Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција пред седиштето на партијата се појави со новоизбраните градоначалници на општини на локалните избори. Неговото обраќање до јавноста накусо беше прекинато поради, од неодамна, првиот човек на Кочани, Љупчо Папзов кому му се слоши.

Фото: facebook.com/MickoskiHristijan

Папазов, сепак, набрзо дојде при себе и неговата состојба се стабилизира што беше причина за Мицкоски да се огласи со пост на Фејсбук во кој ги објасни причините за прекинот на прес-конференцијата и нагласи дека сè е во ред со кочанскиот градоначалник.

На денешната прес-конференција за миг му се слоши на Љупчо Папазов, градоначалник на Кочани. Се е во ред. Интензивен период беше и тоа си зема данок. Поминавме многу, ќе поминеме уште повеќе. Сложно и братски. А, тој ќе мора да вети, покрај другите работи на кои се обврзавме денеска, дека нема да го прескокнува појадокот. Продолжуваме за новата иднина во која веруваме, напиша Мицкоски на Фејсбук.