел-Карада, која е дел од специјално заштитената „зелена зона“, каде се наоѓаат главно странски амбасади и владини агенции. Други детали за инцидентот сè уште не се соопштени. Претходно во Багдад беше извршен обид за атентат врз ирачкиот премиер Мустафа ал Кадими. Неговата резиденција која се наоѓа во „зелената зона“ била нападната од вооружени дронови. Шефот на ирачката Влада не е повреден и веднаш бил евакуиран на безбедно.
Најновиот декрет на владетелот на Абу Даби им дозволува на немуслиманите да го регулираат својот брачен статус поинаку од претходно, а од денеска ќе можат да се венчаат, да се разведуваат и да имаат заедничко старателство над децата според одредбите на граѓанскиот закон, објави државната новинска агенција. Тоа е еден од последните потези на Обединетите Арапски Емирати (OAE), земја во која брачниот статус е регулиран според строгите шеријатски принципи, за одржување на конкурентноста како регионален трговски центар. Според декретот на владетелот на Абу Даби, шеикот Калифа Зајед ал Нахаџан, кој воедно е претседател и на федерацијата на седум емирати на…
Јапонската Влада планира да усвои нов пакет на финансиска поддршка за економијата и за луѓето погодени од ширење на коронавирусот, вреден над 265 милијарди долари, објави новинската агенција „Кјодо“. Планот вклучува еднократен додаток од 100.000 јени за секое дете под 18 години за сите семејства кои живеат во земјата. Се очекува одлуката официјално да биде објавена на 19 ноември. Претходно беше најавено дека право на еднократна исплата ќе имаат сите семејства со деца, без разлика на нивниот приход. Владата, исто така, размислува да му даде на секој жител на земјата поени во вредност од 265 долари (30.000 јени). Тоа е…
Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира дека во последните 24 часа се регистрирани 454 нови случаи на ковид-19 во државата, починале 14 пациенти, додека 236 оздравеле. Новите 454 случаи се регистрирани преку 3.019 тестови и тоа во Скопје – 187, во Битола – 37, во Прилеп – 32, во Куманово – 30, во Штип – 29, во Кавадарци – 25, во Велес и во Тетово – по 17, во Охрид – 12, во Кочани и во Пробиштип – по 9, во Крива Паланка и во Ресен – по 7, во Неготино – 5,…
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција пред седиштето на партијата се појави со новоизбраните градоначалници на општини на локалните избори. Неговото обраќање до јавноста накусо беше прекинато поради, од неодамна, првиот човек на Кочани, Љупчо Папзов кому му се слоши. Папазов, сепак, набрзо дојде при себе и неговата состојба се стабилизира што беше причина за Мицкоски да се огласи со пост на Фејсбук во кој ги објасни причините за прекинот на прес-конференцијата и нагласи дека сè е во ред со кочанскиот градоначалник. На денешната прес-конференција за миг му се слоши на Љупчо Папазов, градоначалник на Кочани. Се е…
Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани и ОВР Свети Николе ги лишија од слобода A.J. (37), И.Н. (34) и И.Д. (36), поради постоење основано сомнение дека се сторители на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) посочија дека по претходно добиена наредба за претрес на дом и помошни простории, извршен е претрес во неколку објекти на подрачјето на ОВР Свети Николе, при што била пронајдена и одземена поголема количина на марихуана. По…
Не сме загрижени за ситуацијата со опозицијата. За нас се приоритет државните, а не партиските интереси – да го решиме проблемот со Бугарија, да функционира земјата во нормална состојба, изјави денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети пред средбата на партиското раководство во Тетово. Како што рече Ахмети, ДУИ е отворена за разговори со сите кои се про ЕУ и НАТО, но нема комуникација, ниту ќе има со оние што негуваат анти НАТО, анти ЕУ и антиалбанска филозофија. Демокртатски е, смета Ахмети, некој да има мнозинство од 61 пратеник, но сосема друго е стратегија, концепт и иницијатива. На новинарско прашање дали…
Уште во првите денови од мандатот, градоначалниците на Мицкоски го покажаа своето вистинско режимско лице, се вели во соопштението на СДСМ што следуваше непосредно по прес-конференцијата на лидерот на опозициската партија. Се бркаат луѓе од работа во Јегуновце, прекинати се договори за работа на лица ангажирани и во други општини. Наместо да се чистат, се трупаат дивите депонии во општините Ѓорче Петров и Бутел. Не се почитува Уставот, наместо интересот на граѓаните се тера политиканство во Штип, во Кисела Вода, во Аеродром. Значи едно зборуваат од ВМРО-ДПМНЕ а сосема друго прават, се наведува во дописот на владеачката партија до медиумите. Останува фактот,…